Тропар
Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да го крстиш во водите Оној за кого што тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема.
Телото твое падна под ударите на зловерието, но душата пат проби во нејзиното очистување, закрепена од благодат Христова, до Небесното Царство, о Анастасие свет мачениче. Од верата не откажувајќи се, нас молитвено не поведе кон Спасителот на сите, пред Кого и сега моли за наше спасение.
Кондак
Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот.
Светата Литургија е опит од Бога
„За многу години св. Јован.
Денес да го доживуваме Крстителот како праслика на црквата која е совест на општеството, како св. Јован што му бил совест на Ирода, но и која низ историјата е постојано замолчувана или ставана на периферија на општеството и која често била мета на желба за нејзино уништување и убивање од разни власти, каква што била и желбата на Иродијада.“