ВО ВЕЛЕС
Изложба "Папрадишки мајстори"
Во ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела создадени на годинешната ликовна колонија Папрадишки мајстори" што ова лето се одржа во спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов Џинот и на Касапови. Триесетина уметници, колку што учествуваа на колонијата од Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Македонија се претставија со педесет дела. Изложени се слики од надалеку познатата стара велешка архитектура, пејзажи од топлото македонско поднебје, резби на дрво и извајани ликови на камен.
Изложбата ќе биде отворена во наредните десет дена. Делата од ликовната колонија годинава, во рамките на претставувањето на сликарско-копаничарската традиција од Македонија, беа достапни и за љубителите на уметноста од Сплит, Загреб, Риека и други градови од Хрватска.
(С.А.)-Вечер