логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Неприроден збороред, нередактирани преводи, неконтролирано преземање зборови од англискиот јазик беа дел од десетици примери што наши лингвисти вчера на трибина во Институтот за македонски јазик ги посочија како најчести нарушувања на јазикот во електронските и во печатените медиуми. На средбата, која под наслов „Македонскиот јазик и средствата за јавно информирање“ се одржа во рамките на Годината на македонскиот јазик, учествуваа професори од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, книжевници, лингвисти, студенти. Повеќето од лингвистите истакнаа дека грешките и нарушувањата во јазикот се случуваат зашто во медиумите денес не се почитуваат статусот и мислењето на лекторите, како и дека некои јавни гласила и воопшто не ангажираат лектори.Лилјана Макаријоска, директорка на Институтот за македонски јазик, рече дека преку неправилна употреба на јазикот во медиумите негативно се влијае и врз јазикот што го зборуваат граѓаните. Постојат многу недоследности во употребата на јазикот во медиумите, а знаеме колкаво е нивното влијание во креирањето на јазичната култура кај нас. Јавните гласила треба да покажат поголема свест и грижа за тоа како се влијае врз луѓето. Треба да го сакаме и заштитуваме јазикот. Тоа е наше право и наш долг - рече Макаријоска.Томислав Треневски, од Филолошкиот факултет, апелира да престане неконтролираното преземање странски изрази, зашто со нивното ширење преку телевизијата и печатот се губи идентитетот на нашиот јазик.

- Со механичко пресадување туѓи елементи, му се урива ‘рбетот на јазикот. Стихијното и претерано преземање на странските изрази има уривачки тенденции и води кон варваризација на јазикот. Сведоци сме дека во јавните гласила често се случува слепо преземање зборови од други јазици. За да се спречи тоа, неопходно е да се преиспита каков е статусот на лекторите во медиумите - рече Треневски.Тој додаде дека најчесто во јавните гласила се појавуваат и отстапки од правилното акцентирање, неправилно редење на зборовите, како и формирање вештачки зборови.Снежана Велковска, од Институтот за македонски јазик, негодуваше зашто повеќето од електронските медиуми воопшто немаат вработено лектори. Додаде дека во некои медиумски куќи лекторите се соочуваат и со закани со отказни решенија ако се спротивстават на прекршувања на јазичната норма што ја прават некои главни уредници или сопственици на јавни гласила. На присутните им се обрати и Александар Петровски од Институтот за македонски јазик. Тој презентира свое истражување на текстови од повеќе печатени медиуми, при што истакна дека во секој дневен весник се појавуваат повеќе стотици зборови што не се карактеристични за нашиот јазик.

(Т.О.)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2111
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2627
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

17/01/2025 - петок

Собор на Светите Седумдесет aпостоли; Евнухот на царицата Кандакија; Преп. маченик Онуфриј Хилендарец;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная