преподобен Јустин Ќелиски: Да се стане свет, и со душата и со телото...
Живот согласно Евангелието, свет живот, божествен живот – тоа претставува природен и нормален живот за христијаните. Бидејќи христијаните, согласно својот повик, се свети. Таа благовест и заповед е проникната низ целото Евангелие Христово. Да се стане свет, и со душата и со телото, тоа е нашиот повик (види: 1. Сол. 5, 22-23). Тоа не е чудо, туку норма, правило на верата, логика и природа на евангелската вера. Јасна е и прејасна заповедта на Светото Евенгелие: