Пијанистот Симон Трпчески ја воодушеви публиката на трите концерти што ги одржа викендов со Филхармонискиот оркестар на Лос Анџелес. Билетите за сите настапи во престижната сала „Волт Дизни“ биле одамна распродадени. Поради големиот интерес, последниот концерт бил пренесуван и на радиото за класична музика во Лос Анџелес, а можел да се слуша и на интернет. Под диригентската палка на водечкиот светски диригент од младата генерација, Густаво Дудамел, Трпчески го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар од Прокофјев. Престижниот „Лос Анџелес тајмс“ не штедеше убави зборови за концертот.„Извонредна вечер приредија младиот диригент и младиот пијанист. Иако не се очекуваше таков успех, резултатот беше вечер без ниеден здодевен момент, што ги надмина сите очекувања. Да се отсвири Првиот концерт за пијано и оркестар на Прокофјев е исто како млад пијанист да реши да изврши убиство. Трпчески се спаси од убиство. Тој има мускулна техника и големо его. Со леснотија ги совлада брзите делови и даде елоквентна нота на првата ‘Арабеска’ на Дебиси. Дефинитивно имаше електрицитет во воздухот во салата“, пишува Марк Свед во „Лос Анџелес тајмс“.