„Кога туѓата радост почнува да нè боли“
Зависта не започнува со омраза, туку со поглед кој веќе не знае да се радува на доброто на другиот. Се вовлекува преку споредувањето, преку незадоволството, преку неискажаното прашање: „Зошто тој, а не јас?“ И полека, она што изгледало како обична слабост почнува да го нагризува мирот на срцето.

Човекот кој непрестајно се споредува, на крајот престанува да ги гледа даровите на сопствениот живот. Радоста на другиот го повредува, успехот на ближниот го вознемирува, а доброто станува причина за тежина во душата. Така се раѓа една тешка внатрешна сиромаштија: не недостаток на нешта, туку неспособност да му се заблагодариме на Бога за она што веќе го имаме.
Зависта не го намалува оној кон кого е насочена, туку оној што ја храни. Таа му го помрачува расудувањето, му го ожесточува зборот и му ја одзема силата чисто да љуби. Понекогаш гревот не вика. Тој делува тивко, сè додека душата не стигне дури и да се радува на падот на другиот.
Исцелувањето започнува со признавање. Со молитва за оној на кого му завидуваме. Со благодарност. Со храброста без оправдувања да го видиме она што се движи во нашето срце. Таму каде што вистината е примена, страста почнува да ја губи својата сила.Нема мир во срце кое постојано го мери животот на другите. Мирот започнува кога човекот ќе престане да ги брои туѓите дарови и ќе почне да ги открива оние што ги примил од Бога.
Мајка Силуана Влад
Подготви Симеон Стефковски
18.08.2026


























