Житие на свети Теофан Затворник
Вдлабочувајќи се сѐ повеќе во смислата на пустинското подвижништво, Епископот Теофан во 1872 година започна да живее затворнички живот. Ги прекина допирите со луѓето и престана да оди во манастирскиот храм на богослуженија, затворајќи се во посебно катче на пустинските престојувалишта, поради што е и наречен Затворник.