Венко Андоновски: Мојата генерација ја посрамоти младоста
Еднаш, не знам кога, младите со занает и чест, ќе му стават крај на тој магиско-шарлатански принцип, убеден сум.
Мојот гимназиски професор по математика, Младеновиќ, често ни велеше: „Малолетни сте, не малоумни. Не мора да бидете мудри, доволно е да не бидете малоумни“. Мојата генерација ни во тоа не успеа. Ама по нас не е – потоп. Има кој ќе успее.