„Белата гулабица“ е нова едиција по повод 25 годишнината на Издавачката куќа „Ѓурѓа“. Во неа ќе бидат објавени 500 најзначајни дела од светската книжевност.
И оваа година заради големиот интерес цените ќе бидат намалени од 50-80%, односно книгите од оваа едиција наместо 499 ден. ќе се продаваат по 200 ден. примерок.
Издавачката куќа „Ѓурѓа“ во едицијата „Белата гулабица“, во која ќе бидат објавени петстотини најзначајни дела од светската книжевност, ја објави книгата „Луѓето од Селдвил“, кратка проза, од Швајцарецот Готфрид Келер. Тоа, воедно, е прво дело на Готфрид преведено на македонски јазик.
Ова се најубавите страници на Келеровата проза. Селските Ромео и Јулија поради класичната, трагична љубовна приказна на двајца млади осудена од омразата на нивните татковци. Крајно реални ликови, како дел од нашето соседство. Робови на своите нагони и страсти кои упорно трагаат по посветла иднина.
За жал, некои од нив не успеваат да го дофатат виножитото.
Готфрид КЕЛЕР (1819–1890)
Се родил и живеел во Швајцарија, едно од најкрупните имиња на германскиот и европскиот реализам. Добил државна стипендија по издавањето на првата стихозбирка, па студирајќи во Хајделберг и во Берлин го дополнил самоукото образование. Ги издал збирките Седум легенди, Луѓето од Селдвил, Циришки новели, Епиграм, како и романите Зелениот Хајнрих и Мартин Саландер.