СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (08.01.2015)
И раѓањето на Господа Христа во Витлеемската пештера, малкумина го разбрале и поверувале дека е роден Спасителот на светот. И оние мудреци, што ќе дојдат од исток и коишто ќе Му принесат дарови, злато, смирна и ливан, и пастирите, тие пристапуваат кон младенецот поклонувајќи Му се, но, повеќе како кон цар кој ќе го избави Израелскиот народ од туѓинското ропство. Но, св. Дева Марија е единствена којашто знае и верува дека роденото од нејзината утроба, не е обично дете туку е Богомладенец.