логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 





Stefan.MANU.jpg

 
Петок, 05 Декември 2014 09:58

СТЕФАН,

Архиепископ охридски и македонски

 

Возљубени празникољупци,

 

Секој народ може да се смета за духовно богат, само доколку во неговиот род израснале личности, кои со својот живот и дело се забележани не само во историјата, што и не е толку важно, туку се запишале во вечноста. А вечноста е оној невременски и непросторен амбиент кој е трајна заедница со Оној Кој што ги цени само делата и односот на луѓето кон Него и кон другите. И ако за момент се обидеме да размислиме, необременети од секојдневието и искушенијата на животот - што вреди да правиме и да направиме во животот, ќе дојдеме до единствениот логички одговор: да постанеме сожители на светиите и свои на Бога (Ефес 2, 19). Значи со историјата, односно сегашноста, со времево минливо, да ја заработиме вечноста, следејќи ги токму светлите примери од вечноста -  оние кои секоја човечката душа ја просветуваат со вечната Вистина.

Во својата добра вест за човештвото, Евангелието, Спасителот, Господ Исус Христос, вели: Не се пали светилник за да се стави под поклоп, туку се става на свешник за да им свети на сите... (Мат 5, 15). Ете, ние токму таков светилник имаме во личноста на денешниот славеник, светиот Климент, Охридскиот Чудотворец. Во него, во овој наш ангел пазител и молитвеник, застапник за нашиот род пред Божјиот престол, имаме многу: и учител, и просветител, и светител, и пример... За него, за свети Климент, на едно место е речено: Тој е живата алка и духовна сила за нашиот народ и Црква и затоа во него можеме да најдеме одговор и за сите наши современи предизвици. Затоа, имајќи го како жива и света закрила, како морална и духовна величина, свети Климент и денес би можел да ни биде од полза во барањето излез од тешкотиите и да ни биде незаменлива поткрепа во сегашниве и идни искушенија.

 

Возљубени во Господа,

Почитувајќи го и славејќи го свети Климент, оној кој со многумина други од нашиот род нè воведоа во Светлината, ни ја покажаа и докажаа Вистината и ни го дадоа Животот, се почитуваме и себеси и искажуваме грижа и кон своето потомство.

Но некогаш со жалење констатираме во своите размислувања и по она што го гледаме, како да не го познаваме и цениме доволно свети Климент. Неговиот празник треба да биде наш најпрославуван, не само верски, туку и национален празник. Не треба повеќе - да погледнеме само како нашите православни браќа ги одбележуваат и величаат своите национални и духовни херои - што значи за Русите - свети Сергеј Радоњешки, за Романците - свети Јакинт Вичински, за Бугарите - свети Евтимиј Трновски, за Србите - свети Сава, за Грците - свети Дионисиј итн. Треба и мора свети Климент да стане и повеќе и да биде позначаен во секојдневието на православниот Македонец - и на општествен - заеднички и на приватен - личен план. А зошто? Затоа што тој, живеејќи според евангелските добродетели и подражавајќи Го Господа Христа преку сите страданија и неизвесности, се утврдил во добриот подвиг на верата (сп. I Тим. 6, 12), и така станал наш Мојсеј и втор Павле, изведувајќи го својот род од ропството на темнината и незнаењето, постојано трудејќи се народот да постане Црква, а Црквата народ. Преку него, преку неговото дело и дејност, Охрид и црквата во Македонија влегоа во заедницата на помесните цркви, со достоинство и почит што трае до денес. Тој постојано се залагал евангелските вистини да бидат застапени и во просветата и во книжевноста, и во уметноста и во севкупното живеење. Според него, добар човек е само оној што има љубов кон Бога и луѓето, порачувајќи дека треба да бидеме вистински христијани, а не само такви по име.... Затоа, од денес па во иднина, почесто да ги посетуваме нашите храмови, нашите цркви и манастири, особено на денот на свети Климент, како и во другите неделни и празнични денови. Зашто само така ќе потврдиме дека сме народ и верници достојни за аманетот што овој наш просветител и рамноапостол ни го оставил, велејќи: Возљубени мои..., да бидеме бодри за време на молитвата; да одиме во Црква со чистота, за сите празници на нашиот Господ Исус Христос, Неговата Пречиста Мајка, Владичица наша Богородица и Неговите светии, за да се удостоиме да слушнеме: „Дојдете, благословени од Мојот Отец, наследете го Царството за вас подготвено“. Да се подвизуваме со добар подвиг, патот да го завршиме, правата вера да ја сочуваме, постојано да живееме според Божјите заповеди и од нив да се поучуваме.

Возљубени потомци на свети Климент,

Живееме во време на тешки предизвици и големи искушенија, на сè позабележливо отуѓување на човекот, на негово осамување, на делење на човечката личност. Денес како сè повеќе да станува реалност она дека: Човек на човека му е волк (Томас Хобс), отколку она дека треба да се сака другиот како себеси (сп. Мт. 22, 39). И за овој неповолен процес, кој, за жал, го голта и нашето потомство, не ни е виновен никој, ни надворешен ни внатрешен непријател - виновни сме самите, зашто се отуѓуваме од Бога, а преку тоа и од човекот во нас. И не е срамно да признаеме дека сме згрешиле, дека сме се отстраниле од правилниот пат, срамно е ако сме упорни во грешењето.

Секој човек е Божја нива и Божја градба, вели свети апостол Павле (1 Кор. 3, 9), затоа постојано треба да се обработува и полева – да се облагородува, односно да се надградува за морално и духовно да расте. Создадени сме како богообразни битија, со потенцијал да се усовршуваме во доброто. А крајната граница на тоа наше усовршување е небото, местото каде што треба сите да се радуваме во радоста на нашиот Господ. Затоа, да ги следиме светлите примери од нашиот род, примерите кои Господ ги посеал и израснале меѓу нас како најдобар плод. Многу векови нè делат од денешниот славеник, но неговото дело е трајно, и од него се поучуваме дека треба да чуваме сè што е добро, што било норма и закон на нашите предци; да ја чуваме Црквата Божја и нејзините светии и светилишта; да ги воспитуваме и учиме нашите млади генерации на прадедовската вера, обичаите и традициите, зашто, во тој случај вложуваме во богатството што ни молецот го јаде, ниту ‘рѓата го нагризува (Мт. 6, 20) - вложуваме во сигурното утре и опстанокот на сè што е македонско: и државата, и Црквата, и јазикот, и културата, и писменоста...

Нека е честито и вековито денешното празнување на Светиклиментовиот празник - на ова семакедонско духовно и национално торжество. По молитвите на светиот Климент Охридски, Господ да нè дарува со трезвен ум и чисто срце, со љубов и почит кон сите. Амин!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

« »

Православен календар

 

28/02/2025 - петок


Светиот апостол Онисим; Преподобен Евсевиј; Преподобните Пафнутиј и Ефросинија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.01 март/16 февруари 2025

Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.01 март/16 февруари 2025

Дванаесет ѕвезди пред престолот Божји,Памфил мудриот кој Порфирија преку пустинакон Небеса го приведе,Валент од чија уста Писмото Свето непрестано течеше,Павле...

Тропар на светиот апостол Христов Онисим 28 февруари / 15 февруари 2025

Тропар на светиот апостол Христов Онисим 28 февруари / 15 февруари 2025

Ти, кој од робување на човекоткон робување на Бога беше приведенТи, кој светии послужуваше и незнабожциво вера спасоносна приведуваше,Онисиме свети,...

Тропар на  преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025

Тропар на преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025

Уште од пелени, ти благоглаголив, ревносно Премудроста своја сестра ја направи;и така, Пресветлата ја појми како чиста девица.Примајќи ја, ја ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная