26.11.2009
Стихозбирката Бели мугри од Кочо Рацин, е култно дело кое значително влијаеше во утврдувањето на македонскиот јазик и во развојот и тековите на современата македонска литература.
Вака денеска беше оценето значењето на Бели Мугри во Друштвото на писателите на Македонија, каде се одбележа 70 годишнината од објавувањето на капиталното дело на Кочо Рацин.
Се работи за тестаментална книга која го најави будењето на слободната мисла на Македонскиот народ, беше речено на денешниот собир во Друштвото на писателите.
Извор: http://www.time.mk/read/27c4ecd37c/34c35b5dd7/index.html