логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

LIT.3.LJubanci.jpg


Aкатист на Трите Светители :
Василије Велики , Григориј Богослов и Јован Златоуст
 
     Кондак 1.
     Избрани светилници на Христовата Црква - Василије, Григорије и Јоване, вие со своето учење цел свет го просветивте и ги побивте сите еретички напади и богохулните роварења; бидејќи сте посредници за нашето спасение, со своите молитви зачувајте не од сите неволји и од вечните маки, за радосно да ви благодариме и воскликнуваме :
         Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Икос 1.
     Земни Ангели и небесни луѓе, светители Христови и отци, преблажени бранители на Живоносната Троица од Која со Трисолнечна светлина сте облевани, вие -- кои непрестано се молите крај Престолот на Триипостасното  Божество за нашите души, услишете не нас, кои од срце ви воскликнуваме :
     Радувајте се, зашто имате смелост Господа за нас да го молите !
     Радувајте се, големи угодници на Светата Троица !
     Радувајте се, со еднакви дарови оросени!
     Радувајте се, зашто во се со Апостолите сте еднакви !
     Радувајте се, зашто со вашите учења чудесно заблеска благодатта Христова !
     Радувајте се, зашто својот ум во послушност на верата сте го утврдиле !
     Радувајте се, добри работници на Христовото лозје !
     Радувајте се, од својата младост од Бога благословени !
     Радувајте се, зашто неволјите на овој живот верно сте ги претрпиле и добиениот талант сте го умножиле !
     Радувајте се, зашто на моќните во овој свет, волјата Божја со голема храброст сте им ја благовестувале !
     Радувајте се, зашто сте ја изгониле темнината на безбожноста !
     Радувајте се, зашто сета земја и се што е на неа со светлината на догматите сте ја осветлиле !
         Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !


     Кондак 2.
     Гледајќи ги опасните еретички напади, Свети Василије се покажа како најостар меч против замките на лажните учења, како оган кој го проголтува коровот на празното мудрување и како најдобар пастир . Разоткривајќи ја идолската измама со своите боговдахновени зборови, не научи да Ја славиме Светата Троица, разделена на ипостаси (природи), а соедината во едно Суштество и да И воскликнуваме : Алилуја !

     Икос 2.
     Имајќи разум осветлен со благодатта Христова и бивајќи равни на Апостолите, го објаснивте учењето на православните догмати и постанавте три големи светилници на Триипостасното Божество ; зашто Црквата Христова блеска и се радува осветлена од вашите вдахновени книги, а нејзините верни деца напредуваат стремејќи се да ја достигнат полнотата на големината Христова. Затоа, гледајќи го богатството на Христовата благодат која ви беше подарена, ве славиме како наши просветители, вака воскликнувајќи :
     Радувајте се, богоносни небесни тајнопознавачи !
     Радувајте се, немолчеливи проповедници на покајанието !
     Радувајте се, од Бога избрани садови !
     Радувајте се, премудри учители на вселената !
     Радувајте се, зашто сте ги поучувале луѓето со Божественото Христово учење !
     Радувајте се, зашто секогаш усрдно сте ги следеле заповедите Господови !
     Радувајте се, зашто во својот живот сте покажале примери на најразлични добродетели!
     Радувајте се, непоколебливи столбови, кои Христовата вера со Божествени догмати сте ја утврдиле !
     Радувајте се, зашто словесното стадо Христово мудро сте го зачувале !
     Радувајте се, најизбрани богослови на Православието !
     Радувајте се, зашто сте светила кои ги осветлуваат сите краеви на земјата !
     Радувајте се , милозвучни кавали !
         Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !


     Кондак 3.
     Силата на татковите молби го принуди Свети Григориј да го остави Понт и да се пресели кај него во Назијанз, за да му помага. Таму тој со своето учење и дела Славата Божја ја објавуваше и аријанската ерес ја посрамуваше. Затоа, голем Светителу Григориј, кој шеташ по вечните полиња на Божествениот Рај, спомни не и нас крај престолот на Светата Троица, за да можеме со умиление да И воскликнуваме: Алилуја !

     Икос 3.
     Имајќи ја во срцата светлоносната благост на Светата, Единосушна и неразделна Троица, тројцата богопроповедници, раздвоени телесно, а соединети духовно, побожно и јавно проповедаа за Едината и непроменлива Троица -- Суштество и Божество, и оваа проповед со страдања ја запечатија. Затоа и ние, подржувајќи ја нивната вера, вака воскликнуваме :
     Радувајте се, моќни и непобедливи борци за Црквата Христова !
     Радувајте се, усрдни ревнители за Христовата вистина !
     Радувајте се, топли молитвеници пред Пресветата Троица !
     Радувајте се, добри пастири на Христовата Црква !
     Радувајте се, зашто сте го изобличиле Арија и православните сте ги утврдиле !
     Радувајте се, зашто Едината и непроменлива Троица -- суштество и Божество, со дела и учење сте Ја прославиле !
     Радувајте се, зашто Отецот и Синот и Светиот Дух -- ипостасите на Троицата чудесно сте ги објасниле !
     Радувајте се, зашто заради Трисветлото и Единствено Божество, најголеми неволји и гонења сте претрпеле !
     Радувајте се, зашто секојдневно бреме до крајот на својот живот неуморно сте носеле !
     Радувајте се, зашто мрачната ноќ на безбожните ( злочестиви ) ереси со зраците на богомудрите догмати сте ја изгонувале !
     Радувајте се, зашто душите на верните благодатно сте ги нахранувале !
     Радувајте се, зашто сте се удостоиле да постанете наследници на Вечното Царство !
         Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 4.
     Бура на бес и гнев подигнаа безумните луѓе, наклеветувајќи те, о, Златоусте, и наредувајќи да бидеш протеран од Цариград. Ти пак, Златослове, непоколебливо пребивајќи на каменот на Христовата вера и со благодатта на Светиот Дух утврден, храбро ја претрпи бурата на гонења и маки и преку страдањата, за себе припреми нетрулежен венец на небесата, поучувајќи ги сите со трпение да го носат Христовиот крст и да Му воскликнуваат на Бога : Алилуја !
     Икос 4.
     Слушајќи ги вашите боговдохновени зборови, потврдени со многу подвизи и страдања, оние кои беа жедни за зборовите на Вечниот Живот оддалеку ви доаѓаа, па примајќи од вас непропадлива храна и Божествено питие, вака ви воскликнуваа :
     Радувајте се, зашто вистински сте ја испитале длабочината на Божјите зборови !
     Радувајте се, зашто со неуморна ревност Бога сте го барале !
     Радувајте се, хранители на гладните за правда !
     Радувајте се, утешители на сиромашните по дух !
     Радувајте се, облаци кои изливајќи роса на побожни учења, ја напојувате вселената !
     Радувајте се, зашто сте непресушни духовни реки кои ги напојуваат верните деца на Христовата Црква !
     Радувајте се, бранители на Божествените Тајни и словесни труби Божји !
     Радувајте се, сејачи на правата вера и христијанската побожност !
     Радувајте се, зашто со многу чудеса верните ги осветлувате !
     Радувајте се, зашто ни излевате реки на исцеленија !
     Радувајте се, зашто со своите молитви ги штитите од искушенија и пропаст оние кои усрдно кон вас прибегнуваат !
     Радувајте се, вие, кои сте пофалба на целиот род Христијански !
     Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 5.
     Како од Бога пратена ѕвезда те покажа Христос, о, Василије, голем меѓу ерарсите. Стекнувајќи пак од висините, од Престолот на Божјата Благодат, знаење на Божествените Тајни, со боговдахновени зборови чудесно си ги просветил умовите и срцата на верните. Исполнет со љубов кон Бога, смирено си претрпел гонења и страдања за Христа и заради тоа си се удостоил да стекнеш на небесата молитвена смелост крај Престолот на Царот на Славата, Кого верно си Го поддржувал со зборовите, животот, духот, љубовта, верата и чистотата, за сите со умиление да И воскликнуваме на Пресветата Троица : Алилуја !

     Икос 5.
     Гледајќи ве, светители Христови, како со небесните чинови вечно и заедно пребивате и пред Престолот Божји секогаш стоите, со умиление Ја опеваме Живоносната Троица Која вас ве прославила ; Неа пак, вие со своите зборови и животи сте Ја прославиле, па затоа вам, на најдобрите молитвеници, од срце и со љубов ви воскликнуваме :
     Радувајте се,зашто сте со небесните чинови соединети и на Светите Ангели сте сожители !
     Радувајте се, зашто вечно стоите пред Престолот на Царот на Славата со сите избраници !
     Радувајте се, со слава небесна украсени !
     Радувајте се, зашто плотта и светот сте ги намразиле !
     Радувајте се, зашто заради Христа сите световни блага и животни сладости сте ги сметале за ништожни !
     Радувајте се, зашто на блескава кола на добродетели сте се искачиле и до Царството Небесно сте достигнале !
     Радувајте се, зашто и нам, грешните, пример на добродетели со зборовите и животот свој сте ни покажале !
     Радувајте се, зашто претрпувајќи многу маки сте влегле во радоста на Својот Господар !
     Радувајте се, наши топли застапници пред Бога !
     Радувајте се, најодбрани светила на православната богословија !
     Радувајте се, зашто сте пофалба на христијанската вера !
     Радувајте се, зашто сте слава на светителите и украс на Црквата !
         Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 6. 
     Проповедајќи ја вистината со своите богогласни зборови, ти -- Богослове Григорије си ги уништил празните пагански мудрувања и соблазната на ересите, а на својата вселена немолчеливо си и проповедал за славениот во Троица Единосуштен Бог : Отецот, и Синот и Светиот Дух, учејќи ги сите да Му воскликнуваат : Алилуја !

     Икос 6.
     Заблескавте со светлоста на честито живеење и преку исповедањето на православната вера по сета вселена и меѓу сите народи, светлоста на вистинското богопознавање ја објаснивте, па постанавте пастири и учители на целата Црква Христова.Затоа и после смртта не престанувајте да погледнувате кон нас, кои топло ви се молиме и извикуваме :
     Радувајте се, три големи светила кои не водат по патот на спасението !
     Радувајте се, просветители на оние кои седат во темнината на незнаењето !
     Радувајте се, вие, кои ни ја објаснувате непоимливата тајна на Триипостасното Божество !
     Радувајте се, вие, кои го напојувате своето стадо со потоци на мудри учења !
     Радувајте се, најдобри пастири, кои со многубројни добродетели своето живеење сте го благоукрасиле !
     Радувајте се, зашто своето стадо од грабливите волци сте го сочувале !
     Радувајте се, светилници на Трисолнечната Светлина кои умовите и срцата на верните чудесно ги осветлувате !
     Радувајте се, примери на целомудреноста, кои не поучувате да тежнееме кон стекнување на оваа добродетел !
     Радувајте се, црковни кормила, кои јасно го покажувате патот на православното Богопознавање !
     Радувајте се, еднакви на дванаесетте Апостоли !
     Радувајте се, сожители на Ангелските собори  !
     Радувајте се, зашто заедно со сите светии непрестано се молите за нас !
     Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 7.
     Сакајќи да те искуша како многустрадалниот Јов, лукавата змија подигна бура на злоби помеѓу безбожниците кои те протераа во прогон. Но, закрепнат со благодатта Христова, сите невољи и болести храбро си ги претрпел, оче Јоване Златоусте, и си се удостоил блажено да го завршиш својот живот. Сега, пак, пребивајќи во невечерниот ден на Царството Христово, не престанувај да се молиш за нас кај престолот на Триипостасниот Бог, за да можеме со умиление да воскликнуваме : Алилуја !

     Икос 7.
     Се покажавте како блескави светилници и непоколебливи столбови на Црквата -- Светители Големи ; зашто со светоста на својот живот, иако во тело, на земјата бевте како бестелесни. Заради тоа, славејќи ве вечно, Црквата Христова Му принесува благодарствени песни на дарителот на светлината -- Христос Бог, со Чија благодат поткрепувани, претрпевте големи страдања и маки Него проповедајќи Го. Затоа, прославувајќи Го Христа Кој непрестано прави добро за својата света Црква, ве славиме и вас како Негови верни слуги и управители на Божјите Тајни и ви воскликнуваме вака :
     Радувајте се, верни бранители на Троицата !
     Радувајте се, непобедливи исповедници на Православието !
     Радувајте се, свештеноначалници на ерарсите !
     Радувајте се, зашто со зраците на вашето Богословие сте ги уништиле безумните ереси!
     Радувајте се, пресветли примери на побожноста !
     Радувајте се, зашто сте ги утврдиле верните во богопознавањето !
     Радувајте се, боговдахновени толкувачи на Божјите зборови !
     Радувајте се, добри и верни слуги на Владиката Христос !
     Радувајте се, зашто кротоста Мојсеева и ревноста на Илија во своите подвизи сте ги овоплотиле !
     Радувајте се, зашто со претрпувањето на неволји и гонења, древниот Јов сте го поддржувале !
     Радувајте се, украсени со Јосифовата целомудреност и чистота !
     Радувајте се, зашто сте го покажале Петровото исповедање и Јовановото Богословие !
     Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 8.
     Го позна Ефрем Сирин прекрасното чудо на благодатта што ти беше подарена, Светителу Василије, кога ти, оче, му го испрати својот архиѓакон за да го доведе кај тебе, зашто он посака да те види. Тогаш, со твојата молитва, Ефрем почна да го разбира грчкиот јазик и восхитувајќи му се на ова чудо, Го прослави Бога, пеејќи Му : Алилуја !

     Икос 8.
     Сета вера во Светата Троица беспрекорно ја сочувавте и мнозина кон Христа обративте, Светители Христови, кои со прекрасни подвизи се подвизувате. Затоа, гледајќи го вашиот чудесен подвиг и вашето чисто живеење, со умиление вака ви воскликнуваме :
     Радувајте се, зашто сте ја украсиле Црквата со облека на Православието од небото исткаена !
     Радувајте се, зашто еретичкото празнословие јасно сте го изобличиле !
     Радувајте се, зашто со своите записи и зборови сте го собрале духовното богатство на Христовата Црква !
     Радувајте се, зашто заради Христа и мудроста Божја, од сите световни убавини сте се одрекле !
     Радувајте се, зашто небесните блага повеќе од се сте ги барале !
     Радувајте се, зашто како верни служители, живоносните стапки на Пастироначалникот Христос сте ги следеле !
     Радувајте се,зашто во својот живот голем пример на добродетели сте покажале !
     Радувајте се, зашто душевните страсти заедно со телесните, со духовен меч сте ги исекле !
     Радувајте се, зашто како жива жртва, света и благоугодна, сами себе на Живоносната Троица сте се принесле !
     Радувајте се, застапници на грешниците !
     Радувајте се, бранители на сиромашните !
     Радувајте се, учители и примери на пастирите !
     Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 9.
     Си Го засакал Бога со сета своја душа, оче Григорије, па над сите други блага си ја избрал боговидната чистота и целомудреност и си постанал голем богослов и тајнопознавач. Сега, стоејќи пред Престолот на Светата Троица, испроси мир за светот и спасение за сите нас кои те прославуваме и Му пееме на Бога : Алилуја !

     Икос 9.
     Со своите боговдахновени зборови, трите вселенски светители ги запреа еретичките соблазни, а православната вера се повеќе и повеќе се зајакнуваше. Затоа, со усрдност, умиление и љубов, вака им воскликнуваме :
     Радувајте се, зашто со љубовта кон Православието, целиот свој живот сте го осветлиле!
     Радувајте се, зашто не научивте да Го почитуваме Единиот Бог во Три лица !
     Радувајте се, зашто Ариевата безбожност и богохулењата на другите еретици сте ги собориле !
     Радувајте се, зашто со светлоста на своите зборови, пребеззаконитите усти на лажните учители сте ги затвориле !
     Радувајте се, небесни труби кои на светот му го проповедавте Христовото Евангелие !
     Радувајте се, три големи светила меѓу ерарсите !
     Радувајте се, учители на кротоста, воздржливоста и покајанието !
     Радувајте се, добри учители и наставници на монасите !
     Радувајте се, зашто сте тврдина на Црквата и борци на Православието !
     Радувајте се, зашто сте влегле во трудот на Апостолите и клас на добро исповедување сте пожнеале !
     Радувајте се, зашто за верата и подвизите, несвенливи венци од Пастироначалникот Христос сте примиле !
     Радувајте се, зашто добро уредувајќи ја Христовата Црква големи маки и подвизи сте поднеле !
         Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !


     Кондак 10.
     Не престанувај да Го молиш Спасителот Христос за оние кои го празнуваат твојот спомен, сефален Јоване Златоусте : Зашто тебе ти се даде благодат да се молиш за нас. Затоа и ние, со умиление и љубов приоѓајќи кон тебе, како кон сад со благо-миризливо миро кое тече за исцеление на сите кои со вера му пристапуваат, на Бога Кој те прослави, Му воскликнуваме : Алилуја !

     Икос 10.
     Несоборлив бедем сте на сите кои го празнуваат вашиот свет спомен. А на оние кои прибегнуваат кон вашата молитвена заштита, вие сте им непосрамлива надеж и моќна закрила. Затоа свети три светители, и за нас кои со умиление ви приоѓаме, измолете  крај престолот на Светата Троица милост и благодат за благовремена помош, па со радост и благодарност да ви воскликнуваме :
     Радувајте се, зашто на сите верни милост и утеха им укажувате !
     Радувајте се, зашто покајните грешници од ѓаволските замки ги избавувате !
     Радувајте се, усрдни дарители на благодатни дарови !
     Радувајте се, застапници и заштитници на сите луѓе !
     Радувајте се, отци на сиромашните и застапници на вдовиците !
     Радувајте се, богатство на бедните и исцеление на болните !
     Радувајте се, немолчеливи проповедници на милосрдието кон страдалниците и наставници на младите !
     Радувајте се, хранители на старите !
     Радувајте се, утешители на сите кои се во неволја !
     Радувајте се, сопатници на патниците !
     Радувајте се, помошници на беспомошните !
     Радувајте се, зашто на оние кои го слават вашиот спомен радост и спасение им испраќате !
     Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 11.
     Сте И принеле пеење на Пресветата Троица повеќе од другите, светители Божји ; Со ум, збор, дело и со својата богословски зборови сте го здробиле празнословието на беседниците, учејќи не да Ја почитуваме Единосуштната Троица и да И пееме : Алилуја !

     Икос 11.
     Ги величаме светите ерарси на Блескавата Троица : Василије -- со исто име како Царството, Григориј -- наречен Богослов и Јован Златоуст -- учител на вселаната, кој ја испитуваше Божјата длабочина. Со стравопочит прославувајќи го нивниот спомен, им ги принесуваме овие пофалбени песни :
     Радувајте се, продорни труби на божествените зборови !
     Радувајте се, боговдахновени свирки !
     Радувајте се, боговдахновени толкувачи на апостолските записи !
     Радувајте се, ревнители на апостолските преданија !
     Радувајте се, зашто на сите на земјата родени Божјата големина им ја објавувате !
     Радувајте се, зашто со својот живот и зборовите, на целата вселена Славата Божја сте и ја проповедале !
     Радувајте се, добри патеводители и наставници на спасението !
     Радувајте се, искоренувачи на лошите обичаи и засадувачи на добрите !
     Радувајте се, зашто учите на одрекување од телесните мудрувања и страсти !
     Радувајте се, премудри лекари на душевните и телесните болести !
     Радувајте се, црковни светила запалени од Трисолнечната Светлина !
     Радувајте се, благо-миризливи цветови кои од рајот изникнавте !
     Радувајте се, Три Светители, големи учители на вселената !

     Кондак 12.
     Благодатта Божја обилно се изли од вашите усти, триблажени ; верата православна ја  закрепнавте, а светлината на вашите боговдахновени книги ја развеја маглата на еретичките роварења и лажни учења. Затоа, светители, молете Го Христа Бога ; духот на вашата ревност за вера и побожност да почива и на нас, па да се удостоиме заедно со вас да И пееме на Светата Троица : Алилуја !

     Икос 12.
     Пеејќи и светло празнувајќи го вашиот свештен спомен, триблажени ; Василије, Григорије Богослове и Јоване Златоусти, смирено ве молиме : не престанувајте да се молите на Христа за сите кои со вера ве повикуваат и со љубов ви воскликнуваат вака :
     Радувајте се, чувари на православните догмати !
     Радувајте се, живоносни извори на богословието !
     Радувајте се, зашто божествено ги веселите срцата на верните !
     Радувајте се, зашто со вашите неуморни подвизи го соборивте Арија !
     Радувајте се, зашто огнот на вашите боговдахновени проповеди ја спали Евномијевата Ерес !
     Радувајте се, зашто со вашите боговдахновени зборови сте ја истребиле Савелијевата Ерес !
     Радувајте се, зашто Несторовото мудрување сте го уништиле !
     Радувајте се, најдобри молитвеници за светот !
     Радувајте се, зашто верните ги водите во Царството Небесно !
     Радувајте се, Божји гласови кои прекрасно ни воскликнаа !
     Радувајте се, зашто за пастирите на Црквата сте примери достојни за поддржување !
     Радувајте се, зашто по Апостолот  на сите сте им биле се !
     Радувајте се, три светители, големи учители на вселената !

     Кондак 13.
     О, светители Христови и оци триблажени : Василије Велики -- црковно светило и непоколеблив столбе, Богослове Григорије -- богопросветлен уме и превозвишен архиереју, и Јоване Златоусте -- истраен проповеднику на покајанието, кои пребивате заедно со небесните собори и ангелските сили, примете го ова мало молење наше, и помолете Го Семилостивиот Бог : да мислиме и да го вршиме она што е небесно , па да ги избегнеме вечните маки и заедно со вас небесен живот да наследиме, воскликнувајќи Му на Бога : Алилуја !
( Овој Кондак се чита 3 пати, а потоа повторно се читаат Икос 1 и Кондак 1 ).

 

     Молитва кон Трите Светители


     Tri.svetiteli.jpg

          О, пресветли светилници на Црквата Христова -- Василије, Григорије и Јоване, кои со светлоста на православните догмати ги осветивте сите краеви на земјата,

и со мечот на Божјото слово интригите и роварењата на богохулните Ереси ги задушивте !

               Препуштајќи се на вашето милосрдие, од длабочината на душата со вера и љубов извикуваме : стоејќи пред Престолот на Пресветата Единосуштна, Животворна и Неразделна Троица за Која со своите зборови, пишувања и животи храбро се боревте и душите свои ги полагавте, секогаш молете И се да не утврди и нас во Православието, во еднодушноста, во непоколебливо до смртта исповедање на Христовата Вера, и во целодушна послушност кон Неговата Света Црква ; да не вооружа од висините со сила против сите невидливи и видливи непријатели наши ; да ја сочува Својата Црква непоколеблива од неверие, суеверија, ереси и расколи ; да им подари на нашите архипастири здравје, долговечност и напредок во се ; на пастирите наши да им подари духовна трезвеност и ревност за спасување на своето стадо ; на владетелите -- суд и правда, на војниците -- трпение, храброст и победа над непријателите ; на сираците и вдовиците заштита ; на болните -- исцеление ; на младите -- добро воспитување во верата, на старите -- утеха, на ожалостените помош, и на сите -- се што им е потребно за привремениот и вечниот живот, па да можеме во мир и покајание, горејќи од желба за спасение, служејќи Му на Господа, и подвизувајќи се со добри подвизи, да го завршиме својот животен пат и заедно со вас да се удостоиме во Царството Небесно секогаш да Му пееме и да Го славиме Пресветото и Величествено Име -- Отецот, Синот и Светиот Дух во вечни векови . Амин.


Извор: www.mpc-svpetka.com (Акатисти и Канони)

 

 Друго:

Божественa Литургија во манастирот на св. Никола, с. Љубанци

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная