логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

img_2962

 

Промотивно слово на книгата„Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“ 

Книгата „Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“ е напишана во 1982 година во Рим од митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, како завршен труд од магистерските студии на тогаш (но и сè уште) најпрестижната римска црковно-просветна институција – Понтификалниот универзитет Грегоријана. Со тоа се заокружуваат неговите студии на Институтот за духовност и така се вбројува во малубројната група на тогаш најучените македонски теолози. Потребно е да се истакне дека трудот е работен и одбранет под раководство на проф. Томас Шидлик, кој подоцна ќе стане и кардинал, еден од најеминентните професори и познавачи на патристиката и на источно-православната теологиија, а воедно и докажан, искрен и долгогодишен пријател на Македонија и македонскиот народ.

Печатеното издание претставува внимателен превод којшто скруполозно го следи италијанскиот оригинал, дури и во формата. Во него не е ништо додадено, ниту одземено, а текстот е претставен во идентична форма, до точка, така како што е напишан на италијански пред скоро цели 35 години, години коишто денес се повод за свеченото одбележување на годишнината од архиерејската служба на авторот. Објавувањето на пишаниот труд на македонски јазик, пак, се случува кога, според Божјата промисла, ќе се исполни времето.

А Божјата промисла е неиспитлива и чудни се Божјите патишта. Кој може да разбере зошто беше потребно да минат десетици години од Христовата проповед, распетие и воскресение, за да бидат вписмени четирите евангелија? Од друга страна, пак, познато е дека евангелската порака Христос и апостолите најнапред ја пренесоа на својот народ, а дури потоа и на останатите народи.

Овде, пак, обратно, по истата таа Божја промисла, ова четиво најнапред го слушнаа и читаа надвор од Македонија, а понашено на македонски јазик, се појавува дури денес! Така и ова слово за свети Климент го чекало своето време и било потребно да не собере и да се открие во годината на јубилејни празнувања: 1100 години од блаженото упокојување на Орхидскиот чудотворец, кому книгата е посветена, а и 35 години од епископската служба и 70 години од раѓањето на авторот.

Чуден е патот на свети Климент, а не помалку и оној на писателот на оваа книга. Уште од млади години свети Климент ги придружува светите браќа за време на нивните мисии. Веројатно тој учествува и во подготовките за најзначајната мисија со којашто тие оставија неизбришлива трага во светската историја, а посебно во историјата на словенските народи. Тој ги преживува сите искушенија и премеждија со останатите собраќа во Моравија, каде наместо да бидат добредојдени и прифатени, тие се и злодојдени и злоиспратени. За прв пат по долги години на напорната и мачна мисија во Моравија, првиот значително позитивен пресврт се случува во Рим, кога папата Адријан II ги прифаќа образложенијата на словенската мисионерска група, го благословува словенскиот јазик и словенското писмо и како потврда на тоа во базиликата Санта Марија Маџоре за првпат се гласи словенска песна и на словенски јазик се служи служба. Се чини дека Бог конечно погледна на маките и страданијата поднесувани во Негово име и дека конечно е добиена видлива потврда и признание за сите напори и жртви, па и благослов за успешно продолжување на мисијата. Но, токму во тие моменти на духовно олеснување и најголема радост, повторно според неразбирливата Божја промисла, Бог решава да го прибере при себе свети Кирил, изумителот на новото писмо, неуморниот работник, енергичниот филозоф, умот и двигателот на групата. Само на момент, да се обидеме да се навратиме во тие времиња и погледнеме во од тага и бол скршените браќа и собраќа, кога едно големо „зошто“ останува без одговор, кога единствената утеха се наоѓа само во цврстата вера и доверба во Бога, во силната убеденост дека ништо не се случува надвор од Божјата промисла, колку и да е тоа тешко, болно и неразбирливо. Семејната трагедија прави пресвртница во животот на тогашниот о. Јован и во Рим го одведува писателот на оваа книга, кој истата таа година станува Петар, земајќи го на себе името на првоапостолот и првиот епископ римски. Свети Климент Охридски, пак, името го добива по светиот маченик Климент, ученик на апостол Петар и четврт по ред епископ на Рим, коешто се случило најверојатно при неговото ракополагање во свештенички чин во некоја од римските цркви. По привремениот престој во Рим, обајцата се враќаат во нашите краишта како учители и епископи. Свети Климент ќе дојде во Кутмичевица и во Охрид ќе ја основа првата организирана образовна институција на словенски јазик, а по неколку години ќе биде хиротонисан за епископ и така ќе стане првиот словенски архиереј. Владиката Петар, пак, неколку години ќе предава на Богословскиот факултет во Скопје, а истовремено ќе биде поставен и за надлежен архиереј на епархијата со која раководи еве веќе цели 35 години.

Тоа значи дека неслучаен е изборот на митрополитот Петар да пишува за свети Климент Охридски токму во Рим, каде патиштата чудно им се испреплетуваат, да пишува за неговата духовност и теологија врз основа на од него и за него запишаните сведоштва. А свети Климент, самиот е богата ризница и неисцрпен извор, и за него, колку говорат неговите пишани дела, уште повеќе говорат од него сторените дела. Веќе беше спомнато дека тој е основач на Охридската школа, која ние често ја именуваме како „првиот балкански и европски  универзитет“, низ која ќе минат дури 3.500 ученици. Бројот е импозантен и за денешните, но уште повеќе за тогашните времиња, а тоа секако дека индиректно сведочи за исклучителните организациони, но и анимирачки способности на светиот учител од Охрид. Секако дека желбата за ука и запознавање со новото писмо значително придонеле кон зголемениот интерес, но без сомнение, најголем удел во привлекувањето и прифаќањето на учениците, но и нивото задржување, зголемување, па и понатамошно ангажирање во црковната свештена и просветителска дејност, има свети Климент. Ова е веројатно прилика да си спомнеме и за сите негови, повеќе незнајни отколку знајни соработници, учители и свештеници, кои, споделувајќи ја неговата ревност и желба за распространување на евангелските и светотаински вистини кои водат кон Христа и кои ја градат и надградуваат Црквата, самите за навек се вградиле во рамноапостолското црковно-просветителско дело. За тие и таквите светоклиментови духовни подвизи пишува митрополитот Петар, и тоа со почит и радосна јасност, во првиот дел од својата книга, која го проследува целиот живот на светителот, се до неговото блажено упокојување. Во таквиот книжевен потфат, тој постојано се навраќа и ги набројува различните мислења на научниците и нивните претпоставки околу бројните нејаснотии, но сето тоа без да го отежнува текстот, давајќи на крајот свој став и свое мислење. Најголемиот дел од книгата, разбирливо, е тематски посветен на учењето на свети Климент. Таа е поделена во неколку групи, но првата започнува со светиклиментовата мисла за она коешто и царот Соломон го беше побарал од Бога – а тоа е вистинската мудрост. По нив, разбирливо следат нераздвојните од мудроста и меѓу себе – љубовта, верата и надежта. Забележливо најголем дел од книгата се задржува на молитвата, за што свети Климент размислува и поучува врз основа на личниот опит и црковната потреба. Посебно е издвоено светиклиментовото инсистирање на заедничката молитва, истакнувајќи го притоа исклучителното значење на евхаристиската молитва. Како услови на молитвата, тематски се обработуваат светиклиментовите размисли за братската милост, гостопримливоста, милостината, правилното однесување кон земните добра. Последниот дел од книгата се задржува на највозвишените теми посветени на аскезата како услов за молитвата, па тука се говори за очистувањето, за постот, за гревот и покајанието, за молитвеното тихување.

Без сомнение, книгата содржи сериозен научен приод кон една исклучително значајна тема како што е духовната доктрина на свети Климент, но тоа не му пречи на авторот да користи чист и јасен збор, та да биде читлива и разбирлива не само за книжевните научници, туку и за секој читател. Значаен придонес кон разбирливоста и јасноста на текстот  се должи на квалитетниот превод направен од м-р Момчило Павловиќ, професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево.

Книгата е молитвен спомен за големиот учител и просветител, чудотворец и светител, но и израз на благодарна почит за сето тоа што свети Климент го има сторено за сите народи, но посебно за нашиот народ и Црква. Тој е наш патрон и духовен родител, а нему, како и на телесните родители, ние не можеме никогаш да им се оддолжиме, но не смееме да престанеме да се обидуваме тоа да го чиниме. Затоа што преголем е дарот којшто Свети Климент ни го оставил во наследство, кој со себе носи и аманет за незаборав за навек.

Во годината кога се одбележуваат 1100 години од блаженото упокојување на свети Климент, нека се честити годишнините на авторот на ова дело – Неговото Високореосвештеснтво, Митрополитот Петар, со искрени желби, Семилостивиот Господ да му дарува со мудрост, сила и трпение уште долги години да раководи со оваа епархија, а секоја следна годишнина да биде одбележана со ново авторско издание. На многу години! 

проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски


декан на Православниот богословски факултет, Скопје

Извор:

http://www.pppe.mk/2016/35-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%bb%d1%83%d0%b6%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%be%d0%bf/#more-10397



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная