логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Мудрото слово Мисирково

 misirkov.jpg

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Во подготовка на академикот Блаже Ристовски, пред извесно време излезе од печат, во издание на МАНУ, вториот том од Собраните дела на Крсте Петков Мисирков. Колку за информација, веднаш ќе напоменеме, дека пред две години (во текот на 2005 година) беше објавен првиот том на Мисирковите „Собрани дела“, исто така во издание на МАНУ. Замислата на редакторот е едицијата да содржи вкупно шест томови: 1. Текстови на македонски јазик (1900-1905), 2. Печатени истражувања и статии (1898-1909), 3. Објавени статии и одзиви (1919-1926), 4. Ракописно наследство (истражувања, документи, писма и материјали), 5. Животот и делото на Крсте Мисирков 1 и 6. Животот и делото на Крсте Мисирков 2. Во предговорот кон првата книга од изборот приредувачот предочува дека „така претставено целокупното дело на К.П. Мисирков не само што ќе претставува панорама на македонскиот културно-национален развиток во еден клучен период од нашата историја, туку ќе стават крај и на разновидните употреби (и злоупотреби) на мислата и делото на Мисирков во последниве сто години. Македонскаа наука и' го должи тоа на македонската и на странската заинтересирана јавност, а македонскиот народ треба да ја знае полната историска вистина и за Мисирков и за себе“.

Постојаните факти говорат дека ние, Македонците, како општествена јавност која познава повеќе постоења на цели шеесет и две години континуиран и регуларен слободен развиток, еве, дури сега, во финалните години од првата деценија на 21. век почнуваме да добиваме целосна претстава за делото на гласовитиот идеолог на нашата национална самобитност! По се' личи кобната дистанца од еден век во користење на изворната фактографија за нашите претходници е неизбежниот ракурс на нашето самопознавање, па на овој план малку ни помагаат и знајбите од теоријата за забрзаниот развиток на општествата што доцнат со правовремена појава на историската сцена. Како и да е - тоа е што е!

Вториот том на „Собраните дела“ од Крсте Мисирков, објаснет содржински преку поднасловот „Печатени истражувања и статии (1898-1909)“ го расветлува почетниот период на Мисирковата научна и публицистичка актива и фрла широк сноп светлина врз стартот на нашиот национален пророк во светот на науката. Книгата содржи вкупно четиринаесет прилози, пишувани главно на руски јазик и делумно на бугарски. Прилозите се преведени на македонски јазик од Блаже Ристовски, Билјана Ристовска Јосифовска и Вангелија Десподова. Првиот текст е публикуван во текот на 19. век (1898) и го најавува раѓањето на визионерот што во лингвистиката, етнографијата и историографијата допрва ќе внесува во научната мисла на Словенскиот Југ недоумици и причини за горешти јавни расправи. Тоа е статијата „За значењето на моравското или ресавското подрачје за современата и историска етнографија на Балканскиот Полуостров“ - научното деби на Мисирков, негов старт во сферата на јавните ангажмани, со кои ќе ја исполнува идната прва четвртинка на 20. век. Прилогот е публикуван на руски јазик во списанието „Живаја старина“, кое излегува во руската престолнина, Санкт Петербург, уредувано од Владимир Иванович Ламански, иден негов духовен ментор и морален прикрепник. Потоа следат прилозите: „Можностите за решение на балканското прашање“, „Неколку збора по повод научната експедиција во Македонија“ и друго. Шест прилози му се посветени на рускиот конзул Александар Ростковски, убиен во Битола во почетокот на 1903-та година. Во блокот на статиите публикувани помеѓу 1898-1904 г. е вместена познатата расправа на Мисирков - „Економските причини за македонското движење“ и „За српско-бугарското братимство“. Вториот блок статии, вкупно пет на број, проблемски се поврзани со теми за потеклото на името Словени, за наставата по историја на Словените во руските средни училишта, за пограничните линии помеѓу бугарскиот и српско-хрватскиот јазик и народ, за основите на едно српско-бугарско зближување, а најголемата по обем и најпривлечна по содржина статија (од преку 120 страници) е „Јужнословенски епски преданија за женидбата на кралот Волкашин во врска со прашањето на причините за популарноста на кралот Марко кај Јужните Словени“. Статијата е објавена на руски јазик во Одеса.

Како вовед во вториот том од Избраните дела на Мисирков е објавен прилогот на Блаже Ристовски „Објавената истражувачка и публицистичка дејност на К.П. Мисирков“ (стр. 5-20), во кој ни се поднесени на увид факти од функционално значење за познавање на материјата што за првпат на македонски јазик се објавува. Во прилогот се даваат и поопшти дефиниции за научно-истражувачкиот профил на „визионерот на нашата сегашнина“ и за „идеологот на македонската современа нација и држава“, за „кодификаторот на нашиот денешен македонски литературен јазик и правопис“, за „најподготвениот македонски славист и прв национален комплексен истражувач на македонската филологија, историја, етнографија и фолклор“, воопшто човекот кого што Македонија, за жал, се уште целосно не го познава...

Бездруго, формулациите (издашни и штедри) на приредувачот на изданието, Блаже Ристовски, со призвук на јавни комплименти и елоквентни суперлативи, воопшто не се никаква вербална пренагласка, имено поради најобичниот факт што до денов - денешен Мисирков поцелосно не ни е достапен. Академикот Блаже Ристовски, гласовито име на македонската современа народонаука и културологија, извесен како долгогодишен и суверен познавач и проучувач на животот и делото на Крсте Мисирков (1874-1926) го продолжува објавувањето на интегралниот книжевно-историски и публицистички опус на идеологот на македонската нација и првиот најсестран коментатор и толкувач на историскиот развиток на македонската нација. Издавањето на вториот том од Мисирковите „Собрани дела“ е уште една светла точка во серијалот на тие негови перманентни напори да ни се доближи како практичен компендиум Мисирковата мисла. Годинава 2007-ма, бездруго, ќе остави бликотна и блескотна трага во посестраниот зафат нашето време и средина да му се оддолжат поосмислено и поорганизирано на Пророкот од Пела: Фондацијата на филантропот Велија Рамковски му подигна среде Скопје монумент (дело на скулпторот Боро Митриќевски), го објави делото „За македонцките работи“ во голем, енормен за наши издавачки услови тираж од преку 50.000 примероци, а Државниот архив на Република Македонија ги објави „Писмата на Мисирков“ од периодот 1912-1917 година, откриени во руските архиви од страна на историографот Растко Терзиоски (Скопје, 2007, стр., 278). Изданието е билингвално (на руски и македонски) и раскошно ни ги збогатува знајбите за Мисирков.

Пасионираната посветеност на академикот Блаже Ристовски во проучувањето на животот и делото на Крсте Мисирков трае повеќе од пет децении и претставува уникатен, единствен во својот вид, исклучив и недостигнат, недосежен и неспоредлив пример и образец на сестрано, системно и континуирано истражување, кое долго и долго ќе самее во тековите на современата наша научна мисла како апсолутен творечки дострел и врв. Сето тоа ни влева силна надеж дека набргу ќе го дочекаме целокупниот Мисирков како знајба што ќе ни ја врати вербата во историската оправданост на нашето постоење.

извор: „Утрински весник“



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная