Во МАНУ, oтворена изложба на икони на Дичо Зограф (16.10.2019)
„Дичо Зограф е навистина своевиден феномен. Човек со неверојатна дарба и талент. Прво затоа што самиот бил голем мајстор за изработка на боите. Сам ги изработувал, боите, лаковите, пигментите, како и растворите за бои. Второ затоа што тој изработувал икони што се препознатливи со својата автентичност, оргиналност и со својот раскош и трето затоа што создал едно импозантно дело. Неверојатно за еден период што не траел ни цели тридецении.