На Литургијата, по покана на Архиепископот, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со свештенослужители од Соборниот храм, како и со протопрезвитер-ставрофор Петар Лукиќ и протоѓакон Радомир Перчевиќ од Српската Православна Црква.
Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи,
телото наше го зеде но Бог по суштина остана,
мачениците Твои Маркијан и Мартириј, вистинската вера ја испишуваа,
но не само на хартија туку и со своите животи ја посведочија.
Да научиме вистински да живееме во Црквата. Со звукот на камбаните, со темјанот и свеќите, со коленопреклонувањата и бденијата, со постите и празниците, со радосната тага и покајанието, со духовните песни и тивките молитви. Во Црквата коегзистираме блудници и девственици,
Свети Јаков беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пречиста Дева. Од својата младост го беше засакал строгиот живот и никогаш не јадел маст ни зејтин, ниту употребувал разни јадења. Живеел само на леб и вода. Исто така никогаш не пиел ни вино, ниту некаков друг пијалок.
“Гледаме дека богатиот нема име, а сиромавиот има – Лазар, односно гледаме дека првиот нема личносен однос со Бог, а вториот има. Гледаме дека преку себичните уживања од овој свет се стигнува до пеколот, а дека преку трпењето на страдањата со благодарност се стигнува до Рајот.
-Андреј, каде си? Тој му одговори: -Во мрак и сенка смртна (Пс. 87, 7). Тогаш момчето го допре со расцветаната гранка Андреовото лице и рече: - Прими го оживувањето на своето тело. Свети Андреј го помириса тоа цвеќе. Неговиот мирис веднаш му се разлеа во срцето и целото тело за миг му се стопли и оживеа. Потоа слушна глас, кој говореше:
И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на мојот Син;
таму е иконата „Радост на сите тажни“.
Свештеникот нека се помоли пред таа икона и ќе оздравиш.“
Ефимија направи така и веднаш стана наполно здрава.
Кога Господ Исус Христос умираше на Крстот, Он и во смртните маки се трудеше да им биде од корист на луѓето. Не мислејќи за себе, туку за луѓето, Он издивнувајќи изрече една од најголемите поуки што воопшто му ги дал на човечкиот род. Тоа е науката за простувањето. Оче, прости им, зашто не знаат што прават!
Помнете, дека Бог го укрепува Своето творение, а не ја преисполнува твојата душа со печал. Кога било кој ти дава критика, те навредува, те убива душевно - тој глас не е од Бог. Бог нé укрепува, затоa и и сите итале да отидат кај старците, тие велики старци, кои веќе се станати свети. Овие двајца луѓе се издвојуваат повеќе од сите други - старецот Паисиј и старецот Порфириј.
"Единствено нашите волни и неволни страдања, кои со смирение и благодарност ги трпиме заради заедницата со Богочовекот Исус Христос, се Крст Христов; сите други страдања остануваат без своја смисла.
Одрекувањето од себе го покажува првиот степен од духовниот развој – чистење на срцето од страстите.
„Во последните времиња луѓето ќе ги спасуваат
љубовта, смирението и добротата.
Добротата ја отвора вратата на Рајот,
смирението воведува во Рајот,
а љубовта го покажува Бога.“
Великиот меѓу архиепископите на славната Охридска Архиепископија – светиот Константин Кавасила е вистинска пофалба и украс, не само на градот крај белото езеро, туку и на Православната Црква ширум вселената. Неговиот животен пат е специфичен по многу нешта.
Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците.
Некои луѓе мирисаат на Бога.
Не знам дали ти се случило, но кога ќе им се приближиш
чувствуваш дека тука нешто се случува.
Нешто излегува од овие луѓе;
некоја сила, радост, благодат, светлина.
Откако стана епископ на Црквата и замина по белиот европски свет да ги собере сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молат на Бога во наши храмови и да Му благодарат на Христа Бога за сето тоа, отец Пимен повторно и повторно го бара и го сонува параклисот, и така секоја година.
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај него: „Тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате. Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом - на групи, една против друга, пропаѓа; и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велзевула ги истерувам бесовите.