логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТСКИ ЛЕГЕНДИ: АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ
Кратка бисерна приказна за животот...


"Не умеам да пишувам големи работи"..., ќе рече големиот А.П.Чехов. Смешното во животот станува речиси еднакво со возвишеното... "Во детството немав детство", ќе се пожали творецот. Од својата мала заработувачка одвојува и праќа пари на семејството. Чехов не умеел да се штеди... Како лекар знаел дека е неизлечиво болен и дека ќе умре... А сепак останавме, осветлени со тажната насмевка на срцето полно со љубов...Погребан е на гробиштата кај Новодевичанскиот манастир во Москва...

ЧЕХОВОТО ПИСМО
"Не умеам да пишувам големи работи"... Оваа реченица на Антон Павлович Чехов или пак Антоша Чехонте, е директен повод за книжевната критика во Русија во втората половина на 19. век да го канализира своето мислење дека писателот се определил за новелата како жанр, затоа што немал сила да напише роман. Но, како и секој добар мајстор на својот занает, тој својата немоќ ја преобразува во доблест - го доведува краткиот расказ до совршенство. Неговиот талент е осведочен како талент од врвен дострел преку кој "може се што ќе посака". Чехов конечно сфаќа дека кратката приказна е извонредно погодна за со неа да се опфати сиот животен круг на ситуации. За разлика од поглавјата и сижејните линии на романот, расказите се меѓусебно независни и како каменчиња во мозаикот се сублимираат во едно повисоко единство - уметниковата визија за светот. Човекот и животната ситуација е изворната мисла на Чехов. Сеопфатен мотив за кој секојдневно раскажува. Како и Гогољ, чиј "Ревизор" не бил сфатен од критиката и гледачите, кои не го приметиле единствениот позитивен јунак во пиесата - Смеата. И Чехов на самиот почеток на своето творештво ја сфатил и прифатил снагата и значењето на Смеата. Смешното во животот станува речиси еднакво со возвишеното и трагичното, а и почесто се среќава од нив. Но, смеата кај Чехов е изнијансирана. Некои негови приказни само насмеваат, другите исмеваат, а третите смеат па растажуваат. Чехов најчесто раскажува смешна случка, во која се наоѓа обичниот човек - јунак. Тие приказни немаат никаков поттекст, ниту поинаква цел, освен да засмеат. Такви се "Исповед", "Чизми", "Коњско презиме", "Среќен човек", "Натегање", "Осветник"... и многу други.

Што се однесува до Театарот и неговите пиеси, во Художествениот театар, кој игра главна улога во Чеховата животна пресвртница, кон крајот на 90-тите години на 19. век. Ниедна не е без контекст и поврзаност со неговиот живот. На пример, Маша од "Три сестри" неодоливо потсетува на актерката Олга Книпер, која станува животна сопатничка на Антон Павлович. Својата љубов кон Лидија Мизимцева тој ја вплетува во "Галеб" и се така во животот, Чехов "не сакајќи" пишува трагедии на кои луѓето плачат, а ги замислил како комедии...

ЖИВОТОПИС...
Антон Павлович Чехов (17 јануари 1860, Тангарог, Русија), е роден во семејство на ситен бакалин, чудак, не многу желен за работа, заљубен во црквеното пеење; мајка Евгенија, кротка жена со добро срце. За нив синот Антон ќе рече: "Талентот го наследивме од татко ни, а добротата од мајка ни"... "Во детството немав детство", ќе се пожали творецот. Тој бил и ученик и чирак, со гадење ја прифаќал "вештината" на ситно поткраднување на вагата. Во 1869 се запишува во тангарошката гимназија. Кога во 1875 година татковата бакалница пропаѓа, семејството Чехов се сели во Москва, куќата е продадена, а Антон со својот помал брат останува во родното гратче да заврши гимназија. Тој како дете од пропадната куќа ќе се наслуша муабети кои го исмејуваат неговиот татко, а морал да се грижи за себе и за помалиот брат. Давал часови на децата од богатите семејства и секојдневно ја чувствувал навредата во погледите на неговиот износен костум...Често добивал писма од мајка му: "Добивме од тебе две писма полни со шеги, а имавме само четири копејки за леб; чекавме случајно да се сетиш да ни пратиш пари. Маша нема бунда, а јас чевли, па седиме дома... И така А.П.Чехов, од својата мала заработувачка одвојува и праќа пари на семејството. Со стипендија од 25 рубли месечно во 1879 година се запишува на Медицинскиот факултет во Москва. Ги избира најтешките студии, но токму тоа го сака: професија која ќе му гарантира материјална независност. Неговите хонорари се главниот извор на средства за живот на семејството. Учел и пишувал во тесниот стан, со постојана бучава и кавги. Токму во тие години ('80-тите од 19 век), првпат проплукува крв... За седум години објавува пет збирки со преку 170 раскази. Критиката воопшто не му помага да ја сфати вредноста на својот талент. Напротив, Михајловски го напаѓа за безидејност, а Скабичевски мисли дека "ќе умре пијан..." Но неговата петта збирка (1888) ја добива Пушкиновата награда...

За својата политичка определба во писмото упатено на Плешчејев тој вели: "Јас не сум ниту либерал, конзервативец, реформист, ниту индиферентист... Но тоа не говори за неговата безидејност, ами за стадиум на надминување на дневната идејно-политичка актуелност...
Чехов е осаменик секаде, дури и во семејството. Колку што повеќе неговата слава расте, неговите браќа, обајцата уметници: Александар - раскажувач и Николај - сликар, се повеќе се отуѓуваат. Со него останува неговата сестра Марија, која не се мажи само за да се грижи за својот брат, паметејќи дека токму тој ја школувал од неговите училишни хонорари. Чехов таа жртва не ја барал од неа, а на сестрата пак и се чинело дека нејзината жртва е недоволно ценета... Чеховата судбина личела на гравираниот натпис на прстен: "За самотникот секаде е пустина."

СМРТТА...
Чехов не умеел да се штеди. Дури ни кога го изгубил здравјето, не се жалел. Како лекар знаел дека е неизлечиво болен и храбро ја поднесувал помислата на смртта. Со блиските не разговарал за опасната болка, која му ги кинела градите. Но, пишувал: "Во млазот на крв кој потекува од грлото има нешто злокобно, како во сјајот на пожарот". На почетокот на тогаш новиот 20 век, во 1904 година, патува за Германија во потрага по лек. Но, на својот пријател Телешов ќе му рече: "Одам да умрам"... Смртта доаѓа по него една јулска вечер. Лекарот Германец со цел да му ги олесни маките го моли да испие чаша јако вино. Чехов тогаш констатира: "Значи умирам"...

Погребан е на гробиштата кај Новодевичанскиот манастир во Москва. Конечно се остварува претскажувањето на Горки: "Кога ќе умре Чехов, ќе умре еден од најдобрите синови на Русија, паметен, праведен, кој ја сака и се соживува со својата земја. Русија ќе се затресе од тага и долго нема да го заборави и долго ќе се учи да го разбере животот токму од неговите книги осветлени со тажната насмевка на срцето полно со љубов".

Борче ГРОЗДАНОВ - Вечер

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1343
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1676
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

04/05/2024 - сабота

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКА САБОТА – Свеш. мч. Јануариј; св. мч. Теодор

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная