ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЈОВАН РУСИН, СВЕТИ ДАВИД ЕВИЈСКИ И СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ - ГРЦИЈА
ОД 28 ФЕВРУАРИ ДО 2 МАРТ 2014 ГОДИНА
Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел 031.413.984 или 071.311.014), со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Јован Русин, свети Давид Евијски и свети Нектариј Егински - ГРЦИЈА.
1 ДЕН (28.02.2014 петок): Состанок со групата во 20,30 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и кон граничниот премин Богородица - Евзони (ноќно возење).
2 ДЕН (01.03.2014 сабота): Пристигнувањето на островот Евија е предвидено во утринските часови. Следува заминување за Ровиес и посета на манастирот Свети Давид и поклонување на неговите мошти. Следи продолжување на патот кон Прокопи и посета на храмот посветен на свети Јован Русин и поклонување на моштите од светителот. Потоа патот продолжува кон Атина и островот Егина, следи сместување во хотел и ноќевање.
3 ДЕН (02.03.2014 недела): Будење во 05.00 часот (по македонско време), а потоа заминување во манастирот посветен на свети Нектариј Егински, каде поклониците ќе можат да се поклонат и да се помолат пред неговите мошти. По оваа посета следи враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.800 денари. Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување, автобуски превоз, превоз со траект Глифа - Евија и Пиреја - Егина - Пиреја, платена такса за во пристаниште и едно ноќевање со појадок (ЛАНЧ ПАКЕТ) во хотел (01 март). Последен рок за пријавување е 25 февруари 2014 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: Д.П.П.У. Даро Компани Д.О.О.Е.Л. - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752