логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVITER639

 

Бракот е заедничко патување  кон спасението – Митрополит Павел Сисанијски

Ќе одговориме на некои прашања, кои се поврзани со семејството, децата и различните проблеми, кои се појавуваат во тие односи. Прашањата кои се поставуваат, ги покажуваат видливите проблеми, кои понекогаш се тешки. Во првото прашање, една госпоѓа вели, дека нејзиниот сопруг е поблизок со мајка му, и ако таа се скара со него, тој веднаш се потпира на мајка си . Исто така, тој постојано го обвинува татко си и ја зема страната на мајка си  и сето тоа ја нервира неговата сопруга.

Човек често сретнува проблеми и се прашува дали тие нешта ги правиме ние, за кои се претполага, дека сме разумни луѓе?  Ние, за кои се смета, дека знаеме што сакаме и знаеме што станува со нас? Ние, кои некогаш решивме да се ожениме и да создадеме сопствено семејство, на крај во што го претворивме?

Набљудувањата на конкретната госпоѓа може да имаат многу толкувања и да изразуваат многу нешта но, ќе се обидеме да ги разгледаме сите по ред. За време на евентуален конфликт, бегството во моментот на напрегнатоста е полезно но, постојаното прибегнување кон мајката не е решението. Не е убаво, двајца луѓе да се судираат, а кога пак тие ја загубиле контролата над себеси, тогаш нивниот опит да го разрешат нивниот спор не само што не дава плод, туку во повеќето случаи е погубен. Тоа, како што кажавме, не е решение. Мајката, за жал, секогаш го опрaдвдува својот син и ретки се оние ситуации, каде што мајката може точно да објасни на својот син, дека грешката била негова.
Кога еден човек, кој создал семејство, а веројатно и деца, при најмалото разногласие и притисок прибегнува кај мајка си, тој син на мајка си и сопруг на жена си, никогаш нема да ги  разбере одговорностите за своето семејство. Затоа што секогаш, од една страна, ќе има оправдание, а од друга, ќе создава напрегнатост и заостреност во односите меѓу неговaта сопруга и незјината свекрва. Би рекол, многу просто, дека тоа е појава на незрелост.  Но, да објасниме нешто. Едно е човек да се грижи за своите родители, кога ќе се појави некој проблем – ако имаат здравствени проблеми или нешто друго, а друго е зависноста, оти таа, како и секоја друга зависност е болна состојба. Таа покажува, дека одбивањето од мајчиното млеко не се случило, а ако тоа не се случи во оној момнет, во кој е потребно, тогаш целата понатамошна врска е проблeматична. Следствено проблематична е врската на мајката со својот син, кога синот ќе создаде свое семејство. Што означува, тоа бегство?
Тоа означува, дека тој нема можност да се задржи сам на своите нозе. Означува, дека секогаш ќе бара да го оправда своето бегство. Тоа означува, дека никогаш нема да го види реалниот проблем. Може проблемот да е негов, а може да е на сопругата но, човекот треба јасно да го види проблемот, ако ска да го реши. Но, ако бега од проблемот, тоа покажува незрелост и тогаш веќе доаѓаме до проблематични состојби.
Тој човек, кој постојано прибегнува кон мајка си, а исто така е во постојан конфликт со татко си, и тогаш кога мајка му и татко ми се во спор, тој постојано ја поддржува мајка си. Таа состојба инаку може да изразува и други нешта, кои имаат врска со  некои непријатни преживувања од своите родители, кога тој бил дете. Веројатно сега, кога е поголем, чувствува, дека може да ја заштити мајка си, на која ú верува, и можеби е вистина, дека татко му ја онеправдува, како резултат на тоа, кое што можел да  да го направи во детската возраст, па го прави сега, секогаш оправдувајќи ја мајка си, а обвинувајќи го постојано татко си. Можеби е во право, а можеби и не.  
Во секој случај сите тие нешта се испомешани. Кога не сме способни да ги разрешиме, да видиме каде се границите на нашето семејство, да видиме каде се границите на врската со нашите родители, да го видиме начинот, на кој можеме да се најдеме во спорот меѓу нашите родители, на тој начин со сето тоа го создаваме впечатокот, дека сме пристрасни кон некој од нив двајца и најверојатно не му помагаме на другиот реално да се замисли. А пак, сето тоа значи дека, не сме го зеле најсериозно својот живот.
Проблемот, од една страна е, дека растеме според возраста, а од друга е тоа што не созреваме. Односно не созреваме не биолошки, туку духовно, дека не сме во состојба да ги разликуваме ситуациите. А тука пак, велгува и една друга тема. Во тоа семејство најверојатно живеат и деца. Навистина каква слика за семејниот живот формираат децата, гледајќи ги тие збркани состојби? Тоа е исто така знак за нашата незрелост, што не помислуваме за тоа; што постапуваме како да сме младенци и ги забораваме нашите сопствени младенци, ја забораваме сликата, која ја создавааат за семејниот жвиот. Не сме ги разбрале своите одговорности, не сме осознале колку е важно да можеме да  постапуваме одговорно, така што нашето семејство да биде поле за воспитание на нашите деца, за обучувањето на нашите деца. Не ја сфаќаме одговорноста, дека имаме сопствено семејство, дека имаме сопствени деца и дека треба да грижиме сериозано за нив.
Но, тука би сакал да одбележам уште нешто. Не сметам, дека сопругата е секогаш во право. Најверојатно треба да се разгледа дали можеби нејзиното однесување е погрешно. Таа консатира, дека понекогаш нејзиниот сопруг прибегнува кај мајка си но, дали воопшто таа се обидела да не создава такви сцени. Дали се обидела да води дијалог? Или сигурно прибегнувањето на нејзиниот сопруг кај мајка си е нејзиното алиби? Дали можеби таа постојано се крие зад мислата, дека дека секогаш има право и тоа да ја тера да не бара други излези? Не е од преголемо значење дали имаш право или не. Најзначајното е како се однесуваш кон ситуацијата, во која имаш право или не. Бидејќи многупати го употребуваме нашето право на таков начин, така што на крајот го претвораме во несправедливост. А самата несправедливост, ако ја употребиме правилно, најнакрај можеме да ја употребиме како повод да се поправиме и да ги преодолееме ситуациите. На тој  начин таа не треба да се крие зад однесувањето на својот сопруг, туку да се замисли над нејзините евентуални одговорности. Веројатно нејзинот сопруг е незрел, но  што треба да прави таа, за да стане зрел? Просто секој пат да ја искусува и констатира неговата незрелост? Не треба ли и таа да помогне, постапувајќи на еден различен начин?
Вистина е, дека секој од нас има искуство од семејниот живот. Исто така е вистина, дека многу од собитијата ни созаваат впечатоци, оставаат сопатувачки трауми врз душите на децата најверојатно за цел живот. Но, Христос ни ја даде токму таа слобода, да можеме да го промениме својот живот и тоа е нашиот голем благослов, да можам да го претворам горчливото во слатко. Дури и да сме имале непријатни преживувавања за време на детството, тие можат да профункционираат плодоторно во нашиот жвиот и ќе функционираат плодотворно, ако се оплодотворат од Христовата љубов, од правилното разгледување на другото лице. Важно е, не само да го гледаме однесувањето на другиот, туку да се замислиме и над нашето. Да се замислиме за да не се случи нашето однесување да го предизвика соодветното однесување на другиот.
Навистина ли госпоѓата, која го поставила прашањето, смета дека е само по себе разбирливо, дека се караат? И просто констатира, дека секој пат, кога се караат, тој прибегнува кај мајка си? Дали можеби таа се однесува на погрешен начин кон нивната врска, тешкотии, проблеми? Да не можеби се однесува властољуибиво и го ужаснува својот сопруг, кој се обидува да најде закрила (кај мајка му). Зошто самата таа, на ја дава таа закрила? Зошто не ја дава возможоста на сопругот да почувствува, дека може да се потпре на неа? Во еден дом, не може другиот да биде наш ад, туку треба да најдеме начин, то ј да стане наша радост.
Тука треба а поработиме многу, тука треба да се наведнеме многу, за да најдеме начин секој да стане радост за другиот, а не ад за другиот. Потребно е големо внимание. Понекогаш се научуваме да ги гледаме нештата и проблемите само од една страна. Многу пати ја гледаме немоќта на еден човек и наместо да го поткрепиме, за да ја надмине, ние ја правиме да изгледа поголема. Но, треба да си спомнеме, дека во бракот чекориме заедно, бракот заедничко патување, за да може секој од нас да ги надмине своите грешки, својот егоизам и така да се научиме да чекориме еден до друг, бидејќи едниот е радост за другиот.

 


https://pravoslaven-sviat.org/2019/04/02/brakat-e-obsto-patuwane/


превод од бугарски: М. Б.

 

 27.01.2022

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная