Едниот од сириските Mитрополити е убиен (28.06.2013 12:26)
На интерент е објавена видео снимка од убиството на сириски Eпископ и
негов помошник. Во веста на сајтот Intifada, цитирана од Православие и
мир, се вели дека тие се обезглавени.
Сѐ уште нема официјална потврда на информацијата, а исто така не е
познато кој од двајцата духовници, што беа киднапирани во април, е
убиен.
Митрополитот на Алепо Павле и Сиро-јаховитскиот Митрополит Јохан Ибрахим
беа киднапирани на 22 април од вооружени лица и оттогаш нема официјални
податоци за нив. Нивниот шофер и ѓакон е убиен уште при самото
киднапирање. Двајцата духовници патуваа по работа. Тие се занимаваа со
решавање на хуманитарните проблеми на месното население во селотот
Кафр-Даел, на границата меѓу Сирија и Турција.
Во последните месеци се правеа обиди од разни земји да се воспостави
контакт со киднапираните духовници и да се преговара за нивно
ослободување. На почетокот на јуни во Париз беше организирана акција за
поддршка на двајцата Митрополити.
Извор: Двери.бг
Извор: МПЦ-ОА