Слово на игуменот на Бигорската обител,
Архимандрит Партениј, од хилјаду и петстотин и некое лето
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
Коде ли сега ќа се покајуваме?
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
Сосе иконите, книгите, ќелиите...
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
Коде ли сега ќа се исповедуваме?
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
А мие со манастирот едно сме...
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
Коде ли сега ќа се причестуваме?
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
И срцата наши со него изгореа...
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
Коде ли сега ќа се подвизуваме?
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
И мие со него изгоревме...
Браќа...
Ни изгоре манастирот наш...
Коде ли сега ќа се упокојуваме?
Браќа...
Манастирот наш ни изгоре...
На денот на маченичките свети...
Вера, Нада и Љубов... и Софија...
Браќа...
Да се Богу сесрдно молиме...
Да не даруват со вера, надеж и љубов најглобока...
И мудрост највелика...
Браќа...
Да не очајуваме...
Браќа...
Господи...
Пишува: Атанас ЧУПОСКИ
Извор: Форум