Скопје, 08 .08. 2013 год.- храмот на св. пророк Илија во населбата Аеродром
На 8- ми август 2013 година,во шестата недела по Педесетница, кога Светатa Црква го слави споменот на † Св. преп. мч-ца Параскева Римска (св. Петка),по отслужената Божествена Литургија, во крстилницата на храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот о. Бранимир го крсти чедото Божјо Филип, посакувајќи му да биде достоен член на Светата Христова Црква.
„А тоа “единствено потребно“ и е Вистината, која ни ја проповедаа Апостолите, во која ние поверувавме, а таа Вистина е Христос со Кого ние се соединивме во Крштевањето, и Кој постана наша Храна, Живот наш во Црквата, и во таа Вистина Христос - ние треба да растеме и таа Вистина Христос - сме повикани да ја исповедаме. Вистината е суштината на Црквата и смисолот на црквеното богослужение. И за Христијанинот нема, ниту може да има поголема радост од непрестаното поимање и понирање во тој богочовечки Мистирион, во тоа Таинство, низ кое верата може да ја здобие Самата Божествена Вистина, Самиот Божествен Живот.“
Преминпортал (к.т.)