логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преподобен Герасим

Овој познат светител најпрво се учеше на подвижнички живот во Тиваида Мисирска, а потоа премина на Јордан и таму основа обител во која имаше околу седумдесет монаси и која до ден денес постои. За својот манастир постави посебен типик, според кој пет дена монасите поминуваа по келиите плетејќи кошници и рогозини; внатре не ложеа оган, а јадеа само по малку сув леб и урми. Кога излегуваа од своите келии ги оставаа отворени за да може секој кој би влегол внатре да си земе што сака. Во сабота и во недела се собираа во манастирската црква, имаа заедничка трпеза, со вариво и со малку вино во слава Божја. Тогаш секој монах ќе донесеше и ќе го положеше пред нозете на игуменот она што го изработил во изминатите пет дена. Монахот имаше само по една облека. Свети Герасим им беше пример на сите. За Чесниот Пост не јадеше ништо освен што се причестуваше. Еднаш виде лав како рика од болка бидејќи имаше трн во ногата. Герасим пријде, се прекрсти и му го извади на ѕверот трнот од ногата. Лавот толку се скроти, што појде по Старецот во манастирот и остана таму до неговата смрт, а кога умре Старецот и лавот загина од болка по него. Свети Герасим учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, во времето на Маркијан и Пулхерија, па иако и тој најпрво клонеше кон монофизитската ерес на Евтихиј и Диоскор, на Соборот се покажа како голем поборник за Православието. Од таа ерес го одврати Свети Ефтимиј. Од учениците на Св. Герасим најславен беше Св. Киријак Отшелник. Свети Герасим се упокои и премина во радоста на својот Господ во 457 година.

Светите маченици Павле и Јулијана

Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година.

Свети Јаков Постник

Живееше во 6 век. Толку се восоврши во богоугодниот живот што со молитва ги лечеше најтешките болни. Но непријателот на човечкиот род наведуваше врз него силни искушенија. Така еднаш едни подбивачи испратија кај него една развратна жена. Таа се преправаше пред него и плачеше, а го навлекуваше на грев. Гледајќи дека ќе падне во грев Јаков ја стави својата лева рака во оган и ја држеше така додека не се испржи целата. Кога го виде тоа жената се исполни со страв и ужас, се покаја и го поправи својот живот. Но во друга прилика тој не му одолеа на искушението а падна во грев со една девојка којашто родителите ја донесоа кај него како избезумена за да ја исцели од лудилото. Тој навистина ја исцели, но потоа згреши со неа и за да го скрие гревот ја уби и ја фрли во реката. Тоа е вообичаено: од блудот до убиството нема многу. По ова Јаков поживеа десет години во еден гроб како покајник. Еднаш во време на голема суша од која страдаа и луѓето и животните, по неговите молитви падна дожд и по тоа позна дека Бог му го прости гревот. Овој пример е сличен на Давидовиот: свирепиот зол демон по Божјо допуштение може да ги собори и најголемите духовни џинови, но искреното покајание го привлекува Божјото милосрдие. А најголемите гревови биваат простени тогаш кога грешникот самиот си наложува сесрдна казна за гревот, таква што ги зафаќа сите длабочини на неговото битие.


Старец Ефрем Филотејски

Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нè сопнува, зашто сака да нè изненади во миг на слабост и да нè одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу. Од таа причина, драги мои чеда, од нас нужно се бара постојано да се вооружуваме со непрестајната молитва на нашиот најсладок Исус.

 
    
Евангелие и поука за 17/03/2021
 
Паримија на денот: Книга пророк Исаија 2:3-11

3.     Ќе тргнат многу народи и ќе речат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе нe научи на Своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово.”
4.     И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои – во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна.
5.     О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина.
6.     Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маѓесници си имаат како Филистејците, и општат со синови на туѓинци.
7.     Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат.
8.     Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработката од своите раце, на она што нивните прсти го направиле.
9.     Се поклонува ли човек, и се понижува ли маж – не простувај им.
10.     Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие.
11.     Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 1:24-31;2:1-3

24.     Пак рече Бог: „Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!” И би така.
25.     И создаде Бог ѕверови земни, сопред родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
26.     Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!”
27.     И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28.     И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата.”
29.     И рече Бог: „Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
30.     А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сe што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.” Така и стана.
31.     И виде Бог дека е многу добро сe она што го беше создал. И би вечер, и би утро – ден шести.
1.     Така се доврши небото и земјата и сиот украс нивни.
2.     И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде.
3.     И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 2:1-22

1.     Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси,
2.     ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување, ако со нив го поучиш синот твој;
3.     ако ги повикаш знаењето и разумот;
4.     ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, -
5.     ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога.
6.     Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓа знаењето и разумот;
7.     Он го зачувува за праведните спасението; Он е штит за оние што одат непорочно;
8.     Он ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат.
9.     Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат.
10.     Кога мудроста ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ? биде пријатно на душата твоја,
11.     тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува,
12.     за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага,
13.     од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по пат не темнината;
14.     од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност,
15.     чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат;
16.     за да те спаси од жената на друг, од туѓа, која ги засладува зборовите свои,
17.     која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог.
18.     Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини – кон пеколот;
19.     никој од влезените при неа не се враќа никогаш и не стапнува на патот кон животот.
20.     Затоа оди по патот на добрите и придржувај се за патеките на праведните,
21.     зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа;
22.     а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните – искоренети од неа.

Поука на денот: Свети Марко Подвижник
Чувството на благодарење во моментите на искушенија претставува сила која ги изгонува нападите на искушенијата. Оној кој сака да ги победи искушенијата без молитва и трпение нема во ништо да успее. Наместо да ги изгонува, тој с? повеќе се заплеткува во нив. Кога ќе те нападне искушението, не ја испитувај причината ниту личноста преку кои тоа дошло, туку гледај како ќе го истрпиш а да не те обземе штетна тага или братоубивствено злопаметење.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Треба да се стремиме кон Самиот Бог, кон Неговата Личност, што значи кон она што е над сe, за да му овозможиме на нашето тело, инаку склоно кон бездејствие, залет кон вечноста.

 

Venerable Gerasimus


This remarkable and famous saint first learned about the ascetical life in the Egyptian Thebaid. He then went to the Jordan and there founded a community in which there were seventy monks. This community still exists today. He instituted a special Constitution (Rule) for his monastery by which the monks spent five days in their cells weaving baskets, reeds and rush mats. They were never allowed to light a fire in their cells. For five days they ate only a little dry bread and dates. The monks were required to keep their cells open so that when they went out, anyone could enter and remove whatever he needed from their cells. On Saturdays and Sundays they gathered in the monastic church. They had a common meal with a few vegetables and a little wine to the glory of God. Each monk would then bring in and place before the feet of the abbot that which he had made during the past five days. Each monk had only one robe. St. Gerasimus was an example to all. During the Great Lenten Fast he did not eat anything except what he received in Holy Communion. On one occasion, he saw a lion roaring from pain because there was a thorn in his paw. Gerasimus drew near to the lion, crossed himself, and removed the thorn in the animal's paw. The lion became so tame that he returned with Gerasimus to the monastery and remained there until the elder's death. When Gerasimus died, the lion succumbed from sorrow for him. Gerasimus attended the Fourth Ecumenical Council (Chalcedon, 451 A.D.) during the reign of Marcian and Pulcheria. Even though in the beginning, Gerasimus leaned toward the Monophysite heresy of Eutyches and Dioscorus, he was a great defender and champion of Orthodoxy at the Council. St. Euthymius dissuaded him from this heresy. Of all of the disciples of Gerasimus, the most famous was St. Cyriacus the Recluse. St. Gerasimus died in the year 475 A.D., and was translated into the eternal joy of his Lord.


Holy Martyrs Paul and Juliana


Paul and Juliana were brother and sister from Ptolemais in Phoenicia. They were brutally tortured for the sake of Christ by the Emperor Aurelius and were finally beheaded. Before their martyrdom many of their miracles were manifested, and were witnessed by many pagans. Through these miracles, many of the pagans were converted to the Faith. Several of these were beheaded and received their wreaths in the year 273 A.D.


Saint James the Faster Saint Gregory Palamas

The light of the Lord’s Transfiguration has not begun or ended (it has neither beginning nor end); it has remained infinite (in time and space) and invisible to the senses, although it was contemplated by corporeal eyes…, yet with the sole change of their senses, the Lord’s disciples passed from flesh to spirit.

 

He lived in the sixth century. He was so perfected in pleasing God that James cured the most gravely ill through his prayers. But the enemy of mankind lured him into great temptations. At one time, an immoral woman was sent to him by some scoffers. She misrepresented herself to James, pretending to be crying yet all the while luring him into sin. Seeing that he was going to yield to sin, James placed his left hand into the fire and held it there for some time until it was scorched. Seeing this, the woman was filled with fear and terror, repented and amended her life. On another occasion, James did not flee from his temptation, but rather he succumbs to a maiden, who was brought as a lunatic by her parents to be cured of her insanity. He, indeed, healed her and after that, sinned with her. Then in order to conceal his sin he killed her and threw her into a river. As is common, the steps from adultery to murder are not too distant. James lived for ten years after that as a penitent in an open grave. At that time there was a great drought which caused both people and live-stock to suffer. As a result of his prayers, rain fell; James knew that God had forgiven him. Here is an example, similar to that of David, of how twisted is the demon of evil; how by God's permission, the greatest spiritual giants can be overthrown, and through sincere and contrite penance, God, according to His mercy, forgives even the greatest sins and does not punish those when they punish themselves.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

. Преп. Герасим Јордански; преп. Јаков Посник

4 МАРТ

1. Прeп. Гeрасим. Oвoј пoзнат свeтитeл најпрвo сe учeл на пoдвижништвo вo
eгипeтската Тиваида. Тoгаш прeминал на Јoрдан и таму oснoвал манастир, вo кoј ималo oкoлу
70 мoнаси, и кoј и дeндeнeс пoстoи. Тoј дoнeсoл пoсeбeн устав за свoјoт манастир, спoрeд кoј:
мoнаситe пeт дeна пoминувалe вo свoитe кeлии плeтeјќи кoшници и рoгoзини; нe смeeлe
никoгаш да палат oган пo кeлиитe; пeт дeна јадeлe самo пo малку сув лeб и урми; мoнаситe
мoралe да ги држат свoитe кeлии oтвoрeни и кoга би излeглe oд нив мoжeлe, акo сакаат и штo
сакаат да зeмат; вo сабoта и нeдeла сe сoбиралe вo манастирската црква, ималe заeдничка
трпeза сo варивo и сo малку винo вo слава на Бoга. Тoгаш сeкoј мoнах би гo дoнeсувал и ставал
прeд нoзeтe на игумeнoт oна штo гo израбoтил вo изминатитe пeт дeна. Сeкoј мoнах имал самo
eдна мантија. Св. Гeрасим им бил примeр на ситe. Вo Чeсниoт Пoст нe јадeл ништo oсвeн штo
сe причeстувал. Eднаш видeл лав кај рика oд бoлка, oти имал трн вo нoгата. Св. Гeрасим му
пришoл, сe прeкрстил и му гo извадил на ѕвeрoт трнoт oд нoгата. Лавoт сe укрoтил, дoшoл вo
манастирoт и тука oстанал дo смртта на старeцoт, а кoга старeцoт умрeл, и лавoт oвeнал oд
бoлката пo нeгo. Бил на IV Всeлeнски сoбoр, вo Халкидoн, вo врeмeтo на Маркијан и
Пулхeрија, па, иакo и тoј најпрвo навалувал кoн мoнoфизитската eрeс на Eвтихиј и Диoскoр, на
сoбoрoт бил гoлeм пoбoрник на правoславиeтo. Св. Eвтимиј гo oдвратил oд eрeста. Oд
Гeрасимoвитe учeници најславeн бeшe св. Кириак Oтшeлник. Св. Гeрасим сe упoкoил вo 475
гoдина и прeминал вo вeчната радoст на свoјoт Гoспoд.

2. Св. мчци Павлe и Јулијанија. Брат и сeстра oд Птoлeмаида Финикиска. Билe
страшнo мачeни за Христа oд царoт Аврeлијан и најпoслe исeчeни. При нивнитe мачeња мнoгу
чуда сe пoкажалe. Видувајќи ги нив, мнoзина нeзнабoжци сe oбратилe вo вeрата, та нeкoи oд
нив билe исeчeни вo 273 гoдина и примилe вeнци.

3. Св. Јакoв Пoсник. Живeeл вo VI вeк. Тoлку сe усoвршил вo бoгoугoдeн живoт штo ги
лeкувал сo мoлитва и најтeшкитe бoлни. Нo нeпријатeлoт на рoдoт чoвeчки навeдувал на нeгo
силни искушeнија. Така, eднаш била испратeна при нeгo развратна жeна oд нeкoи шeгаџии.
Сe прeправала прeд нeгo и плачeла за да гo навeдe на грeв. Видувајќи дeка ќe паднe вo грeв,
Јакoв ја ставил свoјата лeва рака вo oган и ја држeл дoтoгаш дoдeка сeта нe сe испeкла.
Видувајќи гo тoа, жeната сe испoлнила сo страв и ужас, сe пoкајала и гo пoправила свoјoт
живoт. Нo вo друга прилика тoј нe му oдoлeал на искушeниeтo, туку паднал сo eдна дeвoјка,
кoја нeјзинитe рoдитeли ја дoвeлe при нeгo какo налудничава да ја исцeли oд лудилoтo. Тoј
навистина ја исцeлил, нo пoтoа згрeшил сo нeа. Да би гo скрил грeвoт, ја убил и ја фрлил в
рeка. Какo и oбичнo: oд блудoт дo убиствoтo нe e далeку. Дeсeт гoдини пoтoа Јакoв пoминал
какo пoкајник живeeјќи вo eдeн грoб. Пoзнал дeка Бoг му oпрoстил пo тoа штo eднаш на нeгoва
мoлитва заврнал дoжд за врeмe на гoлeма суша oд кoја страдалe и луѓeтo и стoката. Eвe
примeр, сличeн на Давидoвиoт, какo e oпак лoшиoт дeмoн; какo пo Бoжјo дoпуштeниe мoжe да
ги сoбoри најгoлeмитe духoвни гoрoстаси и какo пак на искрeнитe пoкајници Бoг пo
милoсрдиeтo им ги oпрoстува и најтeшкитe грeвoви, и нe ги казнува кoга тиe самитe сeбeси ќe
сe казнат.

РАСУДУВАЊE
Кoга чoвeчката филoзoфија мoжe да гo задoвoли чoвeкoт, зoштo тoгаш филoзoфитe
Јустин и Oригeн пoстаналe христијани? Зoштo Василиј и Златoуст и Григoриј, кoи вo Атина ја
прoучилe сeта eлинска филoзoфија, примилe крштeниe? И Блажeниoт Августин, кoј знаeл за
eлинската и римската мудрoст, зoштo oтфрлил сè и пoбарал спасeниe и свeтлина вo вeрата
Христoва? И свeти Климeнт Римски, кoј бил мнoгу бoгат и мнoгу учeн? И свeта Катeрина, кoја
била oд царска куќа и ја пoзнавала сeта свeтска и eгипeтска мудрoст. И тoлку и тoлку други,
кoи најнапрeд баралe oбјаснувањe на свeтскитe загатки и свeтлината на свoјата душа вo
филoзoфијата, а пoтoа пристапилe кoн Црквата и сe пoклoнилe на Христа Гoспoда?

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за тајната на причeстувањe какo присуствo на Гoспoда Исуса вo
црквата на Зeмјата, и тoа:
1. какo испoлнувањe на Нeгoвoтo вeтувањe: “Eвe, Јас Сум сo вас дo свршeтoкoт на
свeтoт”;
2. какo Нeгoвo нeпрeстајнo пoддржувањe на вeрнитe на кoи им рeкoл: “Бeз Мeнe нe
мoжeтe ништo да правитe”.

БEСEДА
за двoумeњeтo на Пилат
Oттoгаш Пилат глeдашe да Гo пушти... И тoгаш (Пилат) им Гo прeдадe за да
бидe распнат (Јн. 19; 12, 16).
Oд кадe oваа прoтиврeчнoст кај Пилата? Oд кадe oваа пoдвoeнoст на вoлјата кај eдeн ист
чoвeк? Дoдeка стoeшe пoд свeтлината на лицeтo Христoвo, Пилат oд сè срцe сакашe да Гo
пушти Правeдникoт. Нo кoга гo oбзeдe eврeјската тeмнина, тoј сe сoгласил сo дeлата на
тeмнината. Тoа e сeмe паднатo вo трњe. Дoдeка Христoвoтo лицe свeтeлo над сeмeтo, сeмeтo
никналo; нo штoм сeмeтo oстаналo бeз таа свeтлина, тeмнината oд трњeтo гo угушила. Дoдeка
Гoспoд Исус гoспoдски му гoвoрeл на Пилат за Нeбeсниoт Цар, вeлeјќи му: “Ти нe би имал
никаква власт над мeнe да нe ти бeшe дадeнo oдoзгoра”, сe чувствувал пoбeдeн oд стравoт
на Бoга. Нo, кoга eврeјската тoлпа му викнала: “Акo гo пуштиш oвoј, нe си пријатeл на
кeсарoт”, Пилат бил пoтпoлнo пoбeдeн oд стравoт на зeмниoт цар. И стравoт за тeлoтo гo
надвладeал стравoт за душата, какo штo и дeндeнeшeн тoа пoнeкoгаш сe случува.
Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва
страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва
страв за душата туку страв за тeлoтo и за сè oна штo e тeлeснo. Eвe кај Пилат eдeн јасeн и
жалoсeн примeр: какви луѓe вoспитува свeтската мудрoст пoкрај Бoга и наспрoти Христа. Нo
Пилатoвата слабoкарактeрна и кoлeблива душа нe e слика самo на нeзнабoжцитe туку и на
нeутврдeнитe христијани. Нeкoи христијани сeкoјднeвнo и нeoсeтнo, а чeстoпати и нeсвeснo,
час сакаат да Гo oслoбoдат Христа oд мрачниoт и злoстoрнички eврeјски истинкт вo сeбe, а час,
пак, да Гo прeпуштат на тoј истинкт на распнувањe. Тoа станува сeкoгаш кoга eдeн христијанин
ќe пoгази нeкoја Христoва запoвeд заради испoлнувањe на нeкoја свoја тeлeсна жeлба. Нeкoгаш
свeтлината на таа запoвeд ќe гo oсвeтли кoлeбливoтo срцe на христијанинoт, а нeкoгаш
тeлeсната тeмнина тoлку ќe гo oбвитка штo тoј пoтпoлнo ѝ сe прeдава.
Дoлгoтрпeлив Гoспoди, нe oттргнувај ја свeтлината на Твoeтo лицe oд нас ниту за eдeн
миг за да нe нè сoвлада тeмнината. Да oстанeмe дeца на свeтлината дo крајoт, Гoспoди пoмoгни
ни, на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

❖ Послушание од љубов -приказна за св. Герасим и лавот



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1906
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2418
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная