По повод празникот посветен на свети Наум Охридски, во истоимениот манастир на Попова Шапка, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на архиерејскиот намесник, протопрезвитерот-ставрофор Синиша Ристоски, клирик на Американско-канадската епархија, како и на протопрезвитерот Дарко Наумовски, намесник на Тетовското архиерејско намесништво, презвитерот Жарко Мицковски, старешина на манастирот, презвитерот Бобан Митевски, клирик на Скопската епархија, како и на презвитерот Марјан Мадевски, отслужи света Божествена литургија. Верниот народ, кој во голем број го посети ова наше светилиште, доаѓајќи организирано од повеќе делови на нашата земја, радосно учествуваше во ова духовно торжество. Литургијата беше збогатена со прекрасното пеење на градскиот хор „Менада“, под диригентската палка на маестро Ивица Зориќ. На Литургијата, во чин протопрезвитер, беше ракопроизведен старешината на манастирот, презвитер Жарко Мицковски.
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија