Mitropolit.Teodosij.Gologanov


🇲🇰 Митрополитот Теодосиј Гологанов ги согледал штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонската народна посебност. Во своето писмо од 2️⃣2️⃣ јуни 1️⃣8️⃣9️⃣1️⃣ година до проигуменот Дионисиј пишал:


    "Ние Македонците немаме толку мака од Турците, да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат...

Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи...

Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното... Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква."

 

fbЛектор по македонски јазик ·