логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




Drva.nebo1.jpg
 
Македонската асоцијација на новинари, утре (вторник 11.06.2013), од 11.30 до 12.00 ќе организира мирен протест пред канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија, со цел да изрази нездоволство од одлуката на грчките власти да забранат влез на новинарката на дневниот весник, “Дневник”, Ивана Костовска.
МАН бара објаснување и повлекување на одлуката на Р.Грција со која новинарката, Ивана  Костовска е прогласена за “непожелнa личности, со карактеристика опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи”.
Македонската асоцијација на новинари апелира до сите нивинари во Македонија да искажат солидарност и да присуствуваат на мирниот протест.


                        Македонска Асоцијација на Новинари
МАН
 

Друго:
 
 
ПОРАДИ ПРОГЛАСУВАЊЕТО НОВИНАР ЗА НЕПОЖЕЛНА ЛИЧНОСТ

Новинарите денеска на протест пред грчката амбасада


Со мирен протест пред грчката Kанцеларија за врски во Скопје новинарите денеска од 11.30 до 12 часот ќе го изразат незадоволството од одлуката на грчките власти за забранувањето влез во Грција на новинарката на „Дневник“, Ивана Kостовска. Протестот го организира Македонската асоцијација на новинари (МАН), која бара објаснување и повлекување на одлуката на грчките власти, според која, новинарката се води како непожелна личност во грчкиот национален регистар.

Инаку, грчкото МНР се обиде да го затвори случајот без објаснување за причината за ваквата одлука, туку со коментар дека биле револтирани од „размерите што ги опфаќа во соседната земја едно прашање што се однесува исклучително на грчката внатрешна регулатива“. Случајот го осудија неколку грчки медиуми, а со соопштенија реагираа двете новинарски здруженија во земјава.

„Скандалозно е образложението на грчката полиција дека новинарката претставува закана за јавната и за внатрешната безбедност на земјата. ЗНМ јавно ја повикува грчката Kанцеларија за врски во Скопје, Р. Македонија, да даде официјално објаснување за скандалот на граничниот премин од грчка страна“, реагира ЗНМ.

Македонската асоцијација на новинари побара од Kанцеларијата за врски на Грција во Македонија најитно да се произнесе и да ги обелодени причините поради кои на новинарката Kостовска ~ беше забранет влез во Грција.

Од МАН сметаат дека регистрирањето на новинарката Kостовска во регистарот на непожелни личности, со карактеристика опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи, претставува грубо кршење на основните демократски постулати на слободата на движење.

 

Михас: Случајот со Kостовска е порака и за грчките медиуми

Случајот со Kостовска е особено загрижувачка појава не само за нашите странски колеги туку и за Грците затоа што во суштина тоа испраќа порака до секој грчки новинар што евентуално ќе изјави дека грчката политика за прашањето на името е погрешна или неетичка и со тоа ќе влезе на црната листа на властите, сеедно што тоа подразбира. Ова во својот коментар, објавен на порталот „Протагон“, го пишува познатиот грчки новинар Такис Михас.

„Зошто грчката влада не престане да се обидува со таков брутален начин да врши цензура врз странски новинари“, прашува грчкиот новинар.

Михас коментира дека, за жал, уште еднаш се покажало дека во Грција слободата започнува таму каде што завршуваат националните прашања.

Загрижувачко е дека Федерацијата на грчките новинари досега не реагираше за, ако се точни, скандалозните наводи со кои се обидува да се манипулира со медиумите од страна на грчкото МНР. И, се разбира, еднакво вознемирувачка е тишината од страна на „либералните“ медиуми и „либералните“ политичари за ова прашање. (Извор: Дневник)
 
 

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

« »

Православен календар

 

16/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Светиот свештеномаченик Лукијан; Светиот маченик Димитриј, принц руски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная