логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


САШКО НАСЕВ, ДРАМСКИ ПИСАТЕЛ

Драматургот да биде столб во театарот

Театарот е медиум кој со претставување на праизведби не само што овозможува развој на домашниот театар туку е еден од столбовите на кои почива јазичната култура на еден народ

Речиси ниеден негов текст не поминал незабележително во македонските театри и не само тоа - претставите работени според делата на Сашко Насев редовно ги полнеле гледалиштата. Доволно е да се потсетите на „Грев или шприцер“ или „Чија си“, „Магдо, љубов моја“, „Доле влада“ и ќе ви стане јасно претходно кажаното. По шест години, во Македонскиот народен театар негов текст доживеа праизведба - „Така било пишано“ на режисерот Синиша Евтимов. Со него поразговаравме во очи големиот христијански празник, за кого вели дека иако Божик директно не се јавува во неговите драми, е дел од спомените.

- Сите оние театралности поврзани со божикните празници, коледарството, кршењето на лепчето со паричка, доаѓањето на весели деца што пеат песни на врата, сето тоа сигурно е моќна слика во мојата драмска меморија. Од таа страна веројатно провејува некој дух на таа божикна емпатија што детето кое некогаш било јас ја користи како драмска слика и етика во драмите што ги создаваме денес.

l За наслов за Вашата последна драма избравте фразеолошки израз што често го користиме. Зошто баш „Така било пишано“?

- Зашто тоа е добар наслов. Драмата претставува единство на дејство, простор и време, а принципот на создавањето на драмата е теза, антитеза и синтеза. Подобар состав од три збора од така било пишано не можев да смислам. И на крајот на краиштата, сите ликови во претставата се наоѓаат на некој меѓукат, па сепак, да му допуштиме малку и на времето да ни каже што ќе се случи. Не сум човек што мисли дека треба да правиме спектакуларности од наслови. Постои едно старо правило - насловот е добар ако во три збора ја каже самата приказна.

Мајсторски одиграни улоги

Ако се знае дека речиси секоја Ваша претстава е хит, каков живот ќе има Вашата последна претстава?

- Застапник сум на тезата дека театарот е многу моќна духовна и авторска забава пред с`, но не во вулгарна смисла. Театарот е чин во кој публиката доаѓа да погледне нешто што е сместено во ограничен простор, бара билет, па има одредени правила на однесување. Во естетска смисла на зборот, презадоволен сум од мајсторските улоги на актерите, а и од скопскиот урбан рокенрол во претставата. Мислам дека ќе се игра. Моите драми во принцип играат многу. Тип на ваква драма изведена со ваква екипа во вистинска смисла на зборот ги поместува објективно, а понекогаш и неприродно наметнатите естетски очекувања што треба да ги имаме. Оваа драма е добра онолку колку што во овој момент се добри нашите симит-погачи. Во секој случај, ќе биде подобра од состојбата со затворените базени, зашто македонскиот театар е еден од брендовите со кои излегуваме надвор од земјава. Пред с`, би сакал да биде репертоарна, не очекувам да направи некаков отскок. Претставата за мене е како добар ресторан каде што храната се јаде со добар сребрен прибор и не се меша со лути пиперки по секоја цена. Првите пет-шест претстави се распродадени. Не се сомневам дека „Така било пишано“ ќе има вистински сценски живот.

Во претставата играат Велинов, Симонов, Шијак, Митковски, Спасов-Дац. Ги имавте ли на ум можеби актерите што би сакале да ги толкуваат петте ликови од драмата?

- Напротив, првата задача што им ја кажувам на моите студенти е никогаш да немаат во глава кој актер би ги глумел нивните драми. Тие мора да имаат карактери со свои лични карти и да внимаваат што ќе се случи со нив и тогаш кога не се присутни на сцена. Во случајов имаме различни карактери, кои имаат свој заеднички именител. Лично, зашто станува збор за праизведба, се радувам што играат овие актери, но најважно е прво ликовите да се полнокрвни и да им овозможуваат на актерите да ги изнесат на сцена. Не постои друго изразно средство моќно како актерот. Добро е да имате здрав карактер, живот и кога го има и го нема на сцената, актер кој ќе знае да изведе карактер и ќе ве убеди дека во животот не треба да се однесувате како тој на сцената, секој автор сака да ги види оживеани тие светови.

Во театарот почива јазичната култура

Во последните неколку години с` почесто ни се случува јазикот во претставите да не е чист или буквално јазикот ни се качи од улица на сцена. Тоа не беше исклучок и во „Така било пишано“. Го заборавивме ли убавиот литературен збор?

- Секој лик во претставата треба да го зборува соодветниот јазик за неговиот карактер. Кога ги создавам драмите можеби на ниво на синтакса употребувам некои соодветни форми за моето поимање на ликовите, но сленгот се создава на сцената и не е реално напишан. Домашна драма и нејзина праизведба во секој театар е чин пар екселанс. Ако таа домашна драма се изведува на домашниот јазик, тоа е веќе зачувување на јазикот. Ако е жанрот трилер, не можеме да користиме поетски говор, ама кога требало, на пример, кога сме работеле дело од Прличев, тоа сме го правеле. А кога имаме такви маргинализирани ликови како во „Чија си“ или „Грев или шприцер“ се бара и таков говор. Тоа ни малку не се разликува од чикашкиот говор во драмите на Дејви Мемет, на пример. Се трудиме јазикот не само да го зачуваме, туку и да го надградиме - да ги замениме строгите правила на употреба на предлози и глаголи со што повеќе глаголи и дејство. Но, пред с`, тие да имаат функција во основната идеја на драмата. Мојата драма „Магдо, љубов моја“ има совршен македонски литературен јазик, но „Чија си“ го има јазикот на периферијата. „Така било пишано“ има урбан јазик кој соодветствува на времето и епохата. За среќа, нашиот јазик напредно се развива и е природно споен со сите јазици што се во нашето природно опкружување. Има и интровертна природа, што ни овозможува како автори попрецизно да ги дефинираме нашите ликови. Не можете Д-р Хаус да го натерате да зборува на шекспиријански јазик. Јазикот во „Диво месо“ на Горан Стефановски е извонреден дебармаалски јазик што се користел во 40-тите години во Скопје. Ако го земете преводот на Бранко Варошлија на „Среќна Нова ‘49“ ќе се соочите со совршен јазик што се употребувал за тој историски период. Од трета страна, пак, имате совршен јазик кај „Црнила“ на Чашуле. Театарот е медиум кој со претставување на праизведби не само што овозможува развој на домашниот театар туку е еден од столбовите на кои почива јазичната култура на еден народ.

По пет-шест години, колку што Ве немаше на македонската театарска сцена, како Ви се чини нашата сцена?

- Театарот ни се наоѓа на крстопат и се случува природна промена на генерациите - актери, режисери, друг тип организација. Поинакви амбиции. Бидејќи сум застапник на тезата дека Македонија има добар театар, тоа го тврдам сега и ќе го тврдам понатаму. Има специфично актерско милје, големи автори кои се релевантни. Дејан Дуковски е еден од најдобрите наши брендови, Билјана Гарванлиева снима одлични филмови, а за Стефановски да не зборувам. Треба да имаме повеќе праизведби во секој случај. Среќен сум што две наши студентки, Ана Ристеска и Катерина Момева, веќе имаа свои професионални дебија. Мислам дека нештата веќе се етаблираат. Но, нешто мора да се смени - на македонските национални театри им требаат професионални драматурзи и тоа многу повеќе од некои други профили, зашто тие ќе ги читаат современите драми по светот, а второ ќе учествуваат во создавањето на репертоарите и ќе се борат од домашните праизведби. Ние веруваме во домашна стоматологија, здравство, индустрија на ајвар, вино, тогаш не знам зошто да немаме драматурзи во нашите театри. Ако некој сака да зборува за репертоарот на театрите, пред с`, треба да консултира драматург. Веќе имаме 17-18 драматурзи, а се отворија и постдипломски студии. Гарантирам дека три до четири изведби на „Така било пишано“ ќе ја одработат годишната плата на драматургот во еден театар. Драматургот е столб во развиениот театарски свет. Кога ги правев моите први драми во Драмски театар, таму драматург беше Богомил Ѓузел. Унковски, Милчин, Стефановски биле драматурзи, а и моја исконска желба беше да бидам драматург во некој театар. Мора да се избориме за таа позиција.

Сребра Ѓорѓијевска - Дневник



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная