логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(03.11.2007)

Проф. д-р Љубинка Басотова е класичен филолог, долгогодишен редовен професор на Филозофскиот факултет по предметот латински јазик, сега во пензија. Моментно е претседател на извршниот одбор на Македонски духовни конаци. На македонски има преведено над дваесетина книги од латински и хеленски јазик, меѓу кои и капиталните дела на Кикерон, Еразмо Ротердамски, Свети Августин, Вергилиј, Кајсар, Лукретиј, Хоратиј... Добитник е на државната награда "11 Октомври" за преведувачка дејност, на високото признание за целокупен опус "Кирил Пејчиновиќ", како и наградите "Григор Прличев", "Ванѓа Чашуле". Во научните кругови, Басотова е позната и како иницијатор на преводите на петте антички извори за Македонија, од кои два преведе самата.

Вашата етимолошка линија вели дека Александар Велики е Македонец. На кои автори се повикувате?


- Зошто Демостен, хеленската гордост и слава, за таткото на Александар Македонски жестоко ќе извикува на атинската агора дека Филип: "... не само што не е Хелен, не само што не им е близок ни роднина на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се кажало нешто убаво, но е Македонец - гибел и Македонец - злодеец" (Демост. Трет говор против Филипа, гл. 31)

- Зошто кај Плутарх читаме како Александар извикува дека "Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови", правејќи притоа (и не само таму) јасна дистинкција меѓу овие два етноса?(Плутарх, Споредбени животописи: Александар)- Нашите соседи ставаат знак на равенство меѓу Хелените и Македонците. Ние прашуваме: ако Македонците биле Хелени, и историјата на Македонија е историја на Хелада, зошто предокот на Александар III Македонски (кој во антиката токму така е нарекуван, а прекарот Велики го добил многу подоцна) Александар I (480 г. пр. Хр.) бил наречен Филхелен ("оној што е пријател со Хелените, што ги љуби Хелените")? Зошто би бил Филхелен, ако бил Хелен?

Тврдите дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Станува ли збор за два различни јазика, за дијалекти, или...?



Ако Македонците биле Хелени, тогаш тие би зборувале ист јазик (или барем некој хеленски дијалект). Но изворите експлицитно ни укажуваат дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Кај Плутарх читаме (кавгата меѓу Александар и Клит), како Александар им се обраќа и ги повикува своите штитоносци "на македонски, што било знак за голема вознемиреност".Дека Хелените не го разбирале македонскиот јазик ни сведочи и Куртиј Руф (Историја на Александар Македонски, кн.VI, гл.9); пишувајќи за судењето на Филота, Александар го прекорува Филота што нема да се брани на мајчиниот (македонски) јазик, зашто овој претходно изјавил дека ќе се брани на јазикот, на кој и тој (Александар) зборувал секогаш кога сакал сите да го разберат; од ова јасно произлегува дека не сите присутни го разбирале неговиот мајчин, т.е. македонскиот јазик.

Вашата размисла за грчкиот став на ексклузивно право врз името Македонија, со што историјата на оваа земја всушност е нивна, хеленска?


Наводно, тие имале ексклузивно право на името Македонија, зашто историјата на оваа земја била нивна, хеленска историја. Е, ајде да видиме дали е баш така и кој е тој што присвојува туѓа историја. Како прво, ги прашуваме нашите соседи, кога тоа државата Македонија била исто што и Хелада, односно, нивните полиси, зашто во антиката нивните предци, Хелените и не биле баш некој државотворен народ, за разлика од Македонците, кои имале не полиси, туку држава. Или, ако е јасно дека Филип, откако ги покорил Хелените, се обидел да ги обедини преку Коринтскиот сојуз, дека тој се прогласил за хегемон (вожд) на тој сојуз и со тоа ја наметнал македонската доминација врз Хелените, дека по неговата смрт тоа место го зазел неговиот син, Македонецот Александар, ако е јасно дека историјата на државата Македон не е историја на Хелада, иако во воените походи на македонските владетели учествувале и Хелени (а учествувале и други етноси), тогаш, кој е тој, што присвојува туѓа историја?

За посебноста на стариот македонски етнос?


И други антички извори укажуваат на посебноста на македонскиот етнос и држава (Ливиј, Страбон, Диодор Сикулски), која по смртта на Александар опстојува сѐ до освојувањето на Македонија од страна на Римјаните до средината на вториот век (146 г.) пред Христа, кога станува римска провинција Македонија. Римското владеење на овие простори, (подоцна како Источно римско царство, чии поданици во историските извори се нарекувани Ромеи, т.е Римјани,) трае сѐ до паѓањето на Константинопол (1453 г.) и освојувањето од Османлиите, кога териториите од Ромејското царство и народите што го населувале (а ги имало преку 40) стануваат поданици на Отоманската империја, вклучително и Македонија. Hoc dicendum et demonstradum est (Ова треба да се каже и да се покаже).

На што работите сега?


Сега го подготвуваме вонредниот број на списанието "Портал", во кој ќе бидат презентирани делови од студии за Античка Македонија од најголемите познавачи на историјата од ова време. Ќе има народни преданија, Александридите, 33 песни посветени на Александар Македонски (колку што имал години кога починал)... Дејан Трајкоски
фото: Н. Батев

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная