МАЈКАТА ТРЕБА ДА МУ ЗБОРУВА НА БОГА, А БОГ ЌЕ МУ ЗБОРУВА НА ДЕТЕТО!
Молете се, и дури потоа зборувајте. Однесувајте се на овој начин кон вашите деца.
Ако постојано им давате совети, ќе им бидете здодевни, а кога ќе пораснат, ќе почувствуваат дека некако ги притискате.
Наместо тоа, изберете молитва. Зборувајте им преку молитва. Зборувајте му на Бога, и тогаш Бог ќе зборува во нив. Со други зборови, не треба само да ги советувате вашите деца, користејќи го гласот што го слушаат со своите уши. Можете да го направите и тоа, но пред сè треба да разговарате со Бога за вашите деца.
Зборувајте нешто како ова: „Господи Исусе Христе, просветли ги моите деца! Тебе ти ги доверувам. Ти ми ги даде, но јас сум слаба, па не можам да ги доведам во ред. Затоа, Те молам: просветли ги!“
Бог ќе им зборува на свој начин, а децата повторно ќе речат: О, не требаше да ја ожалостувам мајка ми со она што го направив!
Тоа ќе дојде од нивна страна, по Божја благодат.
Тоа е совршениот начин и метод. Мајката треба да зборува со Бога, а Бог ќе зборува со детето. Ако не правиш така , тогаш зборуваш, зборуваш, зборуваш - и сè ќе влезе во едното уво и ќе излезе од другото.
И на крајот, ќе испадне некаков облик на притисок. Во тој случај, кога детето ќе порасне, тоа почнува да се спротивставува, односно да се одмаздува на некаков начин на таткото и мајката кои го притискале. За разлика од тоа, едно е совршено - Христолика љубов и светоста на таткото и мајката да зборуваат на детето. Зрачењето на светоста, а не човечкиот напор, ги прави децата добри деца.
Старец Порфириј Кавсокаливит
фбПравославие.Мк †