Презвитер Бобан Митевски
Гледајќи ја оваа благословена глетка,
станува во полнота јасно она што Црквата го пее:
“Крстот е украс на Црквата!
Крстот е чувар на сета вселена!
Крстот е зацврстување на верните!
Крстот е слава на ангелите!
Крстот е пораз за демоните!
…
Сега ја разбирам радоста кој произлегува од тоа кога ќе го видиш и понесеш крстот во својот живот. Таа тежина - која е благослов и радост, која е, нелогично за непросветлениот ум, леснотија. При неодамнешното поставување на крстовите на овој храм, ова толку добро го исповедала една добронамерна жена, толку длабоко вклучена во ова богославно дело, а кои како сведоштво порано ѝ ги пренела една друга благочестива жена - темел на овој проект:
“Сега ги разбирам зборовите на твојот Божји човек, кога ти рекол: “Најтешко е да ставиш некаде Крст”.
По милоста Божја, застапништвото на светиите и со содејството на добронамерните, ќе блесне силно и славно
овој Божји дом како прекрасна жртва на народот Божји, како круна на Скопје, како бисер на Македонија, како скапоцен дар за православната полнота.
Да ги благослови Бог сите што се вложија и се вложуваат во овој духовен принос.
Освет на куполните крстови за храмот ,,Свети Константин и Елена” во Скопје.
На 9.5.2025 година, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги освети куполните крстови за храмот ,,Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена” во Скопје.