ПРЕВОДИ
Проект на "Или-или" дел од Програмата за култура на ЕУ
Проектот за поддршка за превод на осум книги во 2011 година на издавачката куќа "Или-или" доби одобрение од Програмата за култура на Европската унија 2007-2013. Стручната комисија за литературни преводи во Брисел високо го оцени проектот на "Или-или" со 98 од максималните 100 бода. На конкурсот за програмата за 2011 година конкурирале 210 издавачи од ЕУ и земјите-кандидатки, а од нив се прифатени проектите на 117 издавачи.
Македонската читателска публика во следната година ќе може да ги очекува осумте книги преведени од 8 јазици во издание на "Или-или": "Истанбул како сказна" од Марио Леви, (превод од турски на Ѓулнихал Исмаил), Проклета реко на времињата" од Пер Петершун (превод од норвешки на Искра Бадева), Комунистот Монте Кристо" од Шчечи Ноеми (превод од унгарски на Златко Панзов), Срце така бело" од Хавиер Маријас (превод од шпански на Катерина Јосифоска), Слава" од Даниел Келман (превод од германски на Ива Фиданчева), Есен во Пекинг" од Борис Вијан (превод од француски на Ацо Пероски), Гнасотилак" од Ирвин Велш (превод од англиски на Калина Јанева) и Без догма" од Хенрик Сјенкевич (превод од полски на Лидија Танушевска).