Среда, 05 Октомври 2016
Изложбата е замислена како можен поглед на некои од идеите кои биле негувани во сликарството во првата половина на 20 век – идеи поттикнати во Европа, но докрај спроведени и обликувани со локален, домашен, српски пристап ...
Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите синоќа беше отворена изложба насловена „Европски контексти“ со дела на четворица српски уметници – Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут. На изложбата, покрај многубројните гости и љубители на уметноста присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и заменик-министерот за култура Драган Надељковиќ.
Изложбата е замислена како можен поглед на некои од идеите кои биле негувани во сликарството во првата половина на 20 век – идеи поттикнати во Европа, но докрај спроведени и обликувани со локален, домашен, српски пристап.
МАНУ ја организира изложбата во соработка со Галеријата на Матица српска, Српската академија на науките и уметностите и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија.
Извор: Министерство за култура на РМ