логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  TVITer60

ДОБРЕДОЈДЕ ЗА ОНИЕ КОИ ШТО ПАТАТ ОД МЕНТАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ

Др.Никита. Џ.Ајке

 

„Господи, кога те видовме....болен.....? (Матеј 25:44)

Во случај на ментално заболување одговорот е едноставен: секој ден од нашиот живот, во и надвор од црквата, доколку имаме очи да ги видиме оние околу нас кои што одат ранети. За жал, тие често одат незабележани во нашите парохии, точно во местата каде што дошле да добијат исцелување за она кое што е онтолошки во коренот на болеста: злоба и грев. Гревот е одделување од Бога, и како што објасниле Отците, кога еднаш човек ќе се оддели од Бога, тој полудува.

Оттука во неговата состојба после падот човекот повеќе не ужива во состојба на единствено ментално здравје; сите ние сме болни до различни степени на скалила помеѓу болеста и здравјето. Како заштитна мерка за себе вообичаено е да се направи остра и понекогаш арбитражна разлика помеѓу она што се мисли за здраво и не здраво, обично на сметка на оние помеѓу нас кои што се поболни и поранливи. Ние сите се движиме ранети. Некои се поскршени од други и станале огледала, кои отсликуваат слики од нас самите кои со задоволство би ги игнорирале.

      Истакнато место во Христовото служење претставува Неговото  исцелување; спасоносни дела кои што ја обновуваат човечката природа во нејзината севкупност. „И одеше Исус по цела Галилеја...и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот.“ (Матеј 4:23). Раната црква дури и е опишана како „општество од добро организирана психијатриска клиника.“ Способноста за лечење на една личност или на организација како што е парохијата првенствено се мери според нејзината способност навистина да ги прифати оние кои што се болни. Да ги прифати значи да ги прегрне, да ги прифати како да се вистински една целина еден со друг. Лесно е да се смешаат прифаќањето со толеранцијата што значи нешто кое што може да се истрпи или прифати. Иако сите ние сме болни до одредена мерка, некои страдаат од клиничка, ментална болест без разлика дали се формално дијагностицирани. Приемот кој што ќе го имаат во било која парохија зависи од здравјето на парохијата. Тажно е да бидеме сведоци на луѓе кои страдаат од ментална болест и се толерираат само од дистанца. Устата можеби зборува љубезни зборови но говорот на телото јасно го покажува одбивањето. „Господи, кога те видовме болен и не ти послуживме?“ (Матеј 25:44)

     За разлика од други болести менталното заболување носи со себе општествена стигма. Како некој  кој што страда од ментално заболување да е помалку човечко суштество. Овој став може само да ја продолжи атомсферата на срам и страв и да спречи многу луѓе кои што страдаат да побараат медицинска помош и на тој начин да ја зголемат нивната болка. Личноста со ментално заболување првенствено е и секогаш ќе биде личност создадена според лицето на Бог. Менталното заболување не ја менува или пак брише таа слика. Предрасудите во црквата доаѓаат од луѓето кои кои што ги носат истите тие предрасуди со себе. Тоа ги лишува луѓето со ментално заболување од место за почин каде што тие дошле за да ги ублажат своите таги.

   Знак на ментално здравје е да се биде способен да се воспостави однос со другите како обновено човечко суштество во севкупноста на неговата личност; и исто така да се признае менталното заболување како привремена, надворешна состојба. Да се биде заболен, тоа не е дел од нашата природа. Само световните очи покриени со безнадежност ќе го видат менталното заболување како нешто  конечно и не како нешто страно кое кога и да е ќе помине, доколку гледаме над ограничувањата на нашиот свет. Земајќи го предвид фактот дека вистински можеме да се поврземе со другите само преку оние делови од нас кои се здрави, ние не треба да го идентификуваме и да го сведеме другиот на заболувањето кое што влијае на него. Треба да бидеме внимателни да не го претвориме заболувањето во жив чинител; тоа нема свој живот.  Голем извор на болка за оние кои што се заболени е да бидат дефинирани според нивното заболување, чинот на етикетирање. Сите ние сме слушнале „Овој е депресивен или шизофреничар.“ Заболувањето не ја дефинира личноста. Севкупноста на личноста на секој од нас е засегната поради грешноста и гревот; но потенцијалот за целосна личност постои во секој од нас, без оглед на присуството на менталното заболување.

    Несреќна околност е тоа што оние кои што страдаат од ментално заболување не се чувствуваат секогаш добредојдени во сопствента парохија. Причините се бројни, почнувајќи од страв, недостаток на грижа или чувство дека оние кои што страдаат од ментално заболување се товар, па се до одбивањето да им се помогне или погрешното сфаќање дека менталното заболување е нешто што не припаѓа на црквата. Сепак многу видови на ментални заболувања се симптоми на духовно заболување за кое што нема друго место на кое што можеме да се обратиме освен до Бог и неговата црква. Доколку затворањето на вратите, емоционално, на дел од популацијата не е доволно штетно, обратното-отворањето-може да биде исто така деструктивно. Без јасно разбирање за тоа што е ментално здравје и ментално заболување, комуникацијата, границите, реакциите и однесувањето ќе останат патолошки, создавајќи отровна средина која што може да се почувствува но не и свесно да се признае како таква затоа што станала стабилна, дури и ако е нездрава, статус кво. Таква состојба ќе трае се додека некој  наизглед не штетен настан не ја вознемири рамнотежата создавајќи друга криза која што може да најде решение за здравјето доколку се вложат големи напори или доколку се следи патеката на помал отпор кон различна рамнотежа исто толку патолошка како и претходната. Квалитетите на свештеникот за да помогне, здравјето на парохијата како и духовното здравје на верниците се во директна корелација помеѓу себе во динамичната состојба на рамнотежа.

     Психијатријата и психологијата си имаат свое место во третманот на православните Христијани кои што страдаат од ментално заболување, но само како додаток на најважниот дел од терапијата- духовната грижа која на сите ни е потребна. Секуларните третмани не се замена за духовниот третман а тоа е животот во црквата, каде што молитвите, аскетските дела, прочистувањето и учеството во светите тајни завземаат централна улога. Секуларните третмани понекогаш се неопходни за да стане личноста поприемчива за лечење на духовно ниво.

     Антропологијата која што ја нагласува психијатријата и психологијата е производ на секуларната култура која што беше во голема мера под влијание на западното Христијанство, и се разликува од патристичката антропологија, етика и сотериологија. Тие се поклопуваат на некое ниво и можеби имаат некои сличности на површината, но нивните основи се доста различни. Западната медицина не се грижи за здравјето на целокупната личност сега или во времето кое доаѓа. Во неа нема христијански, сотериолошки и есхатолошки димензии. Секуларната психотерапија може да биде само делумна и некомплетна. Грижата за оние кои се болни не е само одговорност на лекарите; тоа е грижа на сите во согласност со нивните капацитети. Од едноставна насмевка до поздрав или поголема инволвираност ние сите можеме да се грижиме еден за друг. Да се правдаме дека тоа не е наша одговорност, тоа едноставно не е опција.

    Во постмодерната ера, или како што некои ја нарекуваат постхристијанска ера, има експанзија на голем број на состојби кои што се класифицирани како ментални заболувања и зголемена потреба, можеби вештачка, од психијатри. Луѓето повеќе не грешат, тие „имаат дилеми.“  Следствено на тоа, повеќе нема потреба да се оди на исповед. Постои голема веројатност дека ова ќе допринесе за зголемување на потребата од психотерапија. Незапознаени со живата рамка на препораки кои ги овозможува црквата, луѓето се оставени на милост на светската етика која што постојано се менува, со норми кои што го имаат за цел индивидуалното, и етика која што се одвојува од целото човештво и несвесна за својата дестинација. Тоа е етика во која што човекот го обожува човекот без внатрешно чувство за  своето потекло или својот повик и е исто така неук за својата вера. Без јасна дестинација-царството Божјо-човекот е оставен во состојба на расштрканост додека лута по различни патишта во животот без јасна цел, која што може да биде обезбедена само со послушност кон волјата Божја. Ова mal de vivre (во буквален превод: измореност од животот) е одговорно за егзистенцијалното страдање, кое што често е цел на вниманието на професионалците за ментално здравје, кои што имаат да понудат многу малку веродостојни одговори, посебно затоа што таквите одговори и припаѓаат на црквата. Како додаток на потешкотиите на пациентите при наоѓањето помош се фактите што многу свештеници имаат премногу работа или не се во состојба каде што можат да понудат духовна психотерапија, а многу парохии не се подготвени да им излезат во пресрет на ментално болните. Да се има добра волја е само првиот чекор за да се биде подготвен и способен.

     За оние кои што страдаат од психијатриско заболување, психотерапијата со многуте свои форми може да биде непроценлива алатка и додаток кон целосно учество во животот на црквата и нејзините свети тајни. Улогата на лекарот не може да се конципира како случување надвор од црквата, но само како нешто неодвоиво од црквата. Психотерапијата одвоена од својата Христијанска перспектива може да пропушти некои од вистинските прашања, затоа што барањето да се „тргнат настрана сите изговори“ не е присутно како „заштитна ограда.“ Без холистички пристап не е изненадување тоа што стапката на успех на терапевтските интервенции и разочарувачки ниска.

     Во последниве години психологијата и психијатријата почнаа да се интересираат за православниот пристап во менталното и духовното здравје. Работата на Митрополит Еротеј и др.Џ.С.Ларчет, да наведеме само двајца, повторно го разбуди интересот на православните Христијани за терапевтските методи кои беа наши скоро две илјади години. Исто така го привлече вниманието на западната секуларна култура и тоа во форма на терапија која што претходно не беше позната на Запад. Извесни видови на психотерапија кои што моментално се користат во западната медицина-психотерапија на поддршка, когнитивна бихевиорална терапија, обратна психологија- сите со неодамнешно потекло, имаат некои сличности со техниките на духовната борба користена од генерации на аскети низ вековите. На пример, отците користеле методи како катарза, преформулирање, спротивставување, и парадоксални интервенции при третирањето на духовната болест.

     Потеклото и развојот на видовите на секуларна психотерапија спомнати погоре не потекнуваат од патристички извори. Тоа се случаи каде што модерната наука го потврдила она кое што православното Христијанство веќе го знаело. Сепак нивниот telos, Христијанската перспектива на патристичките терапевтски методи и нивната неразделна асоцијација со сакраменталниот живот на црквата прави разлика помеѓу нив и било кој секуларен еквивалент. Контекстот на православната психотерапија изгледа дека избегна многу од неправославните чинители заинтересирани за нашиот пристап кон здравјето и заболувањето. Исто така има погрешно сфаќање помеѓу православните верници дека тоа е пристап кон духовната борба која им припаѓа само на монасите. Православната психотерапија е терапевтски систем која што се осврнува на заболувањата кои што ги пустошат душите на човечките суштества, без оглед на нивната професија, а со соодветно водење може да биде персонализирано како за монасите така и за обичните верници.

     Американското Здружение за Психологија неодамна во нивната листа на постоечки терапии вклучи и дискусија за третманот на православните Христијани. Да се има повеќе прегледност може да биде позитивно во некои аспекти, но популаризацијата надвор од контекстот може да доведе до тривијализација. Примената на православната терапија надвор од православната црква е сосема безначајна. Православната терапија како што ја сфаќаат и разбираат отците не е „еден од видовите на постоечки терапии“; таа е „патот“ за исцелување на нашата заболена душа, и тоа е суштинската разлика од другите форми на терапија.

    За жал несреќен развој на настаните е тоа што секуларниот концепт на менталното заболување е толку оддалечен од сфаќањето на отците. Патристичкиот концепт почнува со премисата дека после падот човештвото се разболело;  разделени од Бога ние сме полуделе. Оттука нашите способности да размислуваме, расудуваме, чувствуваме, разбираме и останатите когнитивни капацитети, емоционални способности и интелигенција се расипале. Следствено на тоа, нашето однесување и нашиот  внатрешен живот повеќе не го изразуваат ликот според кој сме создадени. Доколку е тоа така, и доколку според сите намери и сите цели ние сме луди, кога зборуваме за ментално заболување?

   Една од секуларните дефиниции на менталното заболување гласи вака: „Менталната дисфункција, менталното заболување или менталната болест се термини кои се користат за психолошка или физиолошка рамка која што се појавува кај индивидуата и обично се поврзува со болка или неспособност која што не се очекува како дел од нормалниот развој или култура. Признавањето и разбирањето на менталните дисфункции се промени со текот на времето.“

     Ментално заболување го нарекуваме оддалечувањето од она што станало „норма“ во нашиот паднат свет, во специфично општество и специфично време, каде, и за време во кое ние живееме. Оваа дефиниција не го зема во предвид фактот дека светот не е нормативен; црквата е нормативна. Некои специфични состојби како меланхолијата, фобиите, шизофренијата и делириумот, да наведеме само неколку, се познати и признати низ историјата; додека други состојби, како Пост-Трауматскиот Стрес или Дисфункцијата на Прилагодување се понови додатоци во класификацијата на ментални заболувања. Тоа не значи дека тие на постоеле; тие можеби постоеле, ни општеството не ги препознало истите како заболувања. Во некои случаи, тие се сфаќале како нормална реакција на абнормалниот свет. Во паднатиот свет појавата на совршено ментално здравје треба да биде причина за грижа и да го постави прашањето за духовна индиферентност, смртно заболување, или поточно, духовно самоубиство. Иако корисно во медицински контекст, концептот на ментално здравје во овој свет е само фабрикација на неискусно духовно око.

      Исто така модерното општество има склоност да го нарече „заболување“ она што во минатото било недостаток на доблест, заробеност од страстите или грев. Недостатокот на доблест е навистина заболување на душата, но со давањето лекови за таква состојба ние ги ослободуваме од вина и од нивната одговорност кога тие прават проблем, на тој начин оневозможувајќи да се дојде до суштината на проблемот, кој што во неговата суштина е духовен. Со одбивањето на фактот дека апсолутната вистина навистина постои и ни беше покажана нам од оној кој што е вистина, ние денес се соочуваме со општество кое што постојано редефинира  што е пречекорување на нормите. Кога еднаш сме утврдиле што е грев, напредувањето кон постојано растечките повисоки нивоа на одрекување е без резултат.

    Оние кои што тврдат дека менталните заболувања имаат биолошка етиологија со право ќе покажат дека постои молекуларна основа за патолошко однесување. Дебатата за природата наспроти искуството продолжува со децении, но без разлика кој ќе биде резултатот, тоа останува објаснување за она што го нарекуваме симптом. Треба да одиме подалеку од симптомите за да стигнеме до коренот на проблемот. За научниците ова значи да се открие кои неурохемиски патеки или хромзомски структури може да бидат зафатени; за науката тоа е етиологијата; за нас православните Христијани тоа е симптом на нашата состојба или грев. Овдека не се занимаваме со теории кои се натпреваруваат за да го објаснат проблемот; науката и религијата на истото прашање гледаат од различни аспекти. Глупаво би било да се игнорира науката, затоа што отците секогаш гледале на науката како додаток на истражувањето и разбирањето на универзумот. Проблемите со науката настануваат кога ќе се изгуби Христијанската перспектива, и со др.Р.Д.Лејн, психијатар, можеме да речеме: „Научниците не можат да видат како гледаат со нивниот начин на гледање.“

    Иако експертите за медицинска етимологија се обидуваат да го исфрлат од употреба зборот „заболување“ како нејасен и стар народен збор, тој е корисен кога гледаме на различни патологии од православна перспектива. Потеклото и користењето на зборот „заболување“ не потсетува на ситуацијата. Потекнува од зборот болен кој што се појавил во средниот век. Неговото потекло е непознато не се користел за да изрази нешто што е зло или состојба кога некој е мачен. Постар Англиски израз би бил: „разликата помеѓу доброто и лошото.“ Тоа е точно она што претставува болеста: спротивност на она што е добро. Сократ кој што бил на умирање и егзистенцијалните филозофи после него го нарекувале „живот како болест.“ Православните Христијани со право ќе тврдат дека тоа е дар од Бог, животот тешко може да се претстави како болест, дури и ако во овој свет ние сме болни од почетокот. Нашето здравје е безначајна реалност, со моќта на животот која што е во несигурна рамнотежа со моќите кои што и се спротивставуваат. Со оваа перспектива цврсто на ум ние треба да им пристапиме на оние кои што страдаат од ментално заболување, гледајќи на нив како на наши партнери во борбата во овој свет и прегрнувајќи ги нив во однос на себесподелување кое што ја претставува љубовта која што Бог ја има за сето Негово творение.

       „Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја “ (Пс.51:5 ) објавува псалмопевецот, навестувајќи со тоа дека сме родени во состојба на болест, нашата падната состојба. Почнуваме да умираме од моментот на зачнувањето. Нашето тело на молекуларно ниво ги носи кодовите кои што ќе водат до келијна смрт и евентуално смрт на телото. Болеста е пад, одделување од Бога. Севкупната личност, телото и душата, стануваат искршени до самата суштина на нивното битие, до точка кога сите компоненти се засегнати и каде молекулите веќе не можат соодветно да комуницираат помеѓу себе. Поради гревот смртта стапи во светот и поради смртта гревот е овековечен. Ние се разболуваме и нашето заболување се проширува на нашите односи со другите, со создавањето и со Бог.

    Наша задача во овој свет е да умреме колку што можеме поздрави во душата и телото. Она што светот го оценува како заболување е само одделување од она што се смета за физиолошки норми во светот. Не се кажува ништо за состојбата на душевното здравје. Личноста може да страда од заболувања и сепак да биде здрава во духот, дури и во агонијата на менталното заболување. Личноста може да биде депресивна и сепак да ја искуси радоста која што доаѓа од комуникацијата со Бог и да се надева на светот кој што доаѓа. Често има забуна помеѓу радоста и среќата. Среќата е задоволство кое што доаѓа од исполнувањето на световните желби, кои што пак по дефиниција се минливи и привремени. Трагањето по светска среќа е страст која што води кон панатамошно кршење на мозокот. Радоста не може да биде одземена и може да коегзистира заедно со менталното заболување кога еднаш личноста стекнала увид за да го оддели световното и привременото, менталната болест и она кое што е вечно-радоста на Божјото присуство. „Затоа добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен.“ (2 Кор.12:10).

    Кога се осврнуваме на прашањата од полето на менталното здравје ние мораме да балансираме со секуларниот концепт на здравјето според кој здравјето е релативно отсуство на болест и чувство на благосостојба, и православниот холистички концепт кој што ги опфаќа сите аспекти на личноста во сотериолошка и есхатолошка перспектива на здравјето. Двата концепта не се исклучуваат еден со друг, но треба хармонично да се интегрираат. Во православната перспектива наша најголема надеж е да умреме духовно здрави-во нормална состојба; духовното здравје не завршува поради заболување и смрт. Во овој свет здравјето нема суштинска вредност или со зборовите на Св.Базел Велики: „Се додека не прават добро, оние кои што го поседуваат здравјето, на може истото да го стават помеѓу оние работи кои што се добри по природа.“

     Што се однесува до менталното здравје повеќе одговара зборот „нормалност“ затоа што означува желба да се вратиме кон она „што било претходно.“ Според оваа дефиниција нормалноста е желба да се вратиме на нашиот статус пред падот, во нашата природна состојба: да го вратиме ликот на Бога во нас, според благодатта да станеме негова лика и прилика; со други зборови, да добиеме theosis, да станеме како Христос, да ги насочиме нашите напори кон Бога. Единствена нормална личносѕт која што некогаш битисувала во овој свет беше нашиот Бог, Исус Христос. Стремејќи се кон оваа состојба на нормалност ние мораме да се носиме со менталните и физичките заболувања од кои што сме засегнати. Токму тоа во нас кое што наликува на Христос може соодветно да дејствува на нашето сопствено заболување и на заболувањата на другите.

     Иронично, во нашата борба да станеме како Христос светот несомнено ќе не нарече луди и болни, затоа што не се однесуваме според неговите норми. Нормите се интересен концепт. Нормите на однесување се дефинирани како нешто кое што е статистички и општествено прифатливо, не предизвикува лична болка и не е неприлагодено однесување кое што ќе предизвика болка кај другите. Христос ни дал нам различни правила: „со кажувањето на вистината за себе, Христос ни ја кажал вистината за нас.“

     Нормите кои што ни ги дава нам, иако веродостојни за специфични цели, можат да бидат такви само внатре во параметрите со кои што имаме намера да мериме и само ако не се во конфликт со Божјиот збор. Свесно или несвесно, секоја личност носи група од норми со кои ги оценува другите и како организација парохиите го прават истото. Христос ни ја покажал неговата љубов и сочувство за сите оние кои што се болни. Неговата љубов и сочувство кон оние кои што се болни и оние кои што страдаат се нормативни за нас и треба да ни го покажат начинот на кој ќе комуницираме со оние кои што се болни од ментално заболување.

       Како индивидуи треба да го прифатиме заболувањето како можност за да растеме духовно. Исто така парохијата треба да ги прифати со светла тага оние кои што се мантално заболени; тоа е мерка на квалитетите за лекување и опоравување на парохијата. Не можеме да го сакаме она кое што не го сакаме, а без вера и љубов лекувањето е невозможно; „молитвите на вера ќе ги спасат болните.“ (Јов.5:15) Како што телото Христово го споделува црквата во лекувањето со Христос, кој што беше пратен „да ги лекува оние со скршено срце.“(Из.61:1) Тоа е пракса која што треба да биде воспоставена во секоја парохија, за да им посака добредојде на заболените и оние кои што страдаат и кои што ни се пратени нам како благослов. Благосов кој што можеме да го видиме само на начинот на кој што „Бог му се јавува на умот и на срцето.“ (Св.Никифор Исповедник)


Др.Никита Џ. Ајке е психијатар во Хемпстед, Доктор на Медицина  и член на ОКА Етичкиот Комитет.

За да му испратите коментари ве молиме пишете на е-меил:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Превод од aнглиски: Димовска Светлана,
професор по англиски и германски јазик

 

 Друго:

Митрополит Струмички Наум- Христијански идентитет

 3.angeli.so.truba

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная