Свети Јован Лествичник - Поука (06.12.2020)
Кога ние, по некое покусо или подолго време откако сме ги напуштиле своите ќе стекнеме извесна мала побожност, умиление и воздржливост, тогаш суетните мисли ни пристапуваат и ни предлагаат да се вратиме во својот роден крај, заради поука, за пример и духовна полза на многумина луѓе коишто порано ги гледале нашите беззаконија. Ако притоа сме украсени и со дар на говорништво, а имаме и по малку духовно знаење, тогаш ѓаволите ни советуваат да се вратиме во светот како учители и спасители,