Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.
Митрополит Атанасиј Лимасолски: Широкото срце на Православието – II дел
Несовршениот, злобниот, незадоволниот човек е агресивен и затоа чувствува несигурност, чувствува дека верата му е во опасност. Зошто твојата вера да е во опасност? Ти дали си Му адвокат на Бога? Ти ли ќе Го заштитуваш Бога?