логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

sanktus.jpg

За изложбата „Санктус“ на митрополит Методиј Златанов во „Мала станица“

ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ

Прашање е колку проектите (не само) од овој тип може да се подведат под вообичаената одредница „изложби“ - поим што кај нас некако стекна толку широко „граѓанско право“ (па дури и се вулгаризира!) што ја загуби вистинската смисла. Тоа апсолутно го потврдува и најновиот проект на Митрополитот Методиј Златанов, упатувајќи не повеќе на истражувачките аспекти на „семантичките вредности на универзалните јазици“, на интермедијалноста и интертекстуалноста, на „можностите на јазикот на симболите и неговата хиперсемантичност“... Но, од друга страна, овој проект на Митрополитот Златанов колоквијално наречен „изложба на визуелна поезија“ е и за гледање односно допушта / истражува и чисто визуелни сензации, па повторно го амнестира поимот „изложба“.

Како и да е, македонската средина нема големи искуства со т.н. визуелна поезија. Особено не визуелно експонирана / презентирана на начин како што тоа го прави Златанов. Едновремено македонската средина нема големи искуства и со свештени лица во улога на уметници / визуелни творци, што пак на овој проект му дава дополнителен шарм и специфична тежина. Сепак, Митрополитот Златанов е веќе етаблирана (авангардна) уметничка фигура на македонската (неконформистичка) сцена, со веќе богата творечка биографија (почнувајќи од 1986), главно во доменот на презентацијата на неговата визуелна поезија.

Роберт Алаѓозовски - авторот на предговорот во каталогот - го именува овој проект на (поетот) Златанов како најнов во неговиот „поетски корпус“. Поточно, базата на целиот проект беспоговорно е поетска, музичко - музиколошка, а жанровски го акцентира реквиемот како претекст за интермедијална синтеза на литературата, визуелната уметност и графичкиот дизајн. Но, едновремено, мора да се потенцира дека самата суштина на проектот се пронаоѓа во реквиемот не само како музиколошка форма / жанр туку како напластување на божествените музички традиции - латинската, православната, на културолошки традиции итн. Или, во одреден степен, целиот проект на Златанов е доста херметично поставен, односно неговото следење бара широки предзнаења од повеќе области.

Но, во случајов, а бидејќи проектот е именуван (и) како „изложба“, може да се посматра и („исклучиво“) како визуелни графизми - графички „структури“ на бела основа, компјутерски генерирани графички (нотни) записи комбинирани со (за многумина) загадочни текстуални кодови. Во ваков контекст (не само) овој проект на Златанов уште еднаш упатува на авангардната ликовна традиција од почетокот на минатиот век - особено руската авангарда, на брилијантните остварувања на футуристите и конструктивистите (на пр. Ел Лисицки), на споевите на ликовното и поезијата (Мајаковски, Хлебников, Пуни ...), на делата од работилницата УНОВИС, на некои искази на Мајаковски во „Писмото за футуризмот“ (1922): „да се револуционизира синтаксата ... да се обнови семантиката на зборовите и групите зборови ... да се искаже плакатноста на зборовите итн„. Во секој случај уште едно несекојдневно доживување на харизматичниот Митрополит Златанов, исказ што враќа надежи во македонските творечки можности.
 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2670
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2807
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1464
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1650
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/07/2026 - понеделник

+Собор на Светите славни и сефални апостоли; Блажениот принц Петар; Преп. Георгиј Иверски; (Павловден);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная