Така, светите подвижници ни сведочат дека секој човеков пад во грев се одвива постепено. Првиот степен е предлогот, кога не сакајќи, против нашата волја, во душата влегуваат грешни претстави и поттикнуваат, преку надворешни или внатрешни чувства, или преку фантазиите. Ова е безгрешно и само е повод и можност за грев; и најголемите светители во најсветите времиња често биле подложни на демонските предлози и биле принудени да се борат со нив.
И сега над Јорданските води се јавува Бог, Едниот во Троица: Отецот – во гласот, Синот – во тело, Духот Свет – во вид на гулаб. А што врши Тој во тоа Свое јавување? Тоа создава нов свет и сé обновува, како што се чита и во претпразничниот тропар: “се јави, сакајќи да ја обнови целата твар”, односно, да создаде нов свет, различен од првиот. “Древното помина – вели Светото Писмо – ете, сé стана ново”!
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства.
Кај многу луѓе, кои ретко доаѓаат во црква, се создава некој потрошувачки однос кон црквата. Доаѓаат во храмот, на пример, пред големо патување – за да запалат свеќа за секој случај, за да не им се случи нешто на патот. Навраќаат на две минути, брзо ќе се прекрстат неколку пати и откако ќе ја стават запалената свеќа, си заминуваат.
Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.
Во овие три дена: Велики Понеделник, Велики Вторник и Велики Среда се извршува чинот мироварение – тоа е определеното време кога се подготвува и деноноќно се вари мирото, кое содржи над 40 разновидни миризливи сосотојки како дар од богосоздадената природа. Се вари без застој, дење и ноќе, а во текот на варењето непрестајно се чита Евангелие. Така подготвеното миро се осветува и се добива светото миро, за миропомазување и за осветување.