Нашиот Старец, Архимандрит Партениј, избран за епископ (Архива)
Денес, Светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов, којшто во црковното предание е нарекуван уште и „Апостолот на љубовта“ и чијшто спомен го славиме, си избра еден нов апостол на љубовта Христова, удостојувајќи го нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, да биде едногласно изгласан од страна на светите архиереи од Свештениот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија и да го прими благословот на највозвишниот и свет, апостолски архиерејски чин.