логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

img_2539

 Нема поубав крај за една година, од тоа таа да заврши со настан како денешниов! Ете, по промислата Божја, како род и генерација се удостоивме да одбележиме таков јубилеј каков што беше годинашниот – 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски. Во низата настани кои како Црква и народ ги организиравме по тој повод, го додаваме и денешниов – промоцијата на преводот, на современ македонски јазик од црковнословенски, на Месечните богослужбени минеи.Ретко кој народ, ќе се осудам да кажам – особено никој од словенските народи, ги има преведено на својот современ јазик Минеите, но и другите богослужбени книги, како Цветниот и Посниот триод, Октоихот, Ирмологиј онот, па дури не постои ни книга-избор на богослужби на современ јазик за светителите кои имаат најголем култ, како што, еве, имаме ние – македонскиот народ и Македонската православна црква. Овој факт укажува на нашата предаденост на активното проповедање на словото Божјо и во унапредувањето на мисијата на нашата света Црква. Делово што е пред нас, е уште еден доказ дека МПЦ е жива Црква, која вложува многу во живото сведоштво на христијанското предание.А за да биде нашето сведоштво живо, тоа мора да биде блиску до народот, да биде разбирливо за народот. Таков аманет имаме уште од свети Климент, кој неуморно се вложи во продолжувањето на делото на своите учители – светите браќа од Солун, во чија мисија, основно им беше тоа – да се проповеда на разбирлив јазик! Уште тогаш тие ја почувствуваа потребата на времето, а еве и ние денес го продолжуваме нивното дело.Преводот на овие богослужбени книги на современ македонски јазик има многустрана вредност:Прво, ова значи исполнување на заповедта што нашиот Спасител Господ Исус Христос им ја предаде на Своите ученици – апостолите, а со тоа и на сиот црковен клир до денес, при Своето преславно вознесение: Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал.[2]

Тоа научете ги и учејќи ги, означува дека предавањето на спасоносната наука треба да се врши на достапен начин, со средствата што ќе бидат блиски за слушателите, со зборот што ќе е разбирлив.Впрочем, за да ја исполнат оваа Христова заповед, односно за да можат да го проповедаат спасителното евангелско слово по сите краишта на земјата и кај сите народи, на денот на Педесетницата, апостолите, примајќи Го Светиот Дух, го добија дарот на јазиците. Значи првото дејство на Светиот Дух било токму во тоа – апостолите да можат да зборуваат на други јазици, од што јасно произлегува фактот дека Евангелието е наменето за сите народи. И апостолот Лука, веднаш по описот на примањето на дарот на јзиците, нè воведува и во неговото конкретно остварување: И сите се исполнија со Дух Свети и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат… Кога се чу тој шум, се собра многу народ и сè се збрка, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик.[3]Моментот на Педесетницата и слегувањето на Светиот Дух во вид на огнени јазици, во прв ред, укажува на истоветноста, т.е. на непостоењето на разлика меѓу Христовото и делото на Светиот Дух, и обратно. Во таа насока, големиот отец на Православието, свети Григориј Палама, ќе забележи дека настанот на Педесетница ги покажува единочесноста и единославноста на Светиот Дух со Христа. Зошто? Објавувањето на Светиот Дух во вид на јазици ја покажува соприродноста на Духот и Логосот Божји, а нема ништо посродно со словото од јазикот.

Од друга страна, пак, Светиот Дух им се дава на апостолите во вид на јазик, за да се покаже дека учителот на вистината има потреба од облагодатен јазик. А дека јазикот, односно словото, проповедта на апостолите беше благодатна, потврдува и фактот што овој дар беше предаден во вид, односно како огнен јазик, што укажува на двојното дејство на апостолската проповед – дека таа ќе ги осветлува оние што ќе ја примат, а ќе ги гори тие што нема да поверуваат. Токму затоа горната одаја на Педесетница е спротивност на Вавилонската кула.[4] Таму јазикот разделуваше, овде јазикот соединува!Втората вредност на делото што е пред нас, несомнено, за нас, македонскиот народ, значи продолжување на делото на светите Кирил и Методиј и на нивните ученици, во прв ред на свети Климент и свети Наум. Со овој превод, ние како да се вклучуваме во нивното дело, како да се удостоивме со дарот да го продолжиме истото, со истите средства и на истиот начин. Преводот на Минеите и другите богослужбени книги се јавува во особен период со специфични околности, подобно како тогаш, пред повеќе од еден милениум во Моравија. И тогаш жедта кај народот за спасоносното слово Божјо беше голема, и денес е така. И тогаш народот сакаше да слуша, да се моли, да богослужи на разбирлив јазик, и денес е така! Затоа светите браќа создадоа писменост и преведуваа, чувствувајќи ја таа потреба, но и пророчки гледајќи во иднината што ќе значи ако на разбирлив јазик се пренесе

Евангелието, а какви последици ќе има доколку се остане заробен во суетноста и надменоста, во желбата за присвојување и освојување, во намерата за асимилирање?! Несомнено, свежи се сеќавањата на Македонецот од пред два века, кога во црквите и училиштата не му се даваше право да се моли и да учи на сопствениот јазик, туку преку другото, му се наметнуваше и јазично и културно ропство. И што донесе таквиот пристап? – Отпор, омраза и непријателство меѓу народите! Како да не сакаа асимилаторите и пропагандистите од тоа време да се присетат дека сите сме накалемени на космополитското дело на светите браќа од Солун, кои колку се нечии, толку се и сечии. Не сакаа да се сетат на прекрасниот и познат диспут на свети Кирил со тријазичничките еретици во Венеција, на неговите зборови кои означуваат и рамноправност, но и ја доловуваат љубовта Божја кон секого и сѐ: Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? Зар не дишеме воздух сите еднакво? Тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сакате сите други народи да бидат слепи и глуви?[5]За жал, и денес има луѓе што живеат според овој погубен дух – не само од политички причини, туку и од лажна ревност. Во таквите конзервативни кругови се зборува дека не треба да се преведуваат богослужбените книги, туку тие треба да останат во својот оригинал, во нашиот случај на црковнословенски јазик, односно – старомакедонскиот, затоа што тоа е јазик создаден само заради богослужението и како таков е чист од разни вулгарни и срамни зборови, а современите јазици не се такви.

Овој став се карактеризира со недоволна логика, зашто тоа што до нас се дојдени само дела на црковнословенски, а чија содржина е исклучиво библиска, црковна и теолошка, не значи дека јазикот не се употребувал во говорена, па и во пишана форма, во сите области на живеењето. Едноставно, во тоа време, најмногу се запишувал зборот Божји, зашто сметале нашите предци дека тоа е вистинското наследство што треба да се остави и од кое ќе имаат полза и сегашноста нивна и иднината нивна. Но овој неотријазичнички пристап значи и нешто друго – отуѓување од преданиската смисла на проповедта, која ни ја предочи и сејачот на евангелското семе на овие простори, светиот апостол Павле, кој вели: В црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, отколку илјадници зборови на непознат јазик.[6] И да не заборавиме – преку разбирливиот јазик во проповедта, верата постанува и светиња и светлост за разумот. Верата објаснета на сопствениот јазик, раѓала желба за познавање на вистината и траен копнеж по вечноста со Бога.

Токму таква е и потребата за превод на богослужбените книги на современ јазик, и народот, како и дел од свештенството, едноставно не го разбираат во целост, па дури и многу малку, ако не и воопшто, црковнословенскиот јазик. Но ова не значи дека  црковнословенскиот јазик – јазикот на нашите предци, треба и ќе замине во историјата – тој и понатаму ќе продолжи и да се применува и да се изучува во нашата помесна Црква. Впрочем, и во Уставот на МПЦ стои дека црковнословенскиот, покрај македонскиот, е службен јазик на Црквата.И третата вредност, секако не и последна, на делото што имаме чест да го промовираме, е тоа што оставаме наследство, но и вложуваме во идните генерации, го унапредуваме богослужението и мисијата на Црквата, предавајќи ја на разбирлив јазик спасоносната Христова наука. И колку воодушевува овој факт: подобно на апостолите, примајќи го од нив дарот што тие од Светиот Дух го добија – пренесуваме зборови, мисли, реченици, текстови кои се древни, стари илјадници и илјадници години, пренесуваме нешто што Господ со својата уста го изрекол или преку Своите избраници ни го кажал нам, на народите.Овој момент е прекрасна прилика, како претстојател на нашата света Црква, а со тоа од името на сите нас – Синодот, свештенството и верниот народ Божји, да се заблагодарам на човекот без кого овој дар од небото за македонскиот православен народ и Македонската православна црква немаше да се оствари – да му искажам заслужена пофалба на преведувачот на богослужбените книги од црковнословенски, во некои прилики и од старогрчки јазик, на современ македонски јазик, да му оддадам признание на сечесниот ставрофорен протопрезвитер и долгогодишен професор, најпрво во  Богословијата, а потоа и на Богословскиот факултет – отецот Јован Таковски.  – Професоре, Ви благодарам за неуморната и предана работа, за часовите, деновите, неделите и годините поминати во неуморна работа – за ова дело да ја види светлината на денот! Вашиот труд е пред сѐ духовен, зашто оставате голем дар и аманет на нашата Црква, зашто ги направивте достапни и разбирливи длабоката богословска мисла и смисла, кои се особено присутни во богослужбените текстови, во овие непроценливи сокровишта на преданието на Црквата. Вашиот подвиг е и рамноапостолен – зашто го продолживте делото на светите браќа и на свети Климент. Вашето дело е и патриотско – зашто со овој чин го унапредувате и промовирате и нашиот јазик македонски, но и го обезбедувате и заслуженото место на нашиот народ меѓу православните народи. – Па, јазикот е дел од народниот идентитет! Јазикот е тајна Божја дарувана на човекот од Бога Словото, од Оној Кој во почетокот беше Слово и како Слово беше во Бога и Тој – Словото беше Бог.[7] Грижата за богослужбените текстови, и денес и во иднина, треба да биде одговорна и точна, зашто во прашање е јазикот на молитвата. Од Вас, преку ова дело, нашата света Црква и нашиот верен народ, како што некогаш му напишал византискиот император Михаил на моравскиот кнез Ростислав, добија поголем и подостоен дар од сето злато и сребро, и од скапоцените камења.[8]   Исто така, му благодариме и на верниот народ од Австралиско-новозеландската епархија, по чија заложба се започна и заврши овој проект, кој немаше да се оствари без благословот на надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, кој, еве, како и Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите Тимотеј и Иларион, годинава одбележува годишнина од епископската хиротонија.

Секако, им честитаме и на сите оние кои со своето стручно и практично знаење се вградија во реализирањето на овој проект.На крајот, Му благодариме на Бога што благослови и допушти, што даваше сили и поткрепуваше да се успее! Сега, овие книги треба да ги исполнуваат нашите храмови, певниците и библиотеките и да се користат – од нив да Му се служи на Бога, да се слави Бог, да Му се молиме на Бога, а за доброто на нашиот народ и на нашата Светиклиментова Црква.

Нека е честито и вечно ова дело! На многаја лета!

Амин!

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан 

Изворз. МПЦ-ОА

 

 [2] Мт. 28, 19-20.[3] Дела 2, 4 и 6.[4] сп. 1. Мојс. 11, 6-9.[5] Свети Климент Охридски, Собрани дела: Слова, Поуки, Житија, Скопје 2012, стр.471[6] 1. Кор. 14, 19.[7] сп. Јн. 1, 1.[8] Свети Климент Охридски, цитирано дело, стр. 469.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная