Преподобен Анатолиј Оптински - Поука (23.08.2015)

Бог Сам живее во оној човек, кој има мирно срце. Главно: сметај се себеси за полош од сите, не барај ни љубов, ни чест од никого, а самата имај го тоа кон сите – и ќе го подобриш светот! А што ќе почнеш да бараш, другите да те забележат или да ги видат во тебе твоите заслуги и добродетели, тогаш збогувај се со душевниот мир.










о молитвата не очајувај ако не гледаш успех. Прочитај го во Лествицата 26-то слово, 60-та глава, и уште 28-то слово од 29-та глава. Пишуваш, дека јас сум се нашол да те учам со ум и разум; но тоа не е така. Како можам да ги учам другите, кога и самиот одам со напипување и се сопнувам, а ако слепец води слепец, и двајцата ќе паднат во јама.








Бродот-црква секојдневно ќе патува во оддалечените населени пунктови на Новосибирската област, каде што нема пристапни патишта за воз или автобус. Владиката ги благослови учесниците во акцијата, посакувајќи им радост и утеха во претстојното дело. „Оваа благородна акција го исполнува нашиот народ со чувство на сострадалност и взаемна помош“, рече Митрополит Тихон.
Преображението ни ја открива целта на покајанието, учество во Христовата несоздадена светлина. Господи, добро ни е да бидеме тука...
























