На 06-07/25-недела-Месопусна,кога Светата Црква го слави споменот на св.Григориј Богослов и св. Владимир Киевски, во храмот на св.вмч. Георгиј во Криви Дол, во Скопје, се отслужи бдение со Божествена Литургија. (Повеќе)
Свет, Свет, Свет е Господ Саваот!
Светите мошти на св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје
Оној кој живее свет живот, умира со света смрт! Тагата по вистинскиот живот е онаа која не е од овој свет. Тоа е свет во кој нема болка, туку вечна радост и духобно битисување на Троичниот Бог.
И во ова 2010 –то Лето Господово, Бог ни даде нова радост, духовна поткрепа и бескрајна благодат. На 07.02 по благоволението на нашиот духовен отец Партениј и со благослов на блажениот Архиепископ наш отец Стефан, светите мошти на милиот ни преподобен св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје на поклонение.
Од богословијата светите мошти заминаа во црквата св. великомаченик Георгиј во Кривидол.
Таму се служеше сеноќно бдение. Црквата беше полна со народ, при што и наворешните врати беа отворени. И таму целиот народ беше помазан со масло од кандилото кое стоеше покрај светите мошти...Пред светите мошти се поклони и Неговото Бблаженство, г.г. Стефан.
По завршувањето на бдението, во 04 часот наутро светите мошти повторно беа донесени во параклисот на Богословијата и престојуваа до 07 часот наутро. Речиси за сето време во тие утрински часеви се читаше Акатист и се пееја пофални химни кон преподобниот. Во 07 и 30 наутро свечено со литија и со биење на камбаната светите мошти беа донесени во црквата Св. Спас во Драчево, каде што престојуваа за време на утрената и светата Литургија. Беа поставени во средината на црквата. Храмот беше полн со народ кои дојдоа да се поклонат на преподобниот. По Литургијата целиот народ беше помазан со масло од кандилото и пак со литија беа испратени кон црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче. Таму престојуваа еден час, при што за сето време врвеше верниот народ, поклонувајќи се пред светите мошти и се читаше Акатист.
Враќањето на светите мошти во Бигорскиот манастир повторно беа пречекани со биење на сите камбани и беа вратени во црквата на светиот престол.
Радоста на сите, на целиот народ беше голема! Сите се радуваа на преподобниот, од радост плачеа и молитви му упатуваа. Секаде каде што пристигаа светите мошти торжествено, молитвено и радосно беа пречекувани.
Овој настан на светото поклоние да се запише како сведоштво на сè она кое се случи и да се празнува како спомен на литијното поклонение на светите мошти на св. Серафим Саровски. Амин!
Жар ангелски
Сè со радост примајќи, со ревност
поучувајќи и силно прегрнувајќи го
народот го испраќаше.
Равноста твоја гореше за Христа да го носиш
и целиот собитијно да Му се предадеш.
На бедните татковски им помагаше,
а на горделивите со глава
наведната смирение им покажуваше.
Милитвено гореше кон Небесата и името
СЕРАФИМ
го носеше, со живот ангелски на
земјата се прослави.
Во Саров ти тихуваше и секој ден
словото Божјо во луѓето го сееше,
а денес ние твојот спомен со
славиме и на твоите свети мошти
литијно се поклонуваме!
РАДУВАЈ СЕ ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМЕ,
САРОВСКИ ЧУДОТВОРЧЕ!
Богослов
Стојанче Андов
Божествена Литургија во Св. Спас, н. Драчево, Скопје (07.02.2010) - Повеќе
Благодат се изли и врз Скопје (1) (06.02.2010)
Известуваат:
- учениците од МПБ
- сестрите од манастирот во Рајчица
Друго:
- ЌЕЛИЈНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ
- Св.Серафим Саровски - МАЈКАТА БОЖЈА - РАНА НА ДЕМОНИТЕ
- Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (3)
- Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (2)