логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Hristos.Bogorodica.dete.jpg

ГОСПОД ГО ПОБЕДУВА ЃАВОЛОТ ВО НАШАТА ДУША,  КОГА  И НИЕ САМИТЕ СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ НЕГО


„Подклекната  под животните бранови“,...
Мир на Вас и спасение!
 Чекав писмо од Вас.
 Во врска со Вашата исповед за состојбата во која се наоѓате, Ви одговарам:
„Господ и Бог наш е Исус Христос...Амин“.
 Колку и да паѓате, не очајувајте и не губете ја верата сосема. Сочувајте макар и „една точка“ во себе која гледа и забележува и понекогаш длабоко тагува поради Вашата состојба и нема да потонете во морето на светските грижи. Господ тоа нема да го допушти, а во критичен момент ќе Ви пружи рака како на апостол Петар. „Светот ќе ве замрази“, им рекол Господ на Своите ученици пред две илјада години. Тоа пророштво непрестано и до денес се исполнува на учениците Христови, но се исполнува и она другото: „Бидете храбри, Јас го победив светот“. „Оној (Кој е) во вас е поголем од оној кој е во светот“, вели апостол Јован Богослов. Зборот „свет“ има две значења. Првото е – „надворешниот свет, паднатото човештво“, а второто – нашиот стар човек со своите страсти и грешни наклонетости.
 Овој свет е под власт на ѓаволот. Тој го наоѓа во него своето оружје, со кое го напаѓа и го прогонува ученикот Христов, сакајќи да го погуби. Но, Господ го победи светот, го победи и ѓаволот. Ѓаволот не може да напакости никому на сила, против волјата човечка.
Само оној кој свесно му подава рака, потпаѓа под власта на ѓаволот. А кој му се противи, кој го призива напомош Господ Исус Христос, тој е безбеден, нему демонските искушенија можат да му бидат од корист, навистина, му одат во корист.
 Своите паѓања и старост треба да се користат како средство за добивање на смирение. Човек, кој добива смирение, господари со своето внатрешно расположение, при што сите напади на ѓаволот стануваат одбиени. Човекот не се надева повеќе во себе, туку во Господ. А Господ е семоќен и го победи ѓаволот и го победува во нашата душа секогаш кога се бориме против него не со своја волја, но со повикување на Господа и со предавање себеси на Неговата волја.
 Не истоштувајте се. Не мислете дека духовникот чувствува одвратност од исповедувањето на гревовите. Ако постои искрена понизност, духовникот чувствува посебна милост и љубов кон оној кој се кае. Тоа е вистина. Таквото расположение на духовникот е сведоштво дека Господ му простува на оној кој се кае и со љубов го прима во Својата прегратка, како што го примил блудниот син.
 Значи, бидете храбра. Нека се закрепи Вашето срце! „Оној во вас, е поголем од оној кој е во светот“.
 Нека Господ Ви помогне во сè што е добро, нека Ве поучи, поткрепи и утврди на каменот на своите заповеди и да Ве приведе кон спасение и радост во вековите на вековите. Амин.

 

 

(Продолжува)

 


5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg 

Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски: Александар Божиноски

Рецензент: М-р Илија Орачки

Лектура: Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување: Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга


Друго:

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная