Драги наши,
синоќа во Градската уметничка галерија беше отворена првата изложба на фотографии на отец Гаврил насловена „Во мир и тишина“, во организација на Фондација Елеуса.
Благодарност до отец Гаврил кој одлучи циклусот „Фотографски записи на еден монах“ да го отстапи на нашата Фондација, а средствата собрани од продажбата на фотографиите да бидат наменети за помош на Детското одделение при Општата болница во Струмица.
Благодарност до сите Вас кои дојдовте и одлучивте да купите фотографии, а со тоа да бидете дел од хуманата акција.
Сите Вие кои сакате да учествувате во донаторската мисија, може да ја посетите Градската уметничка галерија во Струмица во периодот од 10 до 14 часот и од 19 до 22 часот.
ФБ на