Ретроспектива (2005-2020): Да љубиш, без да бараш
Таа е совршенство, бидејќи Бог нашиот Првообраз е вистинска љубов. Бог е љубов. Но љубовта има уште еден аспект – мачеништвото. Мачеништвото за љубовта е поголемо од сите други маченички подвизи. Христовото мачеништво е во Неговата голема и совршена љубов кон светот. Кога Тој се молел во Гетсиманската градина рекол: „Отче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша“ (Мат. 26:38) Тој немал во предвид да Не умре и да не биде распнат на Крст за нас,






Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние се самооправдуваме, објаснувајќи што и како се случило – без да бидеме прашани.
Слепченскиот манастир отсекогаш бил чувар на словенската писменост, и во тоа древно светилиште на најдејствителен начин продолжила Кирилометодиевата духовна дејност за просветување на словенскиот род. За ова сведочат безбројните зачувани ракописи, почнувајќи од 11 век, кои се пишувани од различни генерации на монаси, а верификувани со непроценлива вредност, како по содржина, така и по изведба, калиграфија, корици, орнаментика, украсни иницијали, а денес ги красат странските библиотеки и музеи, пред се во Русија, Бугарија, Украина, Србија, Хрватска, Света Гора.
Затоа низ нашата лична борба кога ќе се сретнеме со Божјата благодат, тоа што го нарекуваме ад, многу лесно може да се преобрази во рај. Во младоста Ефрем минал низ многу неуспеси, горчини, неволји. Гледате и младоста многу пати носи една внатрешна болка. Отец Ефрем, тогаш Евангелос, сакал да се запише на училиштето за воени пилоти „Икарон“, но не го примиле бидејќи имал лесна форма на срцебиење, која, тогаш, можеби била и моментална поради тремата од приемниот испит.
За да се научи на понизност. Бог допушта искушенија за да стекнеме смирение и поголема благодат. Добивката ќе биде наша. Не е важно од каде доаѓа искушението, но важно е да го надминеме. "Покорете му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас" Јаков 4, 7-8). Смирувајќи се ние му се спротивставуваме на ѓаволот, а во исто време се приближуваме кон Бога. Не постои друг начин да се соединиме со Христос освен преку љубовта. Само преку неа ќе ја стекнеме победата.
Најпрвин да видиме што е тоа трансхуманизам. Од Википедија прочитав дека трансхуманизмот е меѓународно интелектуално движење, чија што цел е да ја преобрази човечката состојба, преку развивање и создавање на широко достапни софистицирани технологии за значително да ги зголеми човечките интелектуални, физички и психолошки капацитети. Претставниците на трансхуманизмот ги проучуваат потенцијалните придобивки и опасности од новојавените технологии,
Првосоздадените не ја запазиле Божја заповед и отпаднале. Нивниот пад ги довел во незавидна положба. Побрзале веднаш да се сокријат себеси и својот престап од Бога. И кога Бог го изнел на светлина она што тие се беа обиделе да го сокријат, тогаш се лизнале во поголем престап.
Приказна 2: Си беше еднаш еден човек што рече: „Порано големи луѓе живееја во мали куќи, а сега мали луѓе живеат во големи куќи“.
Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.
Прославувањето на новата година како што денес се слави не е некоја новина туку потекнува уште од стариот Вавилон, а неговите почетоци се регистрирани околу 2000 години пред Христовото раѓање. Во Светото Писмо на ниту едно место не се заповеда празнување на таков празник, ниту Адам славел, ниту некој од старозаветните патријарси, ниту пак Мојсеј или некој од неговите следбеници.
Светот е полн со луѓе кои се плашат да го направат првиот чекор, да донесат одлука, да дејствуваат без да анализираат премногу. Потребно е да го здобиеме тој мажествен дух и да не се плашиме премногу од животните предизвици.
Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе, помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт. Ова дело бара голема присилба, затоа што се тесни вратите и тесен е патот што води во животот и
Ајде да се задлабочиме во една слика од Новиот Завет. Таму гледаме една жена, крвоточива, која била осудена и од религиозната средина во нејзината епоха, но и од медицинската наука. Таа брза да го сретне Христа, буквално паѓа зад Христос, започнува да ползи меѓу луѓето и се обидува да се допре со прсти, со уста, до крајот на облеката на Христос. Тоа е оној дел од неговиот хитон кој се влечел по земјата, во калта, во прашината.
Знаете ли што направила крвоточивата жена? Знаете ли колку бодликава жица, колку граници морала да помине за да стигне до Христа? И што правела? Ползела по земјата. Така само ќе ја поминеш бодликавата жица – и твојата, и таа на другиот. Така ќе го сретнеш Бога и ќе Му ја покажеш својата верност, така ќе го сретнеш и другиот човек… само ако ползиш, ако се смириш. Смирението не е некаков декоративен елемент во животот на човекот, туку неопходен кислород за неговата
Му се молам на Бога секогаш да чекорите по вистинскиот пат во монашкиот живот. Не заборавајте со каков непријател водиме војна, затоа не треба површно да го бараме спасението. Присилувајте се самите себе. Размислувајте за причините поради кои пристапивте кон монаштвото. Ги напуштивме родителите, браќата, сестрите… Но ако не ја напуштиме својата волја, ако не бидеме послушни и ако не го отсечеме самоволието, нема да најдеме милост за нашите души...
Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.
Да научиме да велиме „Слава Ти, Боже“. Да не бидеме неблагодарни. Неблагодарноста е ужасно нешто. Постојано се жалиме, мрмориме, сакам ова, сакам она, зошто немам ова, зошто немам она, а за она што веќе го имаме не велиме „Слава Ти, Боже“. Не сме способни да кажеме едно „Слава Ти, Боже“ за даровите што ни ги дал. Како тогаш го применуваме тоа „благодарете за сѐ“ што ни го заповеда апостолот Павле?
Ел Греко е можеби единствениот претставник на фигуративното сликарство кој создаде толку убедлива бестелесна симфонија од движењата на човечките тела. Тој од телесниот свет, ги пресели во Вечност. За разлика од уметноста на Микеланџело Буонароти, во која и покрај боженствената визија во фреските „Создавањето на светот“ и „Страшниот суд“, тој во ниту еден момент не заборави дека е сликар, скулптор, анатомски прецизен научник на телото.
























