Митрополит Струмички Наум - Скриена демонизираност (11.11.2017 )
Значи, зошто не Го примаме Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои излегува дека ни се поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа поважни свињите (т.е. имотот), поради страстите среброљубие и сластољубие, отколку Христос. А овие страсти се оние што се нарекуваат погруби и преку кои демонот најнапред напаѓа.