Многупати луѓето го прашуваа отец Пајсиј:
“Отец, јас пушам и не можам да престанам. Што да правам?”
“Дали сакаш да престанеш да пушиш?” - ги прашуваше старецот.
“Да, многу пати се обидував да престанам, ама никогаш не успеав”.
“Тогаш нека биде така! Од овој момент повеќе нема да пушиш и Бог ќе ти помогне”.
Тогаш човекот кој го мачи оваа страст ќе речел: “Можеби, старче...”
Старец Пајсиј го прекинувал и со остар, но доверлив тон му велел: “Нема “можеби”, тоа е готово! Немој да се согласуваш со мислите кои ти велат дека нема да успееш”.
Старец Пајсиј сакаше да истакнува дека сме слободни и независни. Ако со нашиот живот управува страста, тогаш тоа е така затоа што ние дозволуваме. Ако останеме робови на некоја страст, тоа се случува затоа што ја посакуваме и сакаме да бидеме нејзини робови.
Во истиот момент кога ќе почнеме да копнееме за својата духовна слобода и посакаме да живееме во Христа, ќе се ослободиме од своите страсти и ќе станеме Божји слуги. Христос сите заповеди ги дал за робовите на гревот, велејќи им сè да напуштат и да тргнат по Него. Од тие причини Господ му вели на крадецот: “не кради”, на неправедниот: “не врши неправда”, а на развратникот: “не врши прељуба”.
Избор од фејсбукстраната на : Житија на Светиите