логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER992.Akatist.Bogorodica.Iverska1
·
Aкатист на Пресвета Богородица во чест на нејзината чудотворна Иверска икона(во Москва)


Кондак 1
Храбра наша Војвотко,Владичице Богородице, Ние, слугите Твои,песни пофални Ти принесувам, зашто со пришествието на чесниот образ Твој моќен штит, карпа неразрушливаи стража незаспивна стекнавме. Ти,имајќи сила непобедлива покриј и заштити не од секој непријател, видлив и невидлив и избави не од секаква напаст, душевна и телесна, ние, кои Ти повикуваме:
Радувај се,блага Вратарке,дверите рајски на верните им ги отвораш!
Икос 1
Ангел претстател испратен беше на Богородица да и речe,во она време кога неа жребот и падна за апостолско служење во земјата Верска, велејќи и : не го напуштај заради жребот Ерусалим, но во последните Твои дни, потруди се во земјата за која Бог те избра. Затоа Ти повикуваме:
Радувај се, преку тебе Евангелието се благовестеше!
Радувај се, преку тебе идолската прелест замре!
Радувај се, Ти власта на кнезот на темнината ја разруши!
Радувај се, преку тебе Царството Христово се утврди!
Радувај се, Ти која паднатите во мракот идолопоклонички, во Светлина Евангелска ги повикуваш!
Радувај се, од ропство ѓаволско во славна слобода Божјите чеда ги приведуваш!
Радувај се, подготвена служителке на Синот Свој и Бог наш!
Радувај се, преку послушноста Твоја непослушноста на Ева се исцели!
Радувај се, височино добродетелна!
Радувај се, длабочино на смиреномудрието!
Радувај се, преку тебе неверните Творецот го познаа!
Радувај се, верните од Отецот преку тебе се посинуваат!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 2
Гледајќи го Светата Дева ова прекрасно и ново за себе Божјо промислување, како слугинка Господова секогаш подготвена волјата Божја да ја исполнува, воскликнувајќи: Алилуја!
Икос 2
Недостижното за разумот,преку зборовите на ангелот Тебе Пречиста достапно Ти стана од Бога беше промислено, патувањето Твое на гората Атонска, преку Тебе таму Евангелието се проповеда и така се исполни жребката за Тебе.
Ние, пак, радосно Ти воскликнуваме:
Радувај се, со Своето пришествие гората Атонска ја освети!
Радувај се, тамошните идоли ги разруши!
Радувај се, Ти што верата таму ја насади!
Радувај се, неверието што го изгони!
Радувај се, оваа Гора за Себе си ја избрала!
Радувај се, на ова место ветената благодат си ја донела!
Радувај се, на верните кои во неа живеат Подателке на земни богатства!
Радувај се, Застапничке за нивно вечно спасение!
Радувај се, топла Двигателке за оние коишто живеат во жрепката Твоја!
Радувај се, за непријателите нивни застрашување!
Радувај се, за ова место милоста на Синот Свој до крајот на вековите си ја ветила!
Радувај се, се овековечи благодатта Негова за тоа место претскажана!
Радувај се,блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвараш!
Кондак 3
Силата на Севишниот преку застапништвото на Богомајката Светата Гора ја осени и шумата непрегледна ја отстрани, та добро место стана за сите што заради спасение кон монашки живот копнеат, за секогаш да Ти пеат: Алилуја!
Икос 3
Промислувајќи за жребката Своја, на луѓето од земјата Иверска место си им устроила, таму, на Атон, каде најпрво си стапнала, нивна заедница се подигна, на оние што во тивкото пристаниште спасение бараа, Својата икона на штит и оградување, благоволи да им ја даруваш, та сите да воскликнуваат:
Радувај се, Ти испрати проповедничка на Евангелието во земјата Иверска!
Радувај се, сета земја од прелеста идолска кон Христовата светлина се обрати!
Радувај се, ластару на лозата невенлива, прекрасна фиданко која Нина им ја дарува!
Радувај се, од неа чудесни гроздови на благата вера израснаа!
Радувај се, духовен сад на Атон си поставила!
Радувај се, струја на духовно просветување на земјата Иверкска од него истекува!
Радувај се, на Ефтимиј уста златословесна!
Радувај се, на Торникиј крепост непобедлива!
Радувај се, на сите благочестиви закрепнување!
Радувај се, оградо на монасите!
Радувај се, тивко пристаниште на оние што бараат спасение!
Радувај се, Ти што вечен покој им подготвуваш!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 4
Бури внатрешни имајќи од помисли сомничави, од Никеја чесната вдовица се збуни кога виде како копјето на воинот-иконоборец светата и почитувана икона на Богомајката ја прободе, и веднаш од неа крв потече, та со страв обземена, понижена да не биде светата икона, со молитва и плач в море ја фрли. Гледајќи како на површината водна иконата кон запад се упати, со радост воскликна: Алилуја!
Икос 4
Монасите од Светата Гора, гледајќи како огнен столб во морето се покажа и врвот негов до небесата досега, и како сонце сјае, тогаш во ноќта притена кон морското крајбрежје, та здогледувајќи ја светата икона на Богомајката, како по морето со силата вишна е носена, и воскликна на Благодатната:
Радувај се, капино на Законодателот превестување!
Радувај се, столбу огнен оние во мракот на незнаењето што ги поучуваш!
Радувај се, лествице до небесата што досега, по која Бог слезе!
Радувај се, мосту кој ги пренесуваш оние од земјата на небото!
Радувај се,зраку на таинствениот ден!
Радувај се, ѕвездо која сонцето го предвестуваш!
Радувај се, Ти која светлината неискажлива ја роди!
Радувај се, Ти која како никој друг не поучуваш!
Радувај се, Ти во сонце облечена си, и блескаш со благодатта и славата по сета вселена!
Радувај се, молњо душите што ги просветлуваш и верните со смисла ги озаруваш!
Радувај се, светило што во темнината блескаш!
Радувај се, многузрачно блескаво просвештение!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвараш!
Кондак 5
Иконата Твоја, која по морето пловеше, благоволи на Иверкста заедница да ја дариш, та затоа Богомајко на преподобниот Гаврил му рече: оди со монасите кон брагот на морето, слези на крајбражјето и земи ја иконата моја.
Тој, пак, со вера и љубов посилен, по водата како по суво одејќи, ја прими во прегратката своја, и земајќи го сокровиштето за останатите недостижно, на почитуваниот од монашкото братство на Иверската заедница, ГАВРИЛ, со веселие пееше: Алилуја!
Икос 5
Кога монасите од Иверската заедница ја видоа иконата на Богомајката над манастирските врати, на ѕидините таму поставена, со невидлива сила таму изнесена, во ужас и восхит стоеја, и вака кон Неа повикуваа:
Радувај се, Ти која светата икона благоволи нам да ни ја дариш!
Радувај се, зашто преку неа покровителството нам ни го вети!
Радувај се, љубовта Твоја кон заедницата наша се покажа!
Радувај се, добрата промисла за неа се јави!
Радувај се, помош наша во туѓа земја!
Радувај се, утеха си при нашето патешествие!
Радувај се, за нас Божјо благоволение!
Радувај се, за Бога наше ревнување!
Радувај се, од солзите наши избавување!
Радувај се, за нас бедните заштитничке!
Радувај се, оградо наша!
Радувај се, единствена радост наша!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 6
На Гаврил кој волјата Твоја ја исполнуваше и проповедник Твој стана, вака си му рекла, Владичице: не дојдов од вас да бидам штитеа, но јас заштитничка ваша да бидам, не само во сегашниов, но и во идните векови.
Еве, знамение ви давам: се додека во манастирот иконата моја ја гледате, нема да замре благодатта и милоста на Синот мој, та сите Нему да му пеат: Алилуја!
Икос 6
Блесна радост од слушнатите Твои зборови на ветување, Богомајко, и Тебе, Небесна Вратарке, монасите на вратите храм Ти устроија, со веселие го подигнаа и вака запеаа:
Радувај се, наша Заштитничке во сегашниот век!
Радувај се, наша Претставничке во идниот век!
Радувај се, на стравопочит кон Бога не научи!
Радувај се, на патот добродетелен Наставничке!
Радувај се,ревност и надеж наша!
Радувај се, поткрепо и заштито наша!
Радувај се, добродејствието на синот Свој кон нас си го приклонила!
Радувај се, Возвестителке за преобилното пребивање на Божјата благодат кај нас!
Радувај се, светата икона како залог за Милоста Негова што ни ја даваш!
Радувај се, од неа дар на чудотворства ни даруваш!
Радувај се, од присуството на секое зло во заедницата не спасуваш!
Радувај се, на секое добро влез што му приредуваш!
Радувај се, блага вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 7
Кога злочестивиот Омир сакаше Иверската заедница да ја разори и монашкото братство таму собрано да го расее, набрзо виде како неговите кораби во морската шир потонаа и воините негови се издавија, ја позна заштитата силна на Богомајката за заедницата.
Та, пристапи со смирение, сребро и злато на заедницата да и подари и молитви да испроси.
Кога монасите сето тоа го видоа, со восхит кон Бог извикаа: Алилуја!
Икос 7
Нови и безбројни чуда покажа Богомајката во заедницата со виното, брашното и маслото надополнение давајќи, за бесните исцеление, за хромите породување, за слепите прогледува, и од секоја неволја исцеление, та гледајќи ги сите тие чуда, Тебе Ти воспеваат:
Радувај се, избрана наша Војвотко, над непријателите Победителке!
Радувај се, на Оние кои Те повикуваат брза Помошничке!
Радувај се, Ти која молењето наше не го отфрлаш!
Радувај се, од ветувањата Свои не отстапуваш!
Радувај се, тагата во заедницата,во радост ја претвораш!
Радувај се, скудноста во заедницата ја надополнуваш!
Радувај се, за слепите прогледување!
Радувај се, за хромите проодување!
Радувај се, за секоја немоќ исцелителке!
Радувај се, на сите нажалени Утешителке!
Радувај се, зашто постојано промислуваш за нашето спасение!
Радувај се, зашто од многу беди не избавуваш!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 8
За неискажливото покровителство на Иверската заедница од иконата на Богомајката, слушна и Патријархот Никон, та посака и во Руската земја Нејзината благодат да се оприсутни; заради тоа, заедницата во чест на славниот образ создаде и побара истоветно изобразување на чудотворниот образ на Богомајката, та со нејзиниот покров да се заштитат, и на Бога да Му воскликнуваат: Алилуја!
Икос 8
За сите кои се во висините, но и за понижените не си престанала да се застапуваш, затоа во она време, Богомајко, си посакала на преподобниот Антониј, благослов за гората Атонска да подариш, и на монашката Печарска заедница утврдување си дала, а со благодатта Своја и новата заедница на руската земја со новоизобразеното подобие на образот Твој си ја дарувал, како Атон и неа си ја благословила; затоа Ти воспеваме вака:
Радувај се, на руската земја, покрову поширок од облаците!
Радувај се, правослвната вера наша ја пазиш и чуваш!
Радувај се, на Православната Црква столбу неразрушлив, а на ересите и расколите изобличување!
Радувај се, со светлите зраци од чудотворната икона Твоја, целата земја ја осветлуваш!
Радувај се,дарови на исцеленија и умиление од нив се точат!
Радувај се, демоните ги плашиш, а на светиите радост им даруваш!
Радувај се, на свештениците пофалбо, на послушните Наставничке!
Радувај се, на сиот наш род спасение!
Радувај се, блага Вратарке, на верните дверите рајски им ги отвораш!
Кондак 9
Ова истоветно изобразување на чесниот образ на милостивата Вратарка, со соборен пост и молебни пеења од иверските монаси се извршуваше; со вода од чудесната икона подлогата се измиваше, на која чесниот образ се изобразуваше, преку подвиг на пост, молитви и бденија, со сето братство, преподобниот Јамвлих се осветлуваше, та почна да го слика.
Со света вода и мошти се осветуваше чесното изобразување на Богомајката, со ревност тој се молеше и кон Бога воскликнуваше: Алилуја!
Икос 9
Безбројните описи за тебе Богородице стануваат како риби безгласна, зашто не можат најдостојно да ги пофалат сите чуда од Светата икона Твоја, пројавени на родот наш: уште на патот кон руската земја таа чудотвореше, кога неверниците на благочестивиот Мануил му заповеда откуп да даде, светата икона кон земјата руска да пропатува, а нему потем двојно му се врати. Ние, пак, од тоа восхитени, верно Ти воспеваме:
Радувај се, неисцрпен извору на чуда!
Радувај се, на секоја милост Подателке!
Радувај се, Ти секогаш кон Бога си спремна за нас да притекнеш!
Радувај се, на промислата Божја за нас сокровиште!
Радувај се, на сите кои се беда прибежиште!
Радувај се, на оние кои се во тага утешение!
Радувај се, на болните исцеление!
Радувај се, на изнемоштените укрепување!
Радувај се, на вдовиците застапување!
Радувај се, на сираците Мајко милосрдна!
Радувај се, Ти по патот на вистината заблудените ги обраќаш!
Радувај се, за грешниците кон покајание повикување!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 10
Сакајќи да спасиш многу луѓе од беди и неволји, Богомајко, штедар извор на милост од Својата икона за родот наш источуваш: така и во Москва за блага Вратарка се покажа на сите што Тебе Ти се поклонуваат, давајќи им брзо помагање, и во новата заеница Иверска од Твојата икона благодатни струи се испушта, и во други градови и заедница, и на сите коишто Тебе Те почитуваат, се што во добро просека, Ти им исполнуваше. Така и ние, прославувајќи го БОГА, Кој благодат таква ни даде, Му воспеваме: Алилуја!
Икос 10
Тврдина си на монашкиот чин Богородице, и на сите што кон тебе прибегнуваат, зашто во девствената утроба Твоја, Творецот на Небесата и Земјата се всели, и ги научи сите ревнители на чистота и целомудрие, Тебе да ти возгласуваат:
Радувај се, од детството саду избран!
Радувај се, на целомудрието образу најчист!
Радувај се, палато на бессемено вневестување!
Радувај се, Невесто неневестна!
Радувај се, Родителке на сејачот на чистотата!
Радувај се, на верните во Господа пресретнување!
Радувај се, на оние во бура брза Помошничке!
Радувај се, од лоши дела избавување!
Радувај се, од маглата на штетните за душата страсти изгонување!
Радувај се, Ти која мислите ги очистуваш!
Радувај се, Ти која не учиш земните страсти да ги презираме!
Радувај се, кон висините нашите умови и срца ги насочуваш!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им ги отвораш!
Кондак 11
Секое воспевање кое се принесува за многубројните Твои добрини кон нас пројавени недоволно е: и колку безбројниот песок песни да Ти принесеме, Владичице наша, Богородице, ништо достојно за Тебе не сме направиле, за се што нам ни даваш, кои Ти воспеваме: Алилуја!
Икос 11
Светата икона Твоја, Богомајко, како светлозрачна свеќа за сите кои во темнина страдаат се јави; зашто невештествен оган на благодат примајќи, си зраци на чуда сите ги осветли, учејќи не сите на Благословената да и воспеваме:
Радувај се, за секоја наша потреба брза помошничке!
Радувај се, во маките наши брзо услишување!
Радувај се, од оган, меч, и напади на туѓинци избавување!
Радувај се, од глад и напаст на смртта ослободување!
Радувај се, од неволји и погибел смртна запазување!
Радувај се, на сите кои патувајќи по вода и суво во неволји се,ненадејно притекнување!
Радувај се, на сите рани душевни и телесни исцеление!
Радувај се, оставените од лекари во рацете свои ги примаш!
Радувај се, милосрдна Утешителке на сите оскрбени и обременети!
Радувај се, Ти ги примаш презрените и отфрлените!
Радувај се, на оние во најдлабокот очајание од гробот на погибелта извлекување!
Радувај се, и мене, лишен од добри дела, не оставај ме од покровителство и заштита Твоја!
Радувај се, блага Вратарке,дверите рајски на верните им го отвораш!
Кондак 12
Сакајќи простување да даде за сите долгови древни, разрешителот на сите долгови човечки дојде кај оние што од благодатта Негова отстапија и го скина списокот гревовен.Восприемајќи го богоглагодатното застапништво Нејзино, сите со молитви да и воспееме: Алилуја!
Икос 12
Воспевајќи ги чудесата Твои нам јавни, те прославуваме Богородице, како неисцрплив извор на милост. И паѓајќи пред чудотворната Твоја икона, смирено Те молиме, биди ни покров и сокровиште во денот на нашето упокојување, кога на суд пред Страшниот престол на Синот Твој ќе застанеме, да Ти воспееме:
Радувај се, Ти што во слава при престолот на Синот Свој седејќи на нас не споменуваш!
Рдаувај се, со Синот Твој и Бог вечно царствуваш и за нас притекнуваш!
Радувај се, за оние кои на тебе се надеваат, непосрамен крај на животот нивен дарование!
Радувај се, на безболен и мирен крај Строителке!
Радувај се, од митарствата горчливи избавување!
Радувај се, по Господа, на живот блажен наше надевање!
Радувај се, на оние што за десната страна од Синот Твој надеж имаат Строителке!
Радувај се, Ти која не удостои да го слушаме блажениот глас на Оној кој Царството Небесно во наследство ни го вети!
Радувај се, блага Мајко за сите што Те почитуваат, со тебе да живеат си ги удостоила!
Радувај се, вечно спасение и силна надеж за сите христијани!
Радувај се, блага Вратарке, дверите рајски на верните им го отвораш!
Кондак 13
О, Севоспеана Мајко, Пресвета Госпоѓо, Дево Богородице! Погледни на нас што со солзи оваа мала молитва Ти ја принесувам, пред пречистата Твоја икона сите моленија и надеж на Тебе ги положивме, избави не во овој живот од сите неволји и напасти, и од идните маки избави не, та спасени верно да Ти воспеваме: Алилуја!
(овој кондак се чита три пати, а потоа Икос 1 и Кондак1)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2037
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2333
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4589
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/10/2025 - недела

+Св.нмч-чка Злата Мегленска; св.мч-ци Карп и Папла

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата великомаченичка Злата Мегленска 26 октомври/13 октомври  2025

Тропар на светата великомаченичка Злата Мегленска 26 октомври/13 октомври 2025

Како сепаленица и жива жртваси се принесла на Христа, твојот Женики сесрдно презирајќи ја срамната измамана мачителите и телесно во...

 Тропар на светите маченици Пров, Тарах и Андроник  25 октомври/12 октомври  2025

Тропар на светите маченици Пров, Тарах и Андроник 25 октомври/12 октомври 2025

На делото на светите маченици,се восхитија Небесните Сили,како во смртно тело со Силата на Крстот,добро подвизувајќи се невидливо го

Тропар на светиот Апостол Христов Филип  24 октомври/11 октомври 2025

Тропар на светиот Апостол Христов Филип 24 октомври/11 октомври 2025

Апостоле Христов Филипе, тебе Господ ти дарува пород од телото,и преку тебе Духот Свети приведе мнозина кон спасение,Христов чудотворче,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная