логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Eva.i.Deva.jpg

 


 КРАЛИЦАТА СМИРЕНА

-Ајде, отвори ги очите! Погледни ме!
Пркос ги отвора очите и ја здогледува девојката која го милуваше по косата.
-Обиди се пополека да станеш!
-Ме боли ногата.
-Како што падна, не се повреди многу! Напиј се малку вода!
По малку од свежата вода, а воглавно од нежните допири на оваа  прекрасна девојка, Пркос брзо се освести.
-Пред да се удрам, овде долу видов еден мал град. Сега не гледам ништо.
-Дрвјата околу реката се високи, па не се гледа.
-Дали тоа е Ти-Градот?
-Да.
Пркос скокнува на нозе.
-Пази на ногата, дете мое!
-Зар е можно да сум  стигнал така блуску и повторно сум го изгубил од вид? Како ми се случило тоа?
-Ти го знаеш тоа.
-Јас знам дека мојата глава треба добро да се протресе. Во моментот кога размислувам за убави работи, наидуваат некакви грди мисли....И потоа еве што  ми се случува!
-На сите луѓе им надоаѓаат грди мисли. Треба да се научиш да не обрнуваш внимание на нив.
-Значи?
-Па вака: кога ќе ти се појави некоја од нив, потруди се да ја оттргнеш.
Ако почнеш да веруваш во неа. Тогаш доаѓаат една по друга. А потоа пополека се лизгаат од умот во срцето.
-Се лизгаат?
-Секако, и штом ќе стигнат во срцето, доаѓа гневот, злобата, и тогаш едно зло носи друго.  Затоа е важно веднаш да ги избркаш, да не обрнуваш внимание.
-Се обидувам но, не успевам.
-Ако не можеш постои уште еден начин.
-Кажи ми , кажи ми!
-Потребно е наспроти грдата мисла да поставиш една многу убава. Остануваш мирен и чекаш. Добрата мисла ќе победи.
-Зар може една добра мисла да победи толку грди?
-Може и тоа како!
-Кoлку се мудри твоите зборови! Како се викаш?
-Смирена.
-Јас се викам Пркос. Од Јас-Градот сум. Со денови се обидувам да стигнам до Ти-Градот, но, безуспешно.
Раскажува на девојката за познанството со Ведрана и за сѐ што му се случувало на патот до овде.
-Немој да се разочаруваш! Многу су се приближил за само неколку денови. Други се обидуваат со години, па може и никогаш да не стигнат до Ти-Градот. Тебе од него те дели смо оваа река.
-Може ли да ми помогнеш да ја прејдам?
-Ќе ја поминеме заедно. Фати ме за рака и не плаши се  од ништо!
-Смирена, кажи ми, зошто сето она што на прв поглед се чини лесно, во стварноста станува така тешко?
-Колку што нашето ЈАС е поголемо, толку е сѐ потешко. Себичноста е непотребна. Потребни се едноставност и смирение.  
Чекорат држејќи се за рака. Реката бурно тече.
-Не гледам никаков премин.
-Сигнавме! Ги гледаш ли оние дивовски стени? Тие ја сечат силата на водата. Таму ќе поминеме.
Навистина во тој дел водата тече помирно. Во водата се наоѓаат големи камења. Тие скокаат од еден на друг. Стигнуваат до еден тесен отвор. Тоа е мрачен тунел кој поминува помеѓу карпите.
-Ќе поминеме одонде и ќе стигнеме на другата страна-објаснува Смирена. Пркос се двоуми и размислува: „Каде ме води оваа жена? Како така леко- мислено поверував на непозната личност? Можеби само глуми добрина? Ми се чини дека овде требаше да се настапи малку полукаво. Ќе ја пуштам сама да помине. Ако  видам дека стигнала на другата страна , тогаш јас ќе поминам сам. ”
Во мометот кога Смирена се наведна за да помине низ малиот тунел, Пркос  изненадно ја извлекува својата рака од нејзината.  Во истиот миг се слизна и –баааам!-падна во реката. Водата почнува да го носи. Иако се чини дека овде реката не е силна, постојат јаки водени струи.
-На помош! Смирена...а...а! На помош!
Таа, не губејќи време, скока во реката. Плива брзо. Го фаќа за облеката и пополека го извлекува на брегот. Ќе помине малку време додека се освести.
-Кој знае за што повторно си размислувал!
-Подобро да не ти кажам! Пред малку разговаравме за лошите мисли кои се лизгаат, нели? Е па, знаеш заедно со нив и јас се слизнав и еве како изгледам. ..
Смирена се смее.
-Како што гледаш ја делиме истата мака.
-Не знам како да ти се заблагодарам! Малку недостасуваше па да се удавам.
-Ако сакаш да ми се заблагодариш, ајде да ја поминеме реката!Мокри сме, треба да се преслечеме.
Повторно стигнуваат до малиот отвор. Пркос ѝ ја стега раката.
-Држи ме цврсто! Сакам ти да ме водиш. Сам никогаш нема да успеам.
Токму она ТИ кое го изрече, му помогна на Пркос да го намали своето ЈАС и така влезе во Ти-Градот.


Извадок од книгата: Патување од Јас-Градот во Ти-Градот од Мерсине Вигипулу.

Преведе од српски: Маја Белева

 09.08.2013 год.

 Друго:

 

 

  • http://www.google.com/search?q=%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B8+%D0%92%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D1%83%D0%BB%D1%83&sitesearch=preminportal.com.mk

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная