логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Kiprijan.Justina1.jpg

Кондак 1
 Избран од ѓаволското служење за служење на вистинскиот Бог, и кон хоровите на светиите приброен, свештеномачениче Кипријане, моли Го Христа Бога да н# избави од мрежите на лукавиот, па победувајќи го светот, плотта и ѓаволот, да ти повикуваме:
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Икос 1
 Ангелските сили се восхитија кога од врвните волшебства се обрати, богумудар кон Божественото познание, со покајание постигна ангелски бестрастен живот. Ние, на обраќањето твое восхитувајќи се, ти воспеваме:
 Радувај се, со твоето обраќање ангелите ги восхити!
 Радувај се, хоровите на светиите ги развесели!
 Радувај се, својата мудрост ја покажа!
 Радувај се, за Христа венец прими!
 Радувај се, од тебе бесовите бегаат!
 Радувај се, со тебе болестите се исцелуваат!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!
 
Св.Маченичка Јустина
Кондак 2
 Од врвните волшебства обраќајќи се, богомудар кон Божественото познание, се покажа на светот како најмудар лекар, дарувајќи исцеленија на оние кои те почитуваат, Кирпијане заедно со Јустина молете Го Човекољубивиот Владика да ги спаси нашите души, кои пееме: Алилуја!

Икос 2
 Имајќи разум несовршен за разбирање на Божествената Вистина, упатен во заслепувањата народни, ги изучи бесовските итрости, усрдно трудејќи се. Но, сфаќајќи дека се плашат од Крстот Господов, ги позна демонските немоќи, и одвраќајќи се од служење на лукавиот, во храмот Господов дојде, а ние сега ти повикуваме:
Радувај се, итростите демонски ги изучи!
 Радувај се, прелеста за на служењето негово ја разобличи!
 Радувај се, змијата на лукавиот ја посрами!
Радувај се, од мудрите во светот, помудар!
Радувај се, од разумните поразумен!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 3
Силата на Вишниот го просвети твојот ум, Кирпијане, кога немаше успех во магиодејствијата Аглаида кај Јустина, бесовите ти рекоа: ние од Крстот се плашиме и силата ја губиме, кога Јустина се моли. Тој им рече: вие ако од Крстот се плашите, тогаш колку е пострашен за вас Распнатиот на Крстот, и ја позна демонската слабост, па замина во храмот Господов, пеејќи со сите верни: Алилуја!

Икос 3
 Имајќи ум просветлен со сила одгоре, Кипријан отиде кај епископот да побара да се крсти, но тој стравувајќи го одби. Светителот замина во храмот Господов и стоејќи на Литургија, не излезе од храмот, кога ѓаконот возгласи: “Огласени, излезете”. “Не излегувам од храмот, - рече Кипријан кон епископот, - додека не ме крстите”. Ние, радувајќи се на твоето вразумување, ти пееме:
Радувај се, со сила одозгора просветлен!
Радувај се, во Госпдоа вразумен!
Радувај се, силата на Крстот ја позна!
Радувај се, демоните од себеси ги избрка!
 Радувај се, својот живот го исправи!
 Радувај се, стапките кон Црквата ги упати!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 4
Бура од помисли го носеше: како да пријде кон крштение. Ги зеде своите магиодејствителни книги, светителот ги стави среде градот и ги запали, пеејќи Му на Бога: Алилуја!

Икос 4
 Слушајќи ја епископот твојата добра намера во Христа да се облечеш, те крсти и за чтец во храмот Божји те постави. Сега ние ти воскликнуваме:
 Радувај се, духот на злобата го победи!
 Радувај се, магиодејствителните книги ги запали!
 Радувај се, посака да бидеш христијанин!
 Радувај се, прими свето крштение!
Радувај се, за чтец во храмот поставен!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 5
 Примајќи боготкаена одежда на светото крштение, о, Кипријане, усрдно си се молел кон Бога за простување на гревовите претходно направени, непрестајно воспевајќи Му: Алилуја!

Икос 5
 Гледајќи ги епископот твоите подвизи и трудови, свештеномачениче Кирпијане, постот, многуноќните бденија, коленопреклонувањата, солзните молитви, и по поминувањето на месецот те постави за ѓакон. Ние, благодарејќи Му на Бога, те пофалуваме:
 Радувај се, ден и ноќ кон Бога  повикуваше!
 Радувај се, своите раце кон Него ги простираше!
Радувај се,простување од Него молеше!
 Радувај се, солзни молитви Нему Му принесуваше!
 Радувај се, покажа пламена љубов кон Него!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 6
   Проповедник на Христовата вистината се јави, славен свештеномачениче Кипријане, поревнувајќи како боговидците Апостоли, ги просветли луѓето со Христовото учење, а тие познавајќи Го Господа Исуса Христа Му пееја на Бога: Алилуја!

Икос 6
Засветли во твоето срце светлината на Божествената благодат Кипријане, вознесувајќи те во височините на духовното совршенство, достигнувајќи свештенички чин, а потоа посветен во епископ. Заради твоите молитви кон Господа, просвети ги и нашите срца кои топло ти се молат:
 Радувај се, посветен во епископ!
 Радувај се, до височината на орелот вознесен!
 Радувај се, граде, поставен на највисок врв!
 Радувај се, светилниче кој гориш пред Бога!
 Радувај се, непрестаен молитвениче кон Бога!
Радувај се, учителе од Бога даруван!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 7
Сакајќи Човекољубивиот Господ сите да се спасат, ни дарува нам прекрасен молитвеник, застапник и исцелител од духовите на злобата во поднебесјето, со делата и зборовите твои мнозина твои луѓе, светителе приведе кон покајание и исправување на грешниот живот, учејќи ги сите да Му пеат на Бога: Алилуја!

Икос 7
 Нов мудар лекар си за светот, свештеномачениче Кипријане, бидејќи на твоите дела никакви магиодејства да им се спротивстават не можат, туку веднаш се разрушуваат и прогонуваат, направени од злите луѓе и лукавите демони. Ние гледајќи ја во тебе таквата Божја сила, ти воскликнуваме:
 Радувај се, разрушителе на волшебните сплетки!
 Радувај се, прогонителе на страшните демони!
 Радувај се, од тебе духовите на злобата, како чад исчезнуваат!
 Радувај се, на тешко мачените брзо ослободување!
 Радувај се, од бедите и жалостите брзо избавување!
 Радувај се, страдањата во радост ги претвораш!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 8
 Големо чудо им јавуваш на оние кои доаѓаат кон тебе со вера, свештеномачениче Кипријане, зашто ти е дадена од Бога благодат да ги изгонуваш духовите на нечестието, човечките мачители, бесовите да ги прогонуваш, болните да ги исцелуваш, пеејќи Му на Бога: Алилуја!

Икос 8
 Сето срце го предаде на Бога, и со сета душа Го возљуби Него, сета своја грижа и желба ја насочи во исполнување на Неговата волја, и како добар пастир, не ги одбиваш отежнатите од бедите, но застапувајќи се во молитва пред Господа, подари исцеленија и утешение. Ние, пофалувајќи ја твојата љубов кон Бога, ти повикуваме:
 Радувај се, со сето срце Христа Го возљуби!
 Радувај се, преисполнет со добродетели!
 Радувај се, помошниче на болните и раслабените!
 Радувај се, во жалостите и тагите - утешение!
 Радувај се, прогонителе на  искушенијата коишто доаѓаат од светот, плотта и ѓаволот!
 Радувај се, исцелителе на сите душевни и телесни болести!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 9
Сите Ангелски воинства се развеселија, гледајќи го непоколебливиот војник на Царот Небесен, како со смелост Христа го проповеда, кога беше воден на посекување од меч заедно со Јустина. Ти се грижеше боледуваше за неа: да не се откаже од Христа, кога ќе те види посечен, ги наговори мачителите, прво неа, а по неа и тебе да те посечат. Ставајќи ги своите глави под меч, на Бога Му пеевте: Алилуја!


Икос 9
 Многуглаголивите говорници не можат достојно да ги пофалат вашите страдања за Христа, не се исплашивте од жестоките маки и посекувања, но со светли лица се претставивте на судилиштето, па сите верни ви воспеваат:
 Радувајте се, на Христовата вера непоколебливи исповедници!
 Радувајте се, на Пречистата Троица храбри проповедници!
 Радувајте се, жестоките мачења во ништо не ве предомислија!
 Радувајте се, вашите страдања во Божјите храмови се величаат!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 10
 Сакајќи да ги спасиш душите на обземените од нечистите духови, не си престанувал да повикуваш кон Господа, свештеномачениче Кипријане, тебе ти се даде благодат да се молиш за нас, па помилувани и очистени, да Му воспееме на Бога: Алилуја!

Икос 10
Биди ни тврд ѕид и силна ограда, свештеномачениче Кирпијане, од видливите и невидливите непријатели, со топла вера и љубов кај тебе доаѓаме, та оградени и спасувани од тебе, да ти воспееме:
 Радувај се, со смирение духовите на злобата ги победи!
 Радувај се, со огнот на молитвата ѓаволските стрели ги запали!
 Радувај се, од видливите и неви- дливите демони, ѕид и оградување!
 Радувај се, на Православната Црква преславно украсување!
 Радувај се, на напуштените од лекарите прекрасно помагање!
 Радувај се, на тажните прељубезно утешение!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 11
Непрестајно пеење кон Пресвета Троица принесуваше, свештеномачениче Кипријане, за милост Господова на паднатите грешници, бидејќи Тој благослови недостојниот достоен да го сотвори и сопричесник на Неговото свето стадо да го направи. Ние, благодарејќи Му на Бога за таквата милост кон нас грешните, Му повикуваме Нему: Алилуја!

Икос 11
 Светлоблескава свеќа си бил богомудар, во Христовата Црква просветувајќи ги душите на верните. Просвети ги и нашите од гревови отежнати срца, кои ти пејат:
 Радувај се, зашто Бог Својата милост кон паднатите грешници на тебе ја покажа!
 Радувај се, од бездната на погибелта како заблудена овца излезе!
 Радувај се, од недостоен за достоен си сотворен!
 Радувај се, на светото Христово стадо сопричесен!
 Радувај се, со невештествена светлина душите ги просветуваш!
 Радувај се, заблудените на правиот пат ги насочуваш !
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 12
Од Бога ти е дадена благодат да ја прогонуваш демонската сила и секое сатанско наидување, победувајќи ги демоните достигна и маченички крај, и сега стоејќи пред престолот на Царот на славата, моли се за нас, да се избавиме од демонските пленувања и избавени да Му воскликнеме на Бога: Алилуја!

Икос 12
 Опевајќи ја твојата ревност за Бога, прекрасните и преславни чудеса, те величаме и восфалуваме, свештеномачениче Кипријане; кој си примил таква благодат од Него, те молиме во часот на нашата смрт кога демонските полкови ќе ги окружат нашите души, тогаш јави ни го твоето застапување, та избавени од тебе да ти повикаме:
 Радувај се, од надоаѓачките сили брзо заштитување!
 Радувај се, од жалостите и болестите избавување!
Радувај се, Христос до крај го возљуби!
Радувај се, својата душа за Него ја положи!
Радувај се,во крвта на Агнецот се изми!
 Радувај се, во Господовите дворови се всели!
 Радувај се, кон светиите приброен!
 Радувај се, од Трисјајната Светлина осветлен!
Радувај се, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за нашите души!

Кондак 13
 О, прекрасен и преславен Божји угодниче, свештеномачениче Кипријане, брз помошниче на сите кои кон тебе доаѓаат, прими го од нас недостојните пофалното пеење, моли Го Господа од болести да н# исцели, од видливите и невидливи непријатели да н# заштити и од вечното мачење да н# избави, та со тебе да воспееме: Алилуја! Алилуја! Алилуја!
(Овој Кондак се чита трипати, а потоа пак Икос 1 и Кондак 1.)

Молитва кон свештеномаченикот Кипријан*
 
О, свет Божји угодниче Кипријане, брз помошниче и молитвениче за сите кои кон тебе доаѓаат. Прими ја од нас недостојните нашата пофалба, и измоли ни од Господ Бог во слабостите закрепнување, во болестите исцеление, во тагите утешение и на сите с# полезно во нашиот живот. Вознеси ја кон Господа благомоќната твоја молитва, за да н# огради од нашите падови во гревови, да н# научи на вистинско покајание, да н# избави од демонските пленувања и секое дејствие на нечистите духови, и да н# избави од оние коишто н# навредуваат. Биди наш силен поборник против сите видливи и невидливи ѓаволи, во искушенијата подај ни трпение и во часот на крајот наш јави ни застапување од измачувачите на воздушните царини, та водени од тебе го достигнеме Горниот Ерусалим и да се уподобиме во Небесното Царство со сите светии да Го славиме и воспеваме Сесветото име на Отецот и Синот и Светиот Дух во вечни векови. Амин.*

*Молитва кон свештеномаченикот Кипријан и светата маченица Јустина*

 О, свети свештеномачениче Кипријане и маченичке Јустина! Примете го смиреното наше молење!  Временскиот ваш живот маченички за Христа го завршивте, но со духот од нас н# отстапувајте, секогаш по Господовите заповеди н# поткрепувате и учите својот крст трпеливо да го носиме. Зашто имате смелост пред Христа и Неговата Пречиста Мајка. Затоа и сега бидете молитвеници и посредници за нас недостојните. Бидете ни силни застапници за да со вашето застапништво заштитени да останеме неповредени од бесовските бранови и злите луѓе, славејќи ја Пресветата Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.*

 

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   „ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА“ од јеромонах Серафим Роуз и „ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ“ од Арх. Рафаил Карелин.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: katerinaserafimova@yahoo

.Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная